треба (гл.) - допрва (прил.)

Мајка, навикната на неговиот ноќен разговор со книгите, тоа го толкуваше како израз на семејната среќа што требаше допрва да настапи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тогаш пак застануваше до некое стебло, си го смируваше полека сѐ поулетнатиот здив, а ако не гледаше зад себе, тогаш неговите очи ќе беа зачекнати напред, по угорницата, што требаше допрва да се преборува, допрва да се кутнува и да се остава, опорито и неизбежно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овие тоа сами го правеа, само одеа во полето, сами окосуваа малку `рж, а јажици сѐ уште немаа, требаше допрва да се направат, од штотуку окосената `рж, сноповите ги врзуваа со ортоми и на набодни ги пренесуваа во дворовите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лежеше; неговиот сандак беше празен и неговото тело беше скапнато, а тој беше притивнат и уплашен од тоа, со оние скржави и полугладни оброци за сите денови, што требаше допрва да дојдат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој требаше допрва на себе да сети дека вистинската љубов гони кон дело, и лага е дека е вистинска онаа љубов што ќе остане за сите скриена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)