тргнува (гл.) - настрана (прил.)

Полека да крка на спуза сѐ додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Пожар! - Пожар! - викаа луѓего и се тргнуваа настрана за да им направат пат на пожарникарите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта; сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој вика и пцуе на албански кога некој не ги извршува неговите наредби, Едни во камионите, други во купови го фрлаат оружјето и се тргнуваат настрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)