треба (гл.) - никаков (прид.)

Нам не ни треба никаква култура, нам ни треба божјата маст.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Правеше милијарда мали и големи планови: сакаше да отвори фарма на печурки, оти за тоа, велеше, не треба никаква инвестиција, а во куќата на дедо му имало и онака доволно влага; правеше секакви планови и само мене ми ги покажуваше, а од секој план требаше да произлезат многу, многу пари.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тароти, гравови, лаптопи, а богами има и такви на кои не им требаат никакви реквизити туку само што ќе ви го чујат гласот ви прогнозираат 30 години унапред шо ќе ви се деси.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Многу сакаше пустиот професор од своите студенти да направи дијагностичари како него; колку за мана не требало никаква ука, доста е и буката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од 1970-тите наваму, ако не и од порано, геј-мажите имаат обичај да прават злонамерни генерациски споредби помеѓу геј-момците што се тинејџери или што имаат дваесет и некоја година – современите, ослободени, просветлени, напреднати, „сосема нераспознатливи од стрејт-момците... [и] крајно спокојни што се геј“ (како што напиша Ендру Холеран во 1978 г.), кои сосема добро си се вклопуваат во главнотековното општество, кои никогаш не доживеале хомофобија меѓу врсниците, кои не се гледаат себеси како припадници на никаква геј-заедница и на кои не им треба никаква геј-култура, од една страна, и три-четириесетгодишните (или дури и постари) геј-мажи, заглавени во некаква фанатична верност на некаков демодиран, застарен вид геј-култура, убедени дека тоа е единствената геј-култура што постои, задолжителната култура на секој што, ете, е геј.42
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што е уметноста, тоа го знае само Господ.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одговара за улога на кавгаџика и немтур-слугинка, но сега гледам дека таква рекомендација не можам да ви дадам. 198 Margina #17-18 [1995] | okno.mk МАРФА: Мене и не ми треба никаква рукомандација од вас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нам не ни треба никаква култура, нам ни треба божјата маст.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)