треба (гл.) - некој (зам.)

Тоа излезе од проста причина што требаше некој настан да се врзе за некоја личност и јас ги зедов оние имиња што ми паднаа во моментот на памет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разбраа и кај Рожденкини, но требаше некој да потврди со своето очевидство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но треба некој да му помогне. Сам човек за никаде не е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога беше во друго село, требаше некоја да ја замени и Марија и Ќосото, кого почна да го распоредува на конак со другите четници, а не со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, како така, бацко Толе, ами роднина сме! — почна да се брани Ѓурѓа, знаејќи ја Неда како негова посестрима и расипана девојка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Еј, Стојанчо, - му велеше дебелата комшика Цона, - разврти се малку околу себе, момче, види го - девојчено вене, треба некој да го полее.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ми треба некое помирно место за учење. Би ми одговарало приватно сместување. Плус, би биле и поблизу и би се гледале почесто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Патем речено,“ рече Ризо, „Пјерс те бараше вчера но го смував со некоја приказна дека бараш некој дел за Те-це-це. Ми требаше некое време да ми текне каде исчезна.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Толку ми треба некоја мала утеха во оваа безизелзност во која се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа понатаму ќе биде уште помалку можно, зашто веројатно и јас ќе дојдам во слична положба, така што можеби мене ќе треба некој да ме растоварува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби би отпатувал во Истанбул, но ми требаше некоја посигурна трага до можните извори таму.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ни треба некое чувство на сигурност па сакаме да заштедиме пари за старост, а во меѓувреме требаат пари за чеиз за ќерките, за свадбата на синот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На Едо пак му требаше некое време за чудење додека најпосле не успеа д промрмори: „Што ти...Зарем не мислиш!...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Алчно племе сме. Треба некој да не слика кога ќе седнеме сега на софра.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
БАЈАЧКАТА: Што вели докторот? ВЕРА: Вели лежи девет месеци. БАЈАЧКАТА: А ти? ВЕРА: Треба некој да гледа куќа девет месеци.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Под насловот што игра со зборови „Б+, стегни се помашки“ (“B+ Could Try Harder), ССО во уводникот го смета предметот за смешно академско присвојување на една заедничка машка геј- практика и имплицира дека на геј- мажите не им треба некоја стручна поука за тоа, најмалку од факултетски професори – можеле сосема добро и самите, фала многу.24
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми треба некоја пара за мастраф на куќата; нема од друго место од каде да се фати – им велеше Даут на колегите и ги фалеше воловите: – Не се волови – ангели, што ги викаат каурите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што се однесува до вештерките и самовилите, на Дедо Мраз не треба некој ум да дава.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но таа уште не беше напишана. Требаше некој да ја напише.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Мислам, би требало некои делови да ви ги прочитам: - Во нашиот град ниту загрижените еколози, ниту посебно ангажираните работници на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ не можат да ги отстранат и исчистат ѓубриштето и дивите депонии што никнуваат насекаде низ градот, во неговата околина и покрај јавните патишта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)