треба (гл.) - првин (прил.)

Според стратегијата на градските раководители, треба првин да се започне да се работи со граѓаните.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се разбира дека по сето тоа егзархијата за вас стана собиралиште на шпиуни и инквизитори а емиграцијата чета од бозаџии и вагбонти, а народот (кој по ваше не е повеќе од 200 илјади) татарско племе кое за да се ослободи од Турците треба првин да се посрби.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Проклет срам. Ако сакаш да ја соблечеш, треба првин да ја убиеш, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Дрвото, сум слушнал, треба првин да е или црешово, или јаворово, а после...“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Какви прашања?“ „Треба првин да прочиташ тато, ама не само да летнеш врз текстот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Се сврте кон отец Серафим: - Оче што треба првин да се обави: погреб или венчавање...?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)