треба (гл.) - најмногу (прил.)

И тогаш според неговата логика, требаше најмногу да се внимава во вителот на неизбежните војни, во создавањето на новата империја, во револуционерните вознеси на новите генерации во подем, кои на крајот се соочуваа со енигмата на владеењето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Метафората на лавиринтот во балканската историја требаше најмногу да му помогне да проникне во генезата и смислата на трајното пресоздавање на балканските граници, како хронична мистерија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нејсе, се доближувавме до границата. Само Гури Порадеци, семејниот побратим, знаеше добро каде се минува границата. Тука требаше најмногу да се внимава.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)