треба (гл.) - толку (прил.)

Само не ми е јасно зошто требаше толку да се намачиме двајцата, за да го сфатиш тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Велам раскин за подобро да го разберам (би требало толку нешта да разберам откако почнав да ја играм играва) тоа исчекување на влевањето на сите делови во една целина којашто можеби ќе ми се укаже во одблесокот на прозорското стакло.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Не требаше толку да се натупам од посниот грав“, си рече, правејќи стратегија како да шмугне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Проштавај, куме! Што дал господ! (Вади од пазува раскречена виљушка, набодува една дробенка и му дава на кумот.) На, куме, мезе! Декшавај!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Не, не треба толку мастрав...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Дај ми триесет грама! - Не ти треба толку. - Ако, да имам...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ние не требаше толку да заседиме. Чуеш, Коте!.... Коте!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не требаше толку силно да удри.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се обидов со нејзиниот час и да се пошегувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да го сведам на вистинска мера значењето на нејзиниот збор „часот“ и реков дека не треба толку да е сигурна во своите пресметки во врска со пристигањето на некаков си час.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А една од работите што најмогу ја мрази стрејт-културата е секој знак дека разните делови од пакетот може да се рекомбинираат на бескрајно многу начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но искуството покажува дека токму тоа знае да се случува...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е ни чудо што (на хетеросексуалноста) ѝ треба толку терор за да наметне придржување“.463 ‌Зашто, како што нагласува Ворнер, сексуалната желба за лице од различен пол е „само еден елемент“ од поголемиов пакет, хетеросексуалноста може веќе да не биде севозможна сексуална норма, а, сепак, да има нормативна моќ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Укажува дека „родовите норми, (еротските) норми насочени кон објектот, нормите на сексуалната практика и нормите на субјективната идентификација“ се конгруентни и стабилни.462 „Ако во нешто отклонуваш од оваа програма“, додава Ворнер, „за тоа плаќаш сопствена цена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Постепено станува помалку непопустлива и несвитлива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, може да се создаде претстава за целта на потиснувањето – и да се сфати од што точно тоа треба толку активно и нервозно да штити.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Требаше толку таини колку што имаше затвореници и правилно им го делеше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не требаше толку грубо да ја одбијам неговата помош.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Нејќам да ме водиш! Нејќам Љупчо да ме гледа, па да ми се сити!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не треба толку темно да се гледа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)