треба (гл.) - постојано (прил.)

Не е во прашање само тоа што говорите, статистиките и документите од секој вид треба постојано да се ажурираат, за да се покаже дека предвидувањата на Партијата во сите случаи биле точни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сакаше мигум да го запраша чуму му се овие книги, но Татко продолжи: Кога ја читав твојата Книга Книга за спасот спасот на детето, мене ми се будеа асоцијации за лавиринтите чии излези треба постојано да се откриваат на нашиот заплеткан Балкан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имале право што не ја „играле” тетка ми Оце, си реков, да ми е Дена сестра и да треба постојано со неа да се маткам, ќе пукнам од досада. ***
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вечерта, тамам се смрачи, мајка ми го запали огнот во каминот и трите испоседнаа околу него, весело разговарајќи си нешто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тука треба да ми е доста чисто, мислеше, треба постојано да држам чисто и средено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На луѓето треба постојано да им се приближуваш човече, - мислеше сега, сеќавајќи се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И згора на тоа, се изнесуваше во написот, Патрик Крисман, кој, за својата безбедност треба постојано да живее чуван најмалку од двајца полицајци, минува еден дел од своите ноќи во преведување автори од Македонија и од Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш, дали како во случаите на Босна, Хрватска, Србија, ќе имаме секојдневно одгласи за разурнувања, пожари, масакри?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, бидејќи е исто така по дефиниција и простор на исклучување, ова претставување (и правото на него) треба постојано да биде повторно докажувано.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јавниот простор е простор за претставување, каде хетерогените општествени групи отворено го покажуваат/докажуваат/бранат својот идентитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Создавањето на простори на ред, одмор и спектакл во кои секоја интеракција е внимателно испланирана, ја исклучува можноста за непосредна општествена интеракција којашто е толку битна за демократијата и води кон поголема контрола над производството и користењето на јавниот простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Истовремено, сè 69 поголемата „ерозија на некорпоративниот простор“78 само го потенцира фактот дека овој важен инфраструктурен елемент на демократијата не е нешто вечно, туку претставува право кое треба постојано да се бара и преговара.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Идеите треба постојано да се во движење за да се оплодат - слично на облаците пред да заврнат“.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)