треба (гл.) - порано (прил.)

Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И таа како дедот Петка: намириса дека Митра е запалена за оваа работа и почна да тврди пазар: — „Та. .. којзнае, невесто Митро, дали ќе ми најдеш тоа шо треба; та . . . ногу време сака да помине; ја... требало порано да дојдеш; којзнае дали ќе можиш да платиш“, — и триста други маани си наоѓаше. И за неа „ништо не сака“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Како! Требаше порано да ми кажете, не вака апансаз, неподготвена...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас и Бил се согласуваме речиси во сè, освен во една работа: тој смета дека неодамна требаше да ја викне Кери Вошингтон како гостин во своето шоу, додека јас мислам дека тоа требаше порано да му текне и почесто да му текнува, барем до промената на власта (во Бушовиот режим Кери е лута опозиционерка, а лутината преубаво ѝ стои).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Коцките се наместија во тој момент, но требаше порано да се случи тоа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А и самиот еднаш е измамен, оставен, требаше порано да станам, да ја врзам сината кравата, да им појдам в пресрет на дрворедите. Едноставно, без патетичност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
МИТРЕ: Бреее, како трупои сме позаспале! А требаше порано да станеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дури е и поминато, требаше порано, пред сонце да излезам од кај тебе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ќе треба порано да се вратам, милата баба да не се загрижи, да не би да тргне по мене.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
БАЈАЧКАТА: Требало порано да дојдеш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нешто студено ми се придвижи низ стомакот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Тоа требаше порано да го направиш, - со ист тон, како некој судија ми одврати Мони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Најдобро ќе е да ме нема. „Утре ќе имаме проба.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вежбата треба да се научи,“ реков, станав и го дрпнав Влатко. „Музиканти!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Седевме занемени а тие двајцата напрчени пувкаа. „Треба порано да се приберам...“ рече Ташко и стана да си оди.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако не сакаш дебела жена, тоа си требало порано да мислиш, кога си се одлучил да ја земеш...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)