треба (гл.) - повеќе (прил.)

Наречниците разбираат и шо мисли човек, не само шо зборуа, та една од виа мојте да го вати, не му треба повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Митрета не му требаше повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Атеш чуџуклер. Живи да се фатат овие пезевенци. Не требаше повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми се биат шега и велат дека со глава ѕид не се туркал. Море да видиш како се турка., ама требе повеќе глави да се поискршат, да видиш како ќе се турне!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти си млада, па би требало повеќе да се плашиш од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој земаше толку за да може да мине едно деноноќие, а и зошто повеќе да ја натрупува, торбата - треба да остави нешто и за својот собрат, а и не му треба повеќе, и утре, пак кај „Халите“, ќе има „продукти“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не треба повеќе. Старост, грдост.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сум го поминал ја моето.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сум го поминал ја моето. Не треба повеќе. Старост, грдост.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Претпоставув дека го имаат предвид остварувањето на некаков развој на секое место откога ќе добие вода, ќе се изгради некој објект, фарма или слично, и така секогаш ќе треба повеќе и повеќе вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знаевме за повеќе и не ни требаше повеќе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ваквото непречено течење на работата траеше сѐ до крајот на месец ноември 2002 година, кога всушност се јавува и проблемот со којшто С. С. веднаш решава да се соочи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, во овој период, тој добива неочекувано Известување бр. 02-6842/1 потпишано од тогашниот нов Министер за одбрана, во кое се вели дека тој не треба повеќе да доаѓа на своето работно место и како основ на 54 таквото известување беше наведена одредба од тогашниот ЗРО (1993).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Многу си вредна, ама малечка си и треба повеќе да јадеш, - ѝ рече чичкото, гледајќи ја со топла насмевка.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Иглата му се слизнува од прстите, ги прескокнува рабовите на абата каде што треба повеќе напор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се учам да чекам и да ми треба повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ааа, сепак, значи, ја послуша мама, - си помислив, споменувајќи си на советот што таа му го даде пред малку, - велиш треба повеќе да се разговара со децата, а? - се насмеав во себе задоволно.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Овој свет не ми е достатен за да престанам да сакам љубов моја: само за него ми треба повеќе од еден живот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Многу си вредна, ама малечка си и треба повеќе да јадеш, - ѝ рече чичкото, гледајќи ја со топла насмевка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Болеста е, се чинеше, лесна, ќе му мине како порано, но тој еден ден кога Мил му донесе во одајата чај, му рече: - Не треба повеќе синко... Јас си одам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Треба повеќе да се сади, да се јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Знам, знам. Но ако се градите требаше повеќе кај Ек, не кај Шулц“, го посоветува чиновникот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Да, градите и мокрота, потоа нема мокрота и градите и не можам да дишам... и знаете...“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)