треба (гл.) - ништо (зам.)

Не треба ништо да ти даде Апостол Макаровски, доста е да ти вети.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ама немаме пасоши, свиденија, никакво книже, оти ние знаеме дека ќе влеземе во слободна Македонија и дека не ни треба ништо и кој ќе те претресува во слободна земја и ги фрливме пасошите од бродот, во морето, ура, викаме, скокаме на бродот и ги фрламе пасошите во водата, радост голема, човек во радоста поулавува и пасошите летаат во водата, а улема риби се збираат околу пасошите, цели јата риби ги тргаат наваму натаму, небаре ги читаат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Готово е, си велам, можеби не требаше ништо да му велам на Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)