треба (гл.) - да (сврз.)

Глупост. Наместо, за почеток, само да бидат попишани и вратени дома. Толку.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, вие сте си тука, внатре, и сѐ што треба да се стори, тоа е да се лежи мирно и да се слуша како завиваат, кога веќе не може да се спие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Според него ќе треба да се нападне селото преку ноќ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа имаше некаква врска со прашањето дали запирките треба да се ставаат во загради или надвор од заградите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напуштајќи го Министерството во ова време од денот, тој си го жртвува ручекот во кантината иако знаеше дека во кујната нема друга храна освен едно парче црн леб што требаше да биде сочувано за утрешниот појадок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Треба да се уреди гробот. На Методија му имав предложено да го преземе неговото уредувањето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знам колку време ни треба да сфатиме дека треба да се спроведуваат казнени мерки, санкции против сите што се однесуваат како вагабонти, да не кажам, како леванти со македонската драматургија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И тој останува само со придушено дишење и со потисната свест за нешто што не смее да се случи, за нешто што треба да се постигне, но што сега, некако, отскокнува во недостижна далечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Буш му одговорил дека треба да ја остави судбината на Арафат во рацете на Бога.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му отиде Тане на самиот ден кога почна да ја гради куќата, кога започнуваше да се прави адетот, кога требаше да се заколи јагнето за курбан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Рози, многу те сакам. Сиве овие години те чекав. Ти требаше да дојдеш порано. Но не дојде толку рано.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не, таму го задржа тактот и достоинството, пред неа не треба да ги крие емоциите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Единствено стравуваа од јужното ветре, од топла издишка која Севишниот еден ден требаше да ја прати, од капката која можеше да им го наруши сонот на сонувачите или да ги разбуди.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веќе подолго време не беше нежен со мене, а сега за првпат беше груб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дилема голема Дали треба да се нашминкам и да ставам кармин ако некој ме покани на видување?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сфатив дека сум имала право што не излегов да го гледам тој циркус кој што Лима и Ило го третираа сосема спротивно, како знак дека треба да си останам токму таму каде што сум.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тие структури требало да содржат сложени технолошки и електронски внатрешни делови коишто би предизвикувале автодеструкција и имплозија на целата структура во рамки на периоди од дваесет секунди до дваесет години.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Може вака, треба да угасне племето наше, велиме ние и гледаме надолу кон чадот што се крева зад буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го чекав автобусот што требаше да помине од тука и да ме однесе во Скопје. Да стигнам на погребот на вујко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа што го говорите треба да биде во согласност со тоа што го мислите, способноста да се најдат соодветни зборови за тоа што сакате да го кажете е во слободното изразување на чесните мисли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Треба да се избере човек како тебе, нешто да изгради, да стори...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Единственото несогласување околу брачниот подвиг, беше содржината на поканата која требаше да ги убеди нашите драги гости да донесат пристоен подарок.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Овчарите се размрдаа и рекоа: - Треба да си одиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Освен оние, таканаречените лажни гласини, кои создаваат фами па дури уриваат и авторитети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега веќе разговорот требаше да стане многу стручен, но за среќа, во моментот од земјанката излезе Србин. Прв.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие имаат многу грижи, многу тешкотии, тие имаат многу задачи што треба да ги исполнат, па затоа исполнувањето на некоја ваша желба може и да причека.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сѐ што живееше имаше своја судбина и требаше да живее, а војна беше и животот беше поевтин од неколку грама олово.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од деталите раскажани во врска со овој мој постојан сон толкувачот на сонови од оваа барака извлекол заклучок дека прогонувачот постојано се движел праволинејно а притоа и прилично брзо за да може да изведе и таква операција каква што е наведнувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Се наближуваме,“ рече, кога навлеговме во делот од градот што ми беше познат од онаа прошетка со брат ми, кога тој сакаше да ми покаже како изгледа дното на Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Требаше да се завртиме од другата страна и да спиеме, ич да не ги заушуваме оние, што виеа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А Господ гледа! - Навистина почувствува потреба да го спомене и неговото име бидејќи Господа го сметаше за сила чие што покровителство и заштита може и треба да се користи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вредноста на ваквите проекти, што треба да ни го сочуваат паметењето, не треба да се оценува според нивната убавина туку според вистинитоста на прикажаното.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ако ме разбравте што ви реков, сакам да одите кај него и да се смирите со него оти не да сте повиновни, туку зашто сте посилни – треба да бидете подобри.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
XXII. Негде пред зора, токму на добата, за која синојка помисли дека треба да биде скорнат, Змејко веќе стоеше на својот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој намек во зборовите треба да ја нагласи двосмислата на нивното живеење...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред тоа сѐ беше како и што треба да биде во еден обичен зимски ден со сиво небо, полна мешина обесена над густите дабови, бессилни да го стресат од себе жолтиот покрив на восочните лисја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако е крајно огорчен од целокупната ситуација во државава, но и во светски рамки воопшто – Љ.Н. е одлучен во тоа дека, во иднина, повторно би тужел доколку му биде повредено некое работничко право. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Дури и да сте во право за откритијата на Коперник и Дарвин, со моите откритија нема да биде така.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така здрвен, како да се замрзнува му се обрати на ранетиот: - Ќе треба да се делиме, синко.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Треба да го вратиме врвот Горница, ама ридот не се враќа. Се враќаме ние.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но најтешко е кога сѐ истекло од него, кога е празен, кога душата разумна му ја нема и треба да му ја вратам.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Одеа пеш дури во Кратово. Таму требаше да ги причека некој.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На територијата на Западна Македонија, во периодот од септември до декември 1943 година, дошло до формирање на поголем број партизански одреди, а на 11 ноември 1943 година во с. Сливово била формирана и Првата македонско-косовска народнослободителна ударна бригада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така, размислата на академик Божин Павловски дали треба да се побрза со преведувањето на делата на Стојан Христов на македонски јазик, академик Блаже Конески, меѓу другото, му посочил на овој наш денешен деец исто така Македонец од Македонија и Македонец од македонската дијаспора: Кога се интересирав дали треба да се побрза со приопштувањето на македонските автори кои создале дела на други јазици, тој (Блаже Конески) ме охрабри со тврдењето дека се работи за творештво кое природно ќе си легне во нашите традиции.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но јас, треба да речам, заминав и заради уште нешто, нешто што ќе треба да се објасни - зовот на мојот предок, големиот добротвор Никола Поцо, чие име го знам, а само малку од делата кои сакам да ги запознам и, ако е можно, да ги повторам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми се гади од тоа што од нешто би требало да не ми се гади, барем нешто што би било мотив да се издржи гадењето до крај, сила и против- сила.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Моите одговори треба да го покренат и моето обвинение.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога се игра, зајаче треба да биде помалиот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Зборуваат само национално, национално, како да не сме луѓе, како да не јадиме леб и да не пиеме вода (мене ми зачука срцето), ние треба да се најадиме, вода да тече, а не да ни ја крадат, трактори да купиме, крави млечни да донесеме, кози алпина раса што даваат седум литри на ден, та за нација, пак ќе сме нација, ебати нацијата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Требаше да го оставите да го изнамава убаво, - велеа тие.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Штом една таква илузија поминува пред владите на големите сили за факт, тогаш е јасно оти при решавањето на македонското прашање треба да се имаат пред очи и барањата на српската влада.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби ако одело по обратен ред и не ќе требало да ги жртвуваш добивките, кои се живи суштества, инаку сето тоа личи на огромна себичност и неодговорност .
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Секој пијан ќе ти се истопори на влезот и ќе ти се измоча, да простиш, на диречено. Ѝ велам на Зорка, не е ова некој живот, треба да бегаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се надевам дека театарот знае колку треба да се инати за да не си наштети на растот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Треба да знаеш дека и ти си смртен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од мене се очекува да запишувам сѐ за да се види влијанието на дрогата, нешто како тек на свеста, што не е тешко, но уживањето дроги не носи нарација, а во овој случај таа е потребна за да го задржи вниманието на читателот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За да живееш не треба да се родиш, му велам, само неродените не умираат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крени ја главата, ќерко, ти никому не си згрешила и од никого не треба да бараш прошка кога си простила себе си со раѓањето на едно вакво прекрасно суштество каквоа што е Пеличка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дали оставивте да поверува дека е добродојден нудејќи му место до себе на трпезата?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакам за ова да ги потсетам тие што веќе ја знаат, а тие што не знаат треба да дознаат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Арно ама, мене не ме очекуваа, па за секунда чувствувајќи се како натрапник кој ја узурпира „гајбата“, занишав со глава и бргу-бргу исчекорив, божем до тука треба да патувам... ете, на гости во комшилук на втори..
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секогаш кога поројот од мисли ќе ја вратеше назад низ времето, пред очите ѝ се појавуваше судникот со трозабецот во рацете, кој со рапав глас ѝ ја соопштуваше одлуката за гревот и товарот што требаше да го носи како казна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само требаше да ги повлечат чкрапалата и привидното затишје да се претвори во канонада, рововската борба да се претвори во судир гради во гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лицата кои што доставувачот ќе ги затекне на местото каде што доставата треба да се изврши, должни се на негово барање да се легитимираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Една овца ојагни мртво јагне. И за такви појави Бојан знаеше, па иако тоа не беше случка што треба да се радува, му дојде како најпотребна помош во една тешка положба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мислев на неговите хумани зборови кои ги кажа меѓу остарената Богородица покрај распнатиот Исус и Богородица со детето Исус: дека највисоката цел кон која треба да се стреми човечкиот род е да се овозможи секој човек да живее живот со што помалку тегобност, и секој човек да придонесе во остварувањето на тој идеал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога одеше така, задникот повеќе ѝ се истакнуваше, а и се подзатресуваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
12. Во организационото тело на КОЕМ што требаше да работи на формирање партиски организации по окрузи, бевме избрани: Апостол Макаровски, Оливера Поточка и јас, а за секретар се прифати Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако некому не му даваат жена, ако некоја девојка не ја бараат беќарите- заостанале, и тука попот треба да му мисли.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Поранешното име на оваа гигантска фабрика за порцелан беше „Борис Кидрич“ и во време на СФРЈ таа беше меѓу најпознатите и најголеми фабрики кои го покриваше речиси целиот југословенски пазар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури кога го затвори вратничето на запалената печка му текна дека оние двајца можат сега да мислат и на тоа оти ќе треба да отпатуваат сами во селото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во неа требаше да се насочат, да се кристализираат, два, според мене, значајни тока: за да се состави клучната телеграма, која требаше да ги покрене механизмите меѓу двете земји во натамошните односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Доста се поуспокои. Кое болките ѝ поминаа.. кое го виде оти е живо, разбра што е. И сега треба да се мисли за понатаму.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тик так, тика така гневот е правопропорционален со оддалеченоста.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Така“, рече. „Треба да научиш да чукаш како маж!“, рече двосмислено, подбивајќи се со мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со други зборови, дајте им ја вие власта во рацете на Македонците, тоа треба да се разбере на оние од нив што се викаат Бугари, та од неколку години после вие ќе видите оти и во Македонија од другите народности ќе остане тоа што остана од Грците во Источна Румелија, по ослободувањето на последнава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Камилски беше подготвен да ѝ придаде на заемката ќерпич многу пошироко и поголемо значење, историско, дури, како што му се изрази на Татко, и филозофско значење, поинакво од што таа предизвикуваше на прв поглед.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ПЕТРИЈА: (Зела од тавата и му дава парче цревце.) На, куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Плод што треба да биде загризан и изеден.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Замисли, треба да се соочиш со фактот дека треба да живееш без личноста која ти значи сѐ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Алајко и Мире не му одговорија, само со погледот му дадоа на знаење дека не се дојдени по добрина, туку со сериозна задача, која треба да се реши и изврши веднаш, неодложно и на лице место.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Требаше да си обезбеди и нови панталони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да, јас одново треба да барам лост, лост во себе, со кој ќе ја поткренам земјата и себеси самиот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Михајло Горачинов се мачи да објасни дека треба да го знаеме и грчкиот јазик, зашто судбината нѐ одредила да живееме заедно со Грците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Татко го чувствуваше ненаметливиот притисок на Мајка и децата да заврши тајниот пакт со Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исто така, додава дека доколку би имал шанса и повреда на некое работничко право во иднина повторно би тужел – но, секогаш со адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Народната уметност, таа „планина на народниот дух, папокот на нацијата, со која секој автор треба да остане во невидлива папочна врска целиот живот“ (повторно ја задевав Луција), онаа традиционалната, нема познат автор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во заглавието на „Нова Македонија“ редовно треба да се објавува дното на табелата на нации што најмалку читаат, а тоа се, се знае, Албанија и Македонија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Идните денови требаше да ја расветлат тајната...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со книгата не смее да се постапува така. Треба да ја барате! Да ја читате! Да ја почитувате!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Макар што рамнината и правиот пат, кој наместа намерно завива, за да ја измени едноличната панорама, треба да го чини здодевно патувањето, особено ако трае подолго, не е такво ова патување на север, кое уште од Брисел замириса на море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затова требуе да слушаме родители што учат на закон Божиј, а тија што не учат свои чеда книга и закон Божиј не се родители, ами губители и убијци на свои чеда.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Требаше да биде пречекан притаено, да биде чекан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Комитетот тоа требаше да го знае и мислам го знаеше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ПОКАНА ЗА АКТЕРСТВО
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За тоа сега кога го виде ѝ се стори дека повторно роди син за кој треба да се грижи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа секогаш треба да го имате на ум“, ѝ се исповедал божем тој на Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А да го кажам и тоа дека другарот Едо, бившиот наш директор, на излегување од канцеларијата на правникот, се подврати и ме потсети дека таа пушката на чуварот треба да му ја вратам...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Луѓето се учат од животот, а децата најмногу.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Утрешната вечер требаше да излеземе. Беа договорени сите другари од друштвото на Стомачето. Ме праша дали да ја викнеме Елентина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И во тој случај треба да се реши прашањето за односот кон него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Личните интереси и политичките комбинаторики на големите сили требало да се прилагодат кон придонесот на воените успеси на НОВ и ПОЈ против силите на Оската и да го ревидираат својот став кон НОД.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кутрата Марина! Како ли ќе навикне на оваа туѓа жена, која треба да ја замени мајка ѝ... и тоа толку брзо, на маќеа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во тоа време пристигна абер од Скопје дека го бараат пашата, а од Прилеп – го бараат кадијата, та требаше да се растури целата дружина и бунтовниците пак да ја избегнат катастрофата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Љубовта е тоа совршено и блажено чувство кое треба да го негуваме во себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Жителите на Потковицата требаше да чекаат уште една цела година па да дознаат што ќе стане со бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Всушност стануваше и премногу очигледно дека Грофот ми приредува изложба на експонати кои треба да го поддржат неговото тврдење дека во овој свет на недоречености сè е привид а нашата вистина за жал е само илузија или лага од која тешко ќе се извлечеш ако ја преценуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најмногу ги вознемирило оние кругови околу Егзархијата кои што сметале дека го имаат правото да раководат со судбината на македонскиот народ и мислеле дека без нивно знаење и одобрување не можело и не требало да се презема ништо што би водело кон било какви промени во животот на македонскиот човек.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Требаше да стигнат побргу, да ја зарадуваат грижната Бојанова мајка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Методија праша што треба да помогне натаму, но Симон му одговори дека не треба ништо, дека е добро што свршиле работа и го извади пријателот од влезот надвор и таму отпростум испија двајцата по една ракија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ама нешто се случи со касетата или диктафонот, па раскажувањето на Еца остана таму во големата соба на нејзиниот стан на улицата Ваци Ут во Будимпешта. Така требало да биде!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Работата беше друга. Тој требаше да појде во училиштето пред Неда, за да може тој да ја дочека, а не таа него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Арафат сакаше да остане и вистински ќе остане во историјата, како мит, како икона, како татко- основач на палестинската нација отколку како моќен лидер кој со својот навидум политички донкихотизам сакаше да го обедини светот за да ја разбере неговата борба за слободна Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минувавме крај претседателската палата, по авенијата која пред една година, додека владееше стариот Бургиба, беше блокирана поради утринските прошетки на стариот владетел, кој требаше да влее оптимизам и надеж на нацијата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ах, ах, - направи човекот. – Ова веднаш треба да го избришете.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Со секој чекор скалите ѝ изгледаа како планина, а нозете тешки како туч, иако околностите налагаа дека таа треба да лета.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ама треба да си махер па да знаеш да запокриваш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Еден селанец стана и рече: - Во Штип се зборува дека треба да добиеме помош од преку граница - од Бугарија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба да знаеш оти со Св. Петар, клучоносецот стојам многу добро.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
(Некако се смрачи хавајкава. Треба да пазам што зборам. Може има врска со тие војниците што ги спомна прееска.)
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Тоа лето ја запознав Кенди Дарлинг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не ми го објаснивте убаво она што требаше да се објасни. А има многу нешто...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кому му е грижа опстанокот на планетата Земја. Профитот треба да преживее.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие идеали треба да бидат изработени од највидните претставници на народот и усвоени од сите негови членови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Им ја покажа вратата каде што требаше да влезат и се тргна настрана да им направи пат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го пеам она што треба да им го кажувам. Опера...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, затоа пак, со законот од 2007 скратен е рокот во кој надлежниот орган треба да донесе одлука по приемот на жалбата, од 30 на 15 дена (чл. 9, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Стана директор на една компанија која требаше да реализира еден американски проект на помош во контролата и утврдувањето на стандарди во производство на храна во балканските земји во транзиција по падот на комунизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секој третиран збор стануваше универзитет на двајцата балкански ерудити автодидакти, најдени на маргините на општеството, во кое според нивните заслуги требаше да имаат многу, многу повисоки позиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако, баба му и дедо му верувале, како што многупати му објаснуваа родителите на Хелвиг, дека чистата нација треба да биде над сѐ. Дека е света.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Заклучи дека ништо друго тој не треба да прави, зашто и со направеното веќе се замешал во работите на Бога.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ете, што морам овде да зборувам. Па тоа треба да се подразбира.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Истрајувал стариот како своевиден Дон Кихот во неколкувековната дипломатска тврдина крај Сена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Трајко во кратко им исприкажа што направи на конакот и колку пари бараат за да им бидат спасени главите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За да умреш треба да знаеш како.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи, таа народна уметност, онака како што ја замислува Партијата на власт, не е ништо друго, туку еден вид специјална културна полиција, која треба да го заштити паланечкиот конзервативизам и духот на простиот, недограѓанет селанец, кој има желба да создава уметност!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изработката на оваа анализа која освен што треба да претставува јуристички наследник на научно-истражувачката студија од областа на трудовото право и законодавство од 2010 година под наслов „Обезвреднување на трудот – Анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата“5 се наметна и како суштински мотив и потреба, но и како обврска на левичарските движења и активисти кои поблиску ја следат проблематиката на трудовото право и работничките права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Му реков дека пред носот германската колона требаше да ни помине, а местото беше такво што можеа и мравките да се видат а камоли ние.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа требало да го стори Русија, која имала далеку поголемо влијание врз бугарскиот кнез.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Поднаведни си ја главата кога минуваш низ ниска врата. Треба да си ја зачуваш главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа политичката креација заслужува највисок респект и е единствена креација за која треба да се покаже интерес.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А шољата за тоалет со казанче – па зарем треба да ви објаснувам колку силно таа ги промени човечките животи?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, тука е, само треба да се излезе од тука и од ва долната страна, од кај реката, од задната страна на ѕидот, таму има направено две удајки!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Збори што друго имаш во селото, овци? Јагниња? Говеда, ајде керата кажувај! Арач треба да собереме!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Да се заслужи оваа тишина значеше да се исчитаат битните таткови книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Губејќи ја својата делегирана моќ, граѓаните веќе не дејствуваат; тие се повикуваат само тогаш кога треба да се одигра улогата на народот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во тоа поле треба да има луѓе, чунки гледам како да има ливаѓе и нивје“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Настојувале за унија со Рим. За тоа требало да реши некој екуменски собор.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Притоа треба да не се заборава оти вестготските, остготските, хунските полчишта се состоеја не само од Остготи, Вестготи, Хуни, Словени, но дека во нив господствуваше едната народност, а имаше примеси и од другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Згора на сѐ, покрај казнената камата – која течеше од јануари 129 2010 па сѐ до денот на конечната исплата – МВР беше задолжено да плати и трошоци за постапката во износ од 17.120 МКД (о. 280 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Науката, слободно можеме да кажеме и светската научна мисла, допрва треба да даде одговор на прашањето за феноменот на генерал Стојан Маринов.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Меѓу критериумите за избор важна улога играше заобленоста и тврдоста на газот (стручњак со потесна специјалност ги удираше жените по газот и со внимание ја следеше реакцијата, оти требаше да се регистрира секој детал: тресењето на газот нагоре и надолу, на левата и на десната страна, интензитетот на тресењето на едната и на другата половина од газот, пропорцијата меѓу нив, степенот на нивната споеност и слично на тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Место тоа, сега рече: „Слушај, Симон, треба да видиме за имотот.“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Не треба да си толку чувствителен, мој пријателе“, Милан го прегрна мачорот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
-Но притоа треба да се има предвид дека плодовите што најрано втасуваат најпрви ќе бидат и обрани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова разграничување, според Чубриловиќ, би можело да се реализира не преку плебисцит, туку преку ‘историски фактори’, што значи дека сегашните чувства и националните движења ќе бидат игнорирани и заменети со историски аспирации (кои во многу примери се оправдувани со чистиот империјализам)“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
4.  Странката која е уредно поканета да присуствува на рочиште или пак е известена за преземање на определено дејствие – а не се јави пред судот, без оглед на причината, судот нема натамошна обврска да ја повикува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Изгледаше смешно на почетокот од тунелот: како некој што допрва треба да го изоди она што јас го истрчав. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Треба да се советуваш со лекар - специјалист. - Веќе бев, - му одговори Марша раздразнето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тогаш немаш ум. За да мислиш треба да имаш ум.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој сам и не се вика Петар, туку се вика: „јас“ Се ползува со неговото име само кога треба да се различи од многу други луѓе слични на него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За нив, според информациите со кои располагале, уште било дискутабилно прашањето дали во тој момент (средината на 1944 година) се појавила, во кој било вид, „намерна ‘комунизација’ на Балканот од страна на СССР“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога тоа најпосле ќе му се случи, треба да извика: Шуга, а допреното дете трга да лови други деца.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Смислата на нивното битисување доби сосема нова цел, заради која требаше да се живее. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Е, па сега види што треба да направиш со него. ,Борба е општ поим за судир на две противнички страни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Дури тие нас да не бараат, дајте ние ниј да и пречекаме по Мечи Дол, — им заповеда Толе и го јавна својот бел коњ, та бодна долу низ село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И одеднаш ме зароби прашањето – дали тогаш, во тие години, кога тука нашите биле, имало православна црква среде италијанската воена база, а би требало да има католичка, или од некого е градена подоцна за спомен на тие кои тука битисувале?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ПОП ЈАНЧЕ: А така. И со тоа ние треба да ги отвориме очиве четиринаесет и да не позволуваме лесните да се лажат, ами да им го покажиме правиот пат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Речиси сите мажи ги врзаа. - И ти уште Дорча ќе го гледаш? - Гревота е! И тој треба да јаде - се правдаше тој.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сказанијата измислици се, за разлика од собитијата, кои верно се случиле и верно треба да се преподадат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Експонатите од сите музеи треба да бидат поврзани во „дијалектичко единство”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Без разлика дали пееме, глумиме, танцуваме, пишуваме, раскажуваме или цртаме, ние сме само трубадури.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Треба да се напомене дека човек од почеток пружа страшен отпор кон скрнавењето на овој божанствен напиток, но со тек на време попушта, за да после само 6 месеца не може да си го замисли животот без дневната доза од оваа сплачина. – Кафе ќорак...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И... не сакам никакви разговори околу тоа кој треба да биде убиениот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ни велеа дека дури и ќе нѐ ослободат од Турците, а ние за возврат требаше да одбереме дали богослужба ќе слушаме на бугарски или на грчки јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јајцата беа разделени. Сите се зачудија! На дното од кошницата се покажаа неколку бомби.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Грмнаа трубите и тапанот!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Покрај овие треба да се наведат и заемките: гурабија, гурабии (од арапски gurabiye); алва (од арапски helva), со повеќето видови како: ќетен-алва, таан-алва (од турски ketenhelva, tahin helvasi); локум, ратлук (rahat lokumu), потоа неколкуте вида слатки од варено овошје: речел, направено од варени парчиња тиква со ореви (од турски reçel); маџун (од арапски macun); пекмез (од персиски pekmez); пестил (од турски pestil), ошав, варено овошје, особено црни сливи (од персиски hoaf).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во оние брошури што ги добив во Берзата, на едно место прочитав дека берзијанерите треба да знаат добро да викаат, да цркаат, да надвикуваат секој друг, и да ја знаат пантомимата со своите партнери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И народната поговорка која гласи: „Првин добро испечи, па потоа речи“ ни кажува дека треба да внимаваме што зборуваме, како зборуваме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како и секогаш, високите требаше да бидат истерани од власта од страна на средните, кои потоа ќе станат високи; но овојпат, со свесна стратегија, високите ќе бидат во состојба да ја задржат својата позиција засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Кога ќе пристигнам таму каде што треба да пристигнам, има што да прикажувам....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Едноставно речено: на вистината не смееме да и ги затвораме очите; јас сметам дека секоја приказна што се случила и веќе живурка треба да се здобие и со нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На крајот остана само онаа страница на која беше напишана само нивната љубов, со нови, чисти страници на кои требаше да се пишува иднината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И затоа цветот треба да биде собран најдоцна до десет часот претпладне.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Она што сакам да го кажам е дека уметноста може да биде лоша, добра или индиферентна; но без оглед употребената придавка, треба да ја нарекуваме уметност: лошата уметност сѐ уште е уметност како што лошата емоција, сѐ уште е емоција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По шест години, кога малата требаше да добие потврда од матичниот лекар дека е здрава и дека може да оди во забавиште, по целиот пат додека мајка ѝ ја возеше, викаше на цел глас и плачеше, божем ѕрцките ѝ ги вадат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сфатете, предупреди еден меѓу нас кога народот ја претчувствува мемлата во говорот, офтиката несомнено насетува неслобода осој, таму кајшто треба да припекува слободата на зборот и мислата сласта на грлото кога го испушта гласот милозвучен ништо подлабоко во човека не пробива од јазикот во него е сѐ она што по којзнае кој пат било не само овде и не само во нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Требало да има момоци подобри и повешти од американските каубои за да може да ги скротува и да ги обучува во амути и самари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
7.  Со носењето на законите за работни односи и нивните перманентни рогации во време на транзицијата, со полно право може да се констатира дека најдрастични и, се чини, најмалициозни и систематски, скратувања на правата на работниците имаше кај оние кои, по сила на околностите, останаа „технолошки вишок“ (целиот законски назив кај овие непопуларни, колективни и масовни отпуштања од работа е отказ од деловни причини заради технолошки, економски, организациони и/или слични промени поради кои престанува потребата од вршење на определена работа) – при што треба да се истакне дека станува збор за доста важно прашање, особено за македонски прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога две шеми треба да се активираат истовремено?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кутриот твој татко! Постојано тврдеше дека кој пие зло не мисли!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
КЕВА: Си заборавила, треба да го разбудиме. НАЦА: Е време?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако не престојува во студентски дом, патот од Куманово до Скопје треба да му го плаќаме речиси секој ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека пиете, ставете ја на маса вашата обетка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најпрвин треба да прашам дали ќе ме примат во автобус. Сега сè се млади шоферчиња, ама ќе најдам син од некој мој другар.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа на некој начин требаше да му дава тежина на сфаќањето дека Стојан владее во полза на најширокиот интерес на народот. – Ќе ја ставите и сега за јубилејот?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Зошто го велам ова? Токму затоа зашто таа тромеѓа воопшто не постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Македонци мои, спасувајќи се од занданите со повикување на римското граѓанство свое, тогаш неумесно ве подучив и не ви кажав сѐ што требаше да ви кажам.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги одреди слугите што ќе тераат со кучињата, а тој им го покажа каменот на сртот на кој ќе чека и одреди уште двајца од слугите кои ќе чекаат на другиот дел од сртот правејќи ”потковка” во која треба да биде вовлечена мечката.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но, пред тоа треба да се стави т.н. „извршна клаузула“ т.е. потврда за извршност – која ја дава судот, односно органот кој одлучувал за побарувањето во прв степен (чл. 12, ст.2 од ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Проблемот што требаше да се реши беше физички: како да стапи во контакт со девојката и да закаже средба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но гневот во мене растеше, и некое чудно чувство дека сум употребен ме опседна: ме опседна чувство дека не било толку тешко да се дојде до Луција, дека таа ова истото го правела под маската на недопирливата Луција, и јас решив да се одмаздам на најглупавиот можен начин, на начин на кој може да се одмазди само млад маж кој не преспал со жена; во моментот кога требаше да бидам во Луција, јас ѝ го ускратив тоа задоволство; таа мижеше и чекаше, но ништо не се случуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не знам колку време мина кога сонцето блесна од зад облаците ги помести, ги разби маглиштата и талогот на еднообразноста дрворедот се озари доби лик, па одеднаш некои чудни форми почнаа да се об-јавуваат пред моите очи пред зумот, пред заумот. Ми се стори дека од некаде надоаѓа нешто боготворно светлината го овозможува совршенството но треба да го најдеш барај избегни ја судбината на просечниот ум, колатералната штета на непросветленоста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Затоа ние треба да се откажеме од секоја мисла за револуција напролет, уште повеќе што реформите ќе се воведат, зашто со нив е врзана честа на две големи сили што се во состојба да постават сѐ на своето, – и да се зафатиме за нова, т.е. културна борба, во која првото место ќе треба да го заземе прашањето за нашата народност и нашиот национално-религиозен развиток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја извади и ја стави на масата.  „Татко ми ми рече дека отсега натаму, ова треба да го носиме секогаш кога излегуваме на улица”.  Мајка ми, секогаш брза во реакциите, дојде до масата и ја зеде ѕвездата.  „Какви се тие глупости, ќерко!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Отсутно ги погледнав, размислувајќи за содржината на телеграмата што требаше да ја составам, а за која ги немав неопходните податоци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Остана само да смисли како да го спроведе својот план. Тоа требаше да биде незабележливо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти продолжи онаму каде застанав јас.. почнав да се заборавам себеси... заборавам каде треба да се оди кога некој ќе застане..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Она што треба да го направам треба да биде самиот јас, оној- што- се- пресоздава- себеси си рече. За вечни времиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што треба да значи, по ѓаволите, оваа идиотштина?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Велеше: - Ти, како се осмелуваш да ми замеруваш зошто не ги примив во друштво другарките на Лима, прво и основно треба да си задоволна што воопшто секаде те влечеа моите другари, ти плаќаа пијачки и такси.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа клечеше пред мене стрештена; побледе; потем стана, понижена, ја зафрли бесно косата на грбот со едно движење на главата (беше расчешлана, подготвена за следната точка: бабарскиот обред, каде требаше да биде невеста), и рече: „Добро, Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тој продолжи: „Освен тоа, ти виде, нели? Виде дека тој знаеше како треба да се намести клучот во клучалницата за да се заклучи одајата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сепак, Хабермасовото песимистичко гледиште за дегенеративната трансформација на јавната сфера не ги зема предвид овие опозициски јавни сфери, како што се сифражетките, движењето за граѓански права, итн. 105
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ја толерираше мајка му, но сѐ во врска со Дејв го доведуваше до лудило иако тој по сѐ би требало да биде попристапниот родител.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Значи, јас треба да клекнам на колена и по 25 години заеднички живот да те прстенувам и побарам за жена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А јас знам ова: човек на човека може да му стори лошотија за ништо, ама за добрина, треба да има некој есап.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тоа речиси бесконечно „играње“ на состојбите на зборот фатени во лет одразува една од можните коинциденции што во поезијата на Ренџов се повторува од неодреченото, неодстореното, неодотвореното суштинско прашање за тоа: кои се конечните можности на „зборот“ како енигма во обликување на мислата кое и самото треба да му го овозможи величењето на зборот како суштина на мислата.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Еве, и тоа го велам а можам и да додадам дека ако не живееше горе, дури под Сина Скала, сосема сама и издвоена од луѓето, јас ќе најдев начин да ги совладам нашите недоразбирања и да ѝ се приближам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Токму Грев е расказот во кој Ренџов ја изложува својата поетика, дека „вистинскиот расказ треба да има нешто измислено“, а тој напишал расказ кој не е „вистински... зашто, сè што е запишано во него, вистина е“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А деверушките имаат циклама фустани и само треба да ги честиш по еден бастун.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Далекувидната” политика на кнезот и на неговите „самостојни” и „национални” помошници требаше да предвиди сѐ и да ги предупреди несреќите. Но тие тоа не го направија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се подигне сега прашањето за националноста на Македонците, тогаш ние ќе треба да се вратиме назад за 30 и повеќе години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За малку ќе заборавев дека чевлите чија флекница ја скршив од главата на мојот бивш маж, кого го начекав со некоја пачавра во мојот кревет, треба да ги земам од поправка...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
КЕВА: Не знаеш, Спиро, дека треба да го разбудиме чорбаџијата за на лозје?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Прво, укината е одредбата според која невработеното лице треба да ги исполнува погоре наведените услови на денот на влегување во сила на овој закон, второ, овозможено е да бидат вработени на неопределено време согласно овој закон и невработените лица на кои тоа ќе им биде прво вработување и, трето, овозможено е да бидат вработени и лицата вклучени на обука, преквалификација или доквалификација со користење на средства од Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (чл. 1 и 2, ЗИДЗЗВ).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И косата му се наежи од тоа што допрва ќе треба да го види.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Сакам! Треба да ставам, - тврдеше Ема.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие постојано треба да бидат зафатени со занимања и вежби, а потоа со чистење на оружјето (какво оружје си вели во себе, кога го немаат) со колективен разговор, колективно читање, пеење и играње оро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Трагајќи по зборовите кои требаше со присила да исчезнат од домашните речници, по зборовите во кои сѐ уште живуркаше минатото, по зборовите кои требаше да покажат дали минатото на некој начин минува низ сегашноста, дали е сѐ секогаш присутно?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некој треба да тргне, да им го земе столот. Стани ти да седнам јас. И празната окопа треба некој да ја зафати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ кај тебе е згодно и ти си еден таков самјак, каков што јас веќе ниеднаш повеќе нема да сретнам; кај тебе е сѐ згодно, но ти би требало да сториш така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сѐ треба да се минира, да се запали и да се распарчи!“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Требаше да го избере помалото, а не знаеше кое е тоа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бошко ја тргна раката како жар да требаше да фати: - Не, - рече.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ете, и поради ова треба да се живее, но како тоа да се живее без себеси? Животот лаже - сонот не лаже
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мислите му шетаа некаде по Трибор, по Рожден и ја бараа солунката која треба да ја замени неговата Стојанка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ДЕПА: (упаѓа). Морее Панде, што ти требаше да кажуваш вакви муабети, да ги ставаш луѓево во мерак?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во Организацијата треба да бидат сосредоточени најдобрите интелигентни сили во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако она што требало да биде, беше – јас ќе бев самовила, а ти дете Голомеше.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
– Сите овие пречки, според законот на условеност, човекот треба да ги надмине, достигнувајќи прибраност, преку која се доаѓа до самоодрекување кое, пак, е услов да се достигне смиреност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во другата рака држи нешто што треба да биде батериска ламба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Требаше да стигнеме вчера. Појдени сме уште од вчера утро. Но снегот не нѐ пушташе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наеднаш знаеш дека не смееш да му се потчинуваш на злото, дека треба да се однесуваш умно и да го избегнуваш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За да се достигне таа цел ние треба да се одделиме од другите балкански народи и самостојно и критички да погледнеме на самите себе и на нашите интереси, како и на балканските народи и нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никако да разбере дека џепарлакот треба да ми го зголеми, зашто не само што веќе не можам ништо да си заштедам, како порано, туку го трошам целиот до половина на месецот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Фразирањето овде треба да се сфати дословно, до степен што реферира со една конструктивна естетизација, или текстуализација, на нашиот секојдневен живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вечерта, пред зајсонце, домаќинствата се собираа тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Братот му рече дека тој, Змејко, и покрај сѐ друго, треба да се запише во задругата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба да ја смени собата, вели Маса Ќулумоска, или треба да ја смени куќата, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што ми требаше да доаѓам со вас без да им се јавам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но притоа сепак ја предупредив дека треба да внимаваме и дека не смееме ништо да преземаме ако немаме отркриено какви се намерите на Пачев?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Очите треба да му бидат сиви, способни во зависност од околностите да искажуваат и суровост и милосрдност. Носот, како што треба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Твојата обврска е на друго место.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во овој син воден густеж започнуваше, според сите таткови претпоставки, големиот пат на јагулите и кој требаше да го следи семејството во потрага по излез од Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На новата снаа свекрвата треба да ѝ подари некое ново сребренце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овие симболи треба да се сфаќаат фигуративно, треба секогаш да се толкува нивното скриено значење ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Всушност самиот ти си тој што треба да ѝ ја погодиш мелодијата за да можеш да ја чуеш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Впрочем тој така и си мислеше и така чувствуваше: овдешните орли се овдешни, своина на овдешното небо и на овдешните луѓе, па ако тие велат дека не треба да се убиваат, не треба и - толку!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Треба да му се однесе ламба во собата, и тоа онаа убавата, порцеланската со насликан афион и со топка од матирано стакло, намерно тргната настрана за него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А свесна сум дека човек не треба да плаче, зашто од секое лошо има и полошо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден ден, кога веќе размислував дека треба да ги залевам сите дрвца во дворот, останав изненаден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„А вие? Таму, додека копавте, ги слушавте ли патролите кога наидуваа?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ФЕЗЛИЕВ: Добро. Се гледа дека навистина ќе треба да почнам со читањето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
4) Прескапи судски такси, трошоци и тарифи и непристапност до судовите поради недостиг на финансиски средства Присуството на овој системски проблем, на којшто ДСП „Ленка“ укажува во повеќе наврати, само се потврди со оваа студија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Појде кон Татковата библиотека на нова серија турцизми кои се однесуваат на човекот (телото, роднинската терминологија), според претходниот договор, којшто според двајцата требаше да се испочитува до крајот кој полека и се ближеше, ако не дојдеше до неочекувано запирање на некои зборови со посебно значење, како што беше случајот со турцизмот фиљан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Аналогно на тоа, таква задача имале и британските мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако е така, тогаш претполаганиот окупационен одред на чие гледиште ќе треба да застане?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако продолжи времево да биде вака топло, некаде сред недела ќе треба да се извадат пампурите од одаите и да се варосаат куќите, и однатре и однадвор. ..
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се мачев да издржам и натаму не иставајќи го погледот од улицата од каде што требаше да дојде нашата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Навечер воларите се враќаа со полни капи јајца од диви патки и од диви гуски, а во неделите и празничните денови луѓето со кошници тргнуваа низ Беговски ливаѓе за да собираат јајца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Им кажуваме како треба да се викаат. Внесуваме култура прва.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
– Глупак – рече Марија. Полека ја спушти слушалката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби уште тогаш требаше да замижам со очиве, да поголтнам, како што е ред, и да ви пријдам под стреата каде што ме чекавте...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како што треба да одговараат на емпириските податоци, така и моделите треба да можат да се имплементираат; тие мораат да имаат доволно внатрешни детали и прецизност за да можат навистина да се извршуваат на компјутер и да го продуцираат опишаното однесување.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Можеби во Босна ќе треба да се предупредува човекот на секој чекор, во секоја мисла и во секое, и највозвишено, чествување да се варди од омраза, вродена несвесна, ендемична омраза.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Требаше да слушнам како се прикрадуваат вашите чекори по дворот па да се поослободи сонот и да ми пријде.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А таа треба да живее вечно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ламбата што треба да го осветлува патот ноќе низ долгиот ходник до тоалетот ако посакаш да појдеш повеќе од нужда отколку од желба, огледалата во бањите и една вазна ги собиравме со лопатка и метла за пајажина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За него, како и за сите нас, Господ треба да е безгрешен, едноставно, совршен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во Антиохија, не можејќи веќе да издржи, му се развика дека човек не треба да се придржува кон Мојсеевиот закон или да биде обрежан како Евреин за да се помири со Бога, туку дека може да се спаси само преку спознавање на својата грешна природа и верата во Христа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш за првпат ѝ било спомнато на Трајчеица, и тоа в очи, дека треба да се спушти на земјата; дека не смее да мисли дека сѐ што лета се јаде; дека мажот не е секогаш само маж; дека покрај тоа што е маж сака да биде и љубовник, и додворувач; дека на жената ѝ е порачано да биде убава; да биде посакувана;
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од престолнината сабајлево ме известија дека нашиот секретаријат треба да се вклучи во прославата на јубилејот - десет години од владеењето на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Востанието ни покажа оти ние Македонците не можеме да очекуваме помош од никоја од балканските државички, оти решението на нашето прашање е сето во рацете на големите сили и затоа нам и не ни треба да ги соединуваме и да ги замешуваме нашите интереси со чии и да се словенски интереси на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како згрчена дланка ќе го сокрие во себе. а тој ќе знае дека акордот е сонуваната болка. тој акорд треба да остане таму, под клуч, в самица. никогаш повеќе луѓето да не сонуваат ножови, никогаш повеќе да не го чујат чемерното крцкање на прстите, стиснато околу неиспеано грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Но тоа не треба да нѐ загрижува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И си велам, ете, само тие, единствено тие можат да кажат како човекот го преживува и го поднесува поразот, каков треба да е во битисувањето човеково и во битисувањето наше, во непреболот наш и како треба да издржува страдајќи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Една од колешките ми позајми две книги за испити што требаше да ги полагам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На цела една генерација на психијатри веќе не им е познато какви се тие луѓе кога се без медикаменти... разговарал: Anthony Liversidge: OMNI, април 1988, New York
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таа ја ширеше мрзата и во супермаркетите. Кога требаше да плати за купените производи, заспиваа сите што чекаа ред до неа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во врска со утврдувањето на основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување треба да се спомне и тоа дека со измената и дополнувањето од јуни 2006 година беше усвоена одредба со која се валоризира степенот на образование 102 при утврдувањето на оваа основица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не можеше да го издржи тоа, што беше оној, кој требаше да падне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама врнело, ама грмело- попот треба да го испрати до дупка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Не“, реков јас, повреден што таа гледаше во Земанек и разговараше со него, како јас да не постојам, иако јас бев тој што требаше да ја изведе точката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама треба да се преслечам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во случајот на малите и мултинационални држави, каква што е Македонија, акцентот на националното повеќе би требало да гравитира кон категоријата „Полис“-град, отколку кон племенските парадигми (крв и земја).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Браќа, ние сами треба да купуваме оружје: пушки мартинки, берданки, малихерки и бомби.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Требаше да ми даде рака...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие се пред нас, на секоја стапка и во секое време можеме да ги имаме, само треба да ги побараме со повеќе трпение, волја и идеализам, многу идеализам, та така животот да не ни оди напусто и без цел...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во испратениот допис тие се осврнуваат на телеграмата на амбасадорот Рендел од 13 јануари 1941 година во која тој сугерирал дека Британците „би требало да ја употребат ‘Македонската револуционерна организација’“ и дека „сега тој е многу поубеден во својата сугестија отколку претходно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Новото поглавје требаше да се однесува на митот на балканското самоуништување, познат и како синдром на ликвидации од кој не беше ослободен ниту еден од балканските народи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еднаш се бакнаа таму, а кога тоа требаше да се повтори, место право дома поминаа низ паркот - и без договор и без противење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Добредошле“, пак чу, пак рече од стаклото. „Долго требаше да се освестите.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мислам дека не е, мојот обид да ви соопштам дека текстот веќе е дом, дека во куглата на телевизорот (во која паѓа снег ако се преврти) е содржана целата „куќа“ за која зборуваме, т.е. некаков скелет, некаква архитектонска структура на ред која ќе ни понуди малку сигурност и топлина, како што еден дом и треба да понуди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За одржување на редот и мирот во Македонија Кралството СХС ангажирало голем број војници, жандари, четници, граничари и други паравоени вооружени единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секогаш имаше добар сенс како треба да се дотера за различни прилики – и формални и неформални.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се чувствуваше слаб и немоќен за да може болката повторно да се бори со множеството детали, со нештата што требаше да се координираат, една работа да се вклопи во друга, прво ова да се направи, а потоа другото да следува, целата конструкциска скица да напредува со точен редослед, и соодветниот човек и соодветниот материјал да бидат на соодветното место и соодветното време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Еј, а кој е тој на кого толку многу му се допаѓа девојката, која изгледа треба да сум јас, а ете, одбивам да му подадам рака на давеникот, а давеникот изгледа си ти?“, му рече, повеќе за да го исфрли од рамнотежа одошто да го натера да го напушти заобиколниот пат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Филозофот се насмевна и праша сосема непритворно: „Зарем треба да се испие цело море за да се сфати дека неговата вода е солена?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Истиот ден работеше и на чевелот со огледало на прстите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
6. Иако реформената програма од февруари 1903 год. што беше донесена со согласност на сите потписнички на Берлинскиот договор, во Македонија беше наречена „Падарски реформи”, треба да се нагласи дека со овој меѓународен акт првпат трите вилаети на Македонија беа изделени од другите области на Европска Турција и беа поставени извесни основи за политичкото индивидуализирање на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ова требаше да биде неговиот реванш на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се договоривме со газдата на кафулето дека таму ќе бидеме од 20 јуни до 1 август, затоа што требаше да се вратиме пред да замине Змејко на брод.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Спорот настанува заради неисплатени осум плати последователно (за периодот од мај до декември 2008 год.), како и заради перманентните лажни ветувања давани од страна на раководството дека тие плати ќе бидат исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Смачено ми е од пораки кои треба да се дешифрираат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За ова не се пишуваше во весниците. Тие не брзаа да ги кажуваат работите без да бидат сигурни дека треба да ги кажат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Знам дека ваков апел на својата окупирана јавност треба да упатат сите независни интелектуалци на сите завојувани и сѐ уште незавојувани страни, но јас го упатувам во свое име.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тогаш во него како сѐ да се урна: сите страсти и соништа, сите негувани илузии, сета надеж што, во неговата претстава, требало да значи надеж, создадена делум можеби и врз основа на мојата секојдневна благост и грижа кон него.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Народните идеали не може да бидат реализирани сите одеднаш, но нивното реализирање од треба да биде само резултат на општата и самопрегорна народна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сепак, треба да си претпазлив, не е сѐ за преку телефон.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Треба да научиш да молчиш за да покажеш оти си сфатил дека и на онаа страна, многу што зборува, и даваш можност самата да се досети оти претерува“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој треба да види и осети дека не е оставен од своите синови и да црпи од нив сили за натамошна борба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нејзиниот пријател, борбениот архитект, ѝ вели: - Треба да пишуваш долги писма! И тоа не само на еден!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Двете ороспии прво мислеа мајката да се премажи, а ќерката да се омажи, ама се откажаа од тоа од страв дека во ова време повеќе имаат можност сега и на двете мажите да им бидат истерани од работа и да треба да се издржуваат не само себеси, туку и уште двајца здрави-прави бадијалџии.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Некаде наблизу треба да се вишнее вашингтонскиот обелиск, највисоката градба на американската метропола, симболот на моќта донесен и тука оддалеку, преку помпезниот дух на урбанистичките замисли на Л’Анфан, францускиот архитект и американски револуционер од 18 век, и на градителот на вашингтонскиот обелиск Роберт Милс што го подигнал во втората половина на 19 век – таа извишена тежишна точка на семоќта, пренесена од духот на најдревните градби на денес мртвите градови од фараонски Египет во Африка, преку Париз на ампирот, наполеонската грандиозност и помпезните аксиометриски поставени зданија до кои водат широките булевари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш не го знаев сето тоа, не ја познавав во детали технологијата на власта; но со интуиција (тоа прекрасно орудие за сознание само на младиот човек), чувствував дека не треба да го потпишам формуларот на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секавично помислив што треба да речам, за да го смилостивам. Да се инаетиш - не помага.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа следат и неколку слатки, приготвени првенствено од млеко, како сутлијаш, сутлаш (од турски sütlaç).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Британците се надевале дека таа група би соработувала со групата која требало да врши диверзии на железничката пруга Скопје-Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кулата треба да биде седумдесет и четири стапки висока и седумдесет стапки широка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со пресна вода требало да си го измијам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но за да се раскаже таа сторија требаше да се вратам неколку години наназад, во летото на 1978 година кога за првпат се сретнав со соборецот на Јасер Арафат, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, заедно со неколку палестински поети, во Струга, на бреговите на Охридското Езеро, кое го сметав и за своја конечна татковина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував да се извлечам од улогата на совршен слушател и на нешто да помислам: излезе дека тоа беше часот по психопатологија на којшто, за алергијата на полен, ние, студентите, требаше да пронајдеме дефиниција.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Членовите на советот не можат да одбијат да гласаат за прашања што ќе ги постави претседателот на советот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оглед на големиот број невработени во државата од 400 иљади мислам дека Владата би требало да преземе активности кои би се однесувале на заживување и ангажирање на толкавиот број невработени.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Само треба да се искачуваме боси. Собувај ги опинците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„И натаму размислуваш фаталистички. Како и пред да заминеш во психијатриската клиника,“ рече Мина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И дури се простуваме ми текна дека за ваква слава треба да има и деца.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вие нема да го колете, туку со пушка треба да му пресудам јас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Доколку не се обидеме да ја оправдаме, ќе попуштиме пред движењето на инфлација на кое пред малку укажавме, и кое исто така го зафаќа и зборот “писмо”, и тоа не случајно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помина многу време. Ако било полноќ кога го одведоа човекот со лице-череп, сега требаше да биде утро; ако било утро, требаше да биде попладне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
СОФРЕ: (земајќи го). Што ти требаше да се арчиш... (Го разгледува радосен).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мој совет е: одбери ги најслачните - бесрамно ја соопштуваше својата понуда добро обучениот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ридот ништо не родил“, повторува тврдоглаво таа, „туку сѐ што дојде и сѐ што не успеа да се врати од тој рид беше дело на оние будалине што тргнаа да го освојуваат иако не знаеја што токму ќе треба да освојат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А и да постоеја некакви чекмеџиња и фијоки со некакви безвредни нешта во нив, може да станува збор само за работи што не можеле да му служат никому освен на ограбениот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не станува збор за покажување моќ, туку за џентлментски договор што треба да се почитува, дури и ако не постои закон!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Уште од сред куќи кога се јави, се присети оти таа треба да биде, но кога дедот Ристе рече оти „си загубиле некое шилеже" начисто беше оти таа е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Летото пристигна без посебни најави во првите недели на јуни и требаше да се преземат итни мерки, зашто за време на мисата, задушувајќи се од топлина, болните жени почнаа да ги соблекуваат своите зимски облеки од етамин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одеднаш, како да слушна дека зборува некој друг, Винстон се слушна себеси како вели со длабок громок глас дека нему треба да му припадне целото парче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Што ќе предвидуваш!“, му велам јас, „треба да се копа“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако некој треба да се жени- попот треба да го венчава.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тоа што мислиш дека го сакаш, не е вистинското, тоа е она што мислиш дека треба да го сакаш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Треба да се надеваме дека кризата ќе се надмине. Баба ми Мирјана вели - По дождот - сонце!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од новата фонтана пред градскиот парк бликна млаз свежа боза. Луѓе како луѓе, се собираа пред чудото. Некои дури и се напија од бозата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„О, бое! Не може така. Ова треба да личи на маркет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Особено Патријаршијата, како установа вселенска, треба да престане да постапува како установа со грчки карактер.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секоја меланхолија не е баш за во песна, некоја треба да се одмолчи и телефонски, додека сѐ уште има телефони.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Интересите на целината треба да се еднакво скапи за сите членови што ја составуваат: од неа треба да имаат сите еднакви згоди и во нејзина полза сите треба да прават еднакви жртви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гудалото нежно ми се лизга ту во минатото ту во иднината и ме потсетува дека некој нашинец најпосле треба да му ги истегне ушите на времето пред да ни се исушат сите ритки и пред да престанат да ни врзуваат стебленцата веќе онемени од носталгија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Требаше да се направи мало скеле и макара. Тука се изгуби еден ден.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Климент Камилски, според планот, сакаше да го провери живото постоење на централните набележани заемки, како што се покрај чаршијата и еснафот, уште и ќерпичот, сокакот, маалото, капиџикот, калдрмата, кааван-сарајот и други, кои требаа да бидат и коти на прошетката со Татко во стариот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Се разбира, можеби постојат исклучоци” додадов „но тоа се мали недоразбирања и хулигански пројави на неодмерени поединци, а тие поединци барем засега и не би требало да се сместуваат во оваа фела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ана ми го подаде доминото, и јас го спуштив во кутијата покрај мене, во која на голем куп беа ставени книги, сувенири, дребулии кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оти рече Филозофот: „Јас буквите ини на карпата не можам да ги прочитам и да ги узнаам; најпрвин на хартија или пергамент треба да ги ставам, за да може топлината да им се врати каменот што им ја одземал, што им ја шмукнал, па потем, според топлината на буквите ќе им ја определам светлината, бојата нивна, и конечно, значењето нивно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Треба да ја свршам оваа работа уште сега“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор сѐ поодредено чувствуваше некакво жестоко задоволство поради тоа што, еве, ги собрал - тој и никој друг - сите оние со кои требаше да се пресметува, добро да се погледаат очи в очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Ќе останам овде ноќва.“ „Треба да патуваш.“ „Патувам утре.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За крај тој умесно заклучува: „За правда секогаш треба да се избориш!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И тоа и треба да остани во минатото.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога би требало да погаѓа, би рекол дека тоа е тело на човек од шеесет години, кој страда од некоја тешка болест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ниту САД, ниту блиската Италија, за која се велеше дека дури и директно била вмешана во државниот удар. По дипломатскиот подвиг со молскавичното признавање на Тунис од страна на Југославија требаше да настанат помирни и попријатни денови во мојата мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Резултатите требаше да стигнат од Военомедицинската академија во Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ах, - си мислев, - да требаше да доаѓа со нас и мајка ми, колку многу нервози ќе имавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тивкото гртење и покажување на забите беа првото предупредување дека Дончо треба да се тргне понастрана од Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ловот никогаш не се ветува, тој ниеднаш не треба да биде измислен, однапред, тогаш тој престанува да биде лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше уште да се одредат правилата на однесувањето на противниците во двата табори, секој наоружан со свои зборови, кои требаше да се најдат како жртви на првите борбени линии...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар треба да чекам светски мир на земјата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па нели заедно треба да го чекаат мигот на рожбата. Несвесно се фати за стомакот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се разбира, времето ги изведе на виделина сите лажни но и вистинитите претпоставки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но тоа беше само интелектуална одлука, донесена затоа што знаеше дека треба да ја донесе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Земанек застана до разбојот, и сите ние, машките, почнавме да му довикуваме; сите му завидувавме, затоа што таа помош што требаше да им ја пружи на девојчињата подразбираше да ги фати за половината, да ги поткрене за да ја дофатат пречката и потем, при слегувањето да ги дочека на ист начин: околу половината. (Го правев тоа во циркусот потоа милион пати, но никогаш со Луција, туку со други жени).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако новото течење од гледиштето на комитетите е нешто опасно и непожелно, тогаш тоа треба да се искорни уште при самиот зафаток; ако тоа само по себе нема почва, тогаш треба да се остави само од себе да исчезне; а ако е полезно за Македонија, тогаш ќе треба да се поддржи од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти си таа која треба да одлучи што понатаму и со кого ќе живееш?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Содржината на пораката, по дипломатски пат требаше да се пренесе на соодветното место.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Што е ова?! - велеа некои од селаните, - уште се деца, а деца треба да раѓаат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога заврши собирот, требаше да отпатувам со воз во Истанбул.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поради овој разлог, јас не сум сигурен дека сум го разбрал.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Боги, чие име би требало да произлегува од прекарот на прочуениот Хемфри Богарт, беше, како впрочем и неговиот газда, молчаливо, мрзоволно суштество.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во Берлин знаат како треба да се заврши работа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ми се чинеше како и тие да сфаќаат дека оваа пролет треба да пеат некаде на друго место...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
По службена должност судот може, најдоцна на подготвителното рочиште, да се огласи за месно ненадлежен и тоа само кога постои исклучителна месна надлежност на некој друг суд (чл. 19, ЗПП). 146 Кукулев против Радио Велес Спор за неисплатени плати и придонеси1 Victus victori in expensis, condemnandus est.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мајка разбра, ако не сѐ, барем дека треба да молчи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, во овој втор спор во кој бараа надомест на штета поради неисплатените плати за периодот кога незаконски беа отстранети од работа, Н.Н. ангажираше нов адвокат (Г.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа идеа е можеби спасот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Треба да го пукнеш ѓаволот, вели Уља, треба да го излажеш дека не ти е жал за децата, да го нападиш од дома. Во туѓо село да го нападиш, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Марија... во онаа есен требаше да ставиш на глава бел венец.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе нивелирање требаше да се изврши пред да ги добијат рампите финалните контури.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ете зошто македонската интелигенција, ако ги проучи подробно своите интереси, тогаш на прво место треба да постави и за себе и за својот народ: со сите свои морални сили да ја зачува целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Долго време членовите од еден народ треба да се занесуваат од едни исти народни идеали, општи и свети за сите членови на народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Соочени со фактите дека сите нешта завршуваат и дека простувањето од животните задоволства ја има околу себе неизбежната атмосфера на тага, навистина има такви кои би го скратиле или избегнале збогувањето; коишто, уште повеќе, чувствуваат дека од она што и онака мора да се заврши (т.е. од сѐ, дури и од уметноста) треба да се збогуваме брзо, ако воопшто и сме започнале со тоа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По планот на Беличот – отсега така ќе го викаме светлокосиот – со возот требаше да се префрлат до последната станица, а од таму со камион или некоја кола да продолжат до бригадните логори.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Курирот ни своето име не им го открил на убијците а камоли да открива туѓи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Сѐ што е на хартија, лесно гори“, одговори тој бришејќи си ја потта од челото. „Треба да се одбегнуваат таквите“...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И колку таа ќе ја охрабри изненадата Најиспробаната метода што треба да ја навести победата. (Упатените ја паметат опсадата на Троја. Огромниот дрвен коњ.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога наеднаш машината здиве и тргна кон мене, но веќе не се движеше лазејќи, се знае колку бавно се движат валјаците, туку се престори животно; троглава аждаја со осум нозе; и јурна тоа чудовиште да ме брка за да ме престори обична страница за нашиот гратски весник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш завршуваше само замислено да чекори крај бреговите на езерото, осамен, гледајќи ја играта на брановите, споредувајќи го животот со судбината на токму овие бранови, кои секогаш одново треба да започнуваат со патот кон брегот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На гладна мандија не треба да ѝ покажуваш коска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но вака може да се размислува па и да се донесуваат оценки само благодарејќи на фактот дека за наша среќа но и за среќа на обвинетиот не се предизвикани поголеми штетни последици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
140. Веројатно е печатна грешка и треба да стои VII век, бидејќи дури тогаш Словените во Македонија се конечно населени и образуваат посилни племенски сојузи за борба против Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти не кабули ни син ми да го венчаш, а се стори кум на Ѓупците!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
По свршувањето на неговиот реферат, зеде збор младото „попче" и откако им ги пренесе пораките и благословот од дедото владика, почна да дава совети и предлози, што треба да направат селаните за нивното добро и просветување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ти си прав, и јас може да имам кабает. Сите треба да го ставиме прстот на умот...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Па тогаш, би требало да ти одговорам, миличок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Невестата Митра ја кренала последната подница од погачите, но пепелта уште не е ометена, оти тепциите треба да стојат под вршник да не се оладат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отец Симеон тоа го претчувствуваше: „Хирург сте како на сликата на Рембрант?“ Иван мирно објасни: „Сето тоа не е битно за она што треба да разговараме.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не можеш да се помириш со идејата дека треба да се разубави она кое без престан ги поместува стандардите на убавото: таму некаде ја бараш смислата на уметноста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Главниот удар се пренесе сега долу, на реката, која што требаше да се разбуди од вечната дремка и нејзините застојани води, што сега мрзливо се влечеа под жарот на летниот ден, кога ќе паднат првите есенски дождови, да заструјат по новото корито ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се проценуваше поставеноста и формата на вратот, грбот, рамениците, со посебен увид на косата, очите и усните.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Долгот си е долг и треба да се врати. Но, сенарот мислел поинаку.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако сме логични, тогаш треба да признаеме оти автономијата на Македонија, за која досега револуционерите се бореа, има смисла само во тој случај ако револуционерите согледуваа во нашиот народ такви квалитети и особини што се немаат кај другите балкански народи, а се само наша карактерна црта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еднаквата одговорност, значи, за воспоставувањето на темпоралноста денес ја означувам со терминот „фразирање“, во смисла на комбинирање на одредени елементи на популарното општество низ културни слогани и корпорациски заштитни знаци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ми беше малку срам, незгодно, зошто не знаев какви луѓе се и за што треба да правам муабет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Треба да зачекорам од почеток, се сети неочекувано додека ги одврзуваше чевлите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неколку графички конвенции се учат во училиште (како писмото треба да изгледа, како да се напише адресата на коверта, како да се постави научен експеримент или математички проблем); но не се подарува внимание кон учењето на општите принципи на визуелната организација на јазикот коишто би можеле да се употребуваат во различни прилики, ситуации и технологии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Многу недели подоцна , кога ме сместија во Установата за душевно неурамнотежените, и кога му раскажав на човекот од бараката број три за прогонот на Непознатиот на Слатински ливади тој постојано ме подучуваше дека требало да се поднаведнам во моментот кога ме престигнувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа мора да се внимава на многу нешта, на пример, на длабочината на вербата, на доживувањето и кажувањето на стиховите, на тие звучни синџирчиња, на тие проѕирни вирчиња, треба да се внимава на редоследот на вокалите, акцентите, паузите, на отворањето на устата, на положбата на главата и ставата при рецитирањето, итн.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Змејко го сети тоа исто онака, како задоволство од некоја многу тешка, но свршена работа, од која сега требаше да се одмине понатаму Беше тоа еднаш едно негово постојано чувство, и сега тој пак го имаше него, исто онака чисто и силно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба да бидеме слепи за да не го видиме тоа што е очигледно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега бев како во оној сон што ми се повторува: Треба да го облечам новото палто, но тоа ми е тесно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Требаше да се запознаеме со многу видови оружје, кое требаше да им се продава на нашите блиски неврзани земји за скапи пари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа требаше да биде лесно но, на ова или она место, постојано ја губеше сметката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Не си прав — му одговори Толе. — Луѓето со таква сила и здравје не треба да го ведат својот јак грб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Умот требаше да создаде слепа точка секогаш кога ќе се појави некоја опасна мисла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
90. За да се увериме во тоа дали моиве заклучоци за резултатите од востанието се правилни или пак приговорите на моите противници се правилни, ќе треба да се разгледаат тие настани од најновата историја на Македонија во кои најсилно се пројави националното самосознание, а имено, ќе треба да се разгледа: преродбата на Македонците, настаните што послужија како причина да се разбуди народниот дух на Македонците, какви размери и каков правец зеде тоа разбудување?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Треба да се напомене дека борбите никогаш не се преместуваат зад рабовите на спорните територии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кај нас la democratie nest pas pour demain! - ми нагласи Бургиба на јасен француски јазик дека за демократијата во Тунис ќе треба да се почека. ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја пие густата чорба, ѝ доаѓаат мевца и без да ги разџвакува, ги голта и се обидува да открие дали некој го заушил нејзиниот старец, дали не ќе проговори Чана дека и нему треба да му се тури од чорбата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Треба да знаеш дека во мојата пракса имам евидентирано приличен број необични случувања кои по внимателните и сестрани анализи ја губеа магијата на таа необичност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Меѓутоа, главниот аргумент на Гамбони беше тој дека вандализмот на уметничките дела не смее да се разгледува независно од уметничките и теоретските аспирации.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Првостепениот суд стапи во контакт со Факултетот во Белград од кој доби одговор дека, за да се направи проверка на тлото, треба да се извршат сондажни дупчења околу куќата и под куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Според неговиот резон, требаше да бидам внимателен, да не се наметнувам пред големите сили кои имаат историски влијанија и право врз малиот Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што ми требаше да молам да се врати од Албанија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патем беа жртви на бирократската тортура која требаше да одлучи дали се подобни за посвојување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Требаше да смислат и нови закони, да се отфрлат соништата, да се открие револуцијата, да се наложи, ако ја немаше, да се измисли...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Треба да се потенцира дека со оваа измена престана да се применува концептот на загарантирана минимална плата со закон а која претставува загарантиран минимум под кој не смее да биде исплатена плата на работникот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се случило еднаш, кога аналитичките служби на министерството останале без крунски аргумент за една инструкција која требало да се испрати до сите амбасади во светот, тогаш министерот решил да побараа мислење од улавиот дипломат на мансардата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се донесе и кутијата на одлуките, во која секој од нас требаше да спушти по еден лист на кој претходно требаше со калем да се сочини крст, како знак за согласност со приемот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа е општоважечко правило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше сигурен во себеси. Арсо требаше да најде некаков излез.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Децата играа во градината, му помагаа на стариот Раиз во борбата со дивите тревки и кревањето на големите суви палмини гранки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ноќта заминавме и требаше да извршиме напад врз Германците, под Неготино, да ја нападнеме германската колона.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На него треба да се создаде една богата училишна, научна и убава литература за да може преку нив да се рашири низ цела Македонија во вид на литературен јазик што ќе ги измести од неа јазиците на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сосема ретки се вонвременските сонови И нема вонвременски аршини Со кои да се мерат и да се толкуваат сните А секое толкување на секој сон Треба да се прави со многу дикат
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А како доказ го истакна претходното решение на второстепениот суд во кое се вели дека увидот, испитувањето на тлото на куќата, треба да го извршат стручни лица или установа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Треба да се издржи, мила. Само уште малку да се издржи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Задишан се врати на местото на кое требаше да го чека жената во црно, но таму не го чекаше таа, туку налутените баба и дедо придружени од полицаец.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Некој би требало да го запали тој човек.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Требаше да се направи пауза од седум дена, па да почнеш со вториот циклус, но поради општата лоша состојба во која се наоѓаше паузата се пролонгира на дваесет дена.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И ако ги видиш прерано, или предоцна, како да си убил нешто во себе, нешто што дотогаш во тебе живеело, или нешто што допрва во тебе требало да се роди.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Овој приговор е многу сложен, затоа ќе треба да му се одговара на секој дел поодделно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа треба да е затоа што еве уште не можам да прежалам што не смогнав на времето да га опашам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Брзам да ја прочитам, зашто треба да ѝ ја вратам...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дико тоа чекаше. Се правеше неизмолив и упорно повторуваше дека Бошко ќе треба да си плати за грешката додека најпосле не рече оти тој сака да му помогне, ама еве не може.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Резултатот треба да биде забава со големо З, бидејќи, според мене - доколку режисерот не забавува, тој само губи време.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
До пред некој месец се сметаше за избраник на Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И за слава на светецот што треба да нѐ чува до крајот на војната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Договорен систем за означување на локацијата на нарачката и на одговорноста за нејзино плаќање - каде треба да се однесе чоколадото, и кој треба на крај да ги изброи парите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тој треба да плати. Само тој. (долго молчење) Никој не му нареди да убие.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Знам, се насмеа црниот човек треба да лежи распаран на прашлив друм, гаврани да се огледуваат во стаклата на неговите очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
– Мислам дека ќе нема потреба да те потсетувам - ме предупреди тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Планините на сабајле треба да се лижат штедро, скокотливо, одвнатре по преслапите, по пресеците, по вршниците дал-господ јазици и за на небо и за по земја и под, и над, и пред и по треба да се диши длабоко, однапред да се ублажи налетот на дневниот молк сѐ до следната средба со ноќната граматика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но за да биде таа служба благодатна, нам ќе ни треба да создадеме народни служители, народна интелигенција што ќе му ги посвети сите свои сили на народното благо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И покрај именувањето за социјалистички судија, тој мошне добро ја знаеше тежината на новата позиција, останувајќи крупна ѕверка која талкала по повеќе балкански дивини и на која, еднаш засекогаш, требаше да ѝ се постави вистинската стапица, од која не ќе може да си ја спаси главата!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дури и при употребата на зборот „ двомисла“ треба да се применува двомислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку часа Ц стоеше на местото каде требаше да го чека жената во црно, но таа не се појави.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некоректното однесување кон кодошот? Мисли сериозно?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Треба да се истакнат предностите на социјалната политика чијшто креатор е нашиот татко на нацијата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Голи, без облека, која треба да се намота и да се исткае.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од едната детска соба треба да направиш спална за 5, 6 деца со кревети на кат ‘ко фиоки поставени едно врз друго, како кибрити, а другата детска ќе ја претвориш во туш кабини зашто само за капење твоите и нејзините, па и ова заедничкото, ако не дај Боже се роди, очи ќе си ископаат, или коси ќе испокубат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, Претседателот продолжи: - Јас мислам дека требаше да оставиме уште некого со тебе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега, поради едни велосипеди можеме дури и сериозно да настрадаме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По тоа се тргна настрана, насладувајќи се однапред на она што требаше да се случи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Господ си игра со нас и тоа е неподносливо. Моцарт треба да биде уништен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Еразмо се кршеше некаде помеѓу желбата за земска храна, за удобност, за сладостраст и среброљубие – содржина на разјарениот бик кој требаше да се гони, да се вглави и здодевните разговори со сопственото живо битие што одвај преживува, полно со животен сјај во очите, со мрачнина и студенило во душата, со поглед насочен кон височините во потрага по вистинската желба за битисување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Германците не се мешаат многу со народот. Само кога треба да купат јајца.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откако ќе го сврши тој своето образование во Србија, каде тој треба да оди: во Бугарија или во Македонија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Таквите околности не смеат да се користат“, гласеше неговата опомена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Продолжив да размислував за пораките што ми ги упатуваше стариот Раиз, со кралско име, а со обична, минлива судбина. Во мислите ми се вплеткуваше анти-телеграмата за маргиналниот јунак на Картагина со содржината на телеграмата што ќе требаше да ја пишувам уште вечерта во амбасадата, по приемот кај новиот владетел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
— Не требаше да ти кажувам, вели, извини што се избрзав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постмодернистичкиот дизајн не би требал да тежнее кон вонвременското, нему му е допуштено да биде ефемерен и условен од ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Овој процес треба да биде свесен, инаку нема да биде изведен со потребната прецизност, но исто така треба да биде и несвесен, зашто во спротивно ќе донесе чувство на лажност, па оттука и на вина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеше многу работи за дивите кози. Знаеше како треба да се ловат сите дивинки, но за дивите кози тој сега просто почувствува по својата кожа како му се приближуваат оние волшебните пет минути, што се потребни за тој лов, исто како што е потребна и пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Значи треба да ѝ речам на публиката дека ова што го видоа вечерва, не важи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога се вабат, мислеше, секако не е ни толку вистинско, за да биде онака добро, какво што треба да биде; тоа го разјадува дури и чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да се види секој слој на таа текстура, за да се знае секоја состојка на сите тие слоеви кои го сочинуваат човечкото суштество, требаше да се направи првиот чекор – да се отстранат илузиите, а најголема од сите илузии, сметаше тој, е религијата со нејзините догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од дарови за невестата треба да купиш само нежно син фустан за во матично (во бел нема шанси), дека е со фалинка и таа како тебе ,има напукнат брак, па сронат во стакленца ситни и такви исти ситни деца …неколку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тукма Пелагија подзапре, ги погледна редум Роса, Деспина, својата слика во Пеличка, па мајката Перса и од неа се одзатна еден страдалнички глас Мила тетко Персо, мила мајко Персо, оваа жена е за пример како треба да се чекори во животот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Фрли сега повеќе од страв, отколку од сѐ друго, фрли сѐ уште со онаа наостреност во себе, но си го исфрли и последното зрно и знаеше дека му преостануваа само уште неколку мига, во кои требаше да се реши сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ноќта, кога се колнеа во љубовта што го потврди непишаното правило дека таа може да се роди и на прв поглед, Авни ја преточуваше нејзината долга коса низ прстите велејќи ѝ дека тоа го потсетува на заграбите трева во ливадите на Орлик, кога како дете ги пасел говедата. Ѝ велеше дека нејзината коса го потсетува на мирисот на тревата, на питомото и дивото што извирало од нејзините жилки, претворајќи се во жештина што треба да се истури и дека тој ја чувствува таа потреба затоа што топлите, танки прстиња на Сања, веќе се шетаа по брановите на неговата црна коса, по тилот, и продолжуваа по вратот, по рамената и надолу по грбот, слегувајќи како повев на јужен ветар на страните од бутовите во кои Авни ја нафрли сета своја машкост вовлечена меѓу широко раширените нозе на девојчето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Е, фала ти, му велам, значи јас треба да одам нагоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Докторе, докторе”, му велеа луѓето, „гледај ти од државата да добиеме отштета за добитокот што ни го голтна војната, а не држи предавање како треба да се јава крава...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие треба да имаат предност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници" и „божи угодници".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А бидејќи во автономна Македонија ќе нема место за пропагандите, тогаш Србите ќе треба да им отстапат место на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А културниот човек, за да има право да се наречува таков, треба да гради, а не да руши.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш им зборуваше дека земјата што еднаш ја знаеја како своја се распаѓа и дека војната е реалност на која треба да сметаат и за која треба да се подготвуваат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Е тука се зезна, го знаеше тоа ... Знаеше дека не треба да го каже тоа, а секогаш го кажуваше, на крајот некако му се испушташе, можеби затоа што и тој потајно сакаше да се најде решение за тие луѓе, тој се надеваше дека ќе се најде решение барем за некој од нив, тоа „којзнае” беше негова лична надеж.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сакам да се обидам, барем на дел од тие зборови, овде во Маказар, во местото кое, реков, треба да е брана против оттуѓувањето, доказ за трајните вередности на наследството, да им ја вратам одново таа важност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Би требало да чукнам во дрво. Да не се урочам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го запали и малото газјениче, кое многу ретко, во исклучителни случаи се палеше, зашто инаку и немаше потреба, ја стави крај огништето и сета расположлива борина, која служеше за потпалување, а и за осветлување кога по темница требаше да се појде надвор, до стреата или до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зато треба да се склопува со разум и одговорност, а не со некакви младешки чувства и соништа кои немат врска со реалноста.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зоки се жртвува Стариот чичко доктор дојде да го прегледа болниот Зоки и притоа рече: - Ќе треба да му ја испитаме крвта на Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но ако и има ограничувања, тие ограничувања треба да бидат разумни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Би требало да ме утеши таа мисла.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ама сепак подобра земја на овие простори на Балканот не може да постои. Треба да се бориме за да се спаси!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој посебно нагласува: „основно е дека ниту еден член од нашата организација не треба да има ништо со овој човек и секој интерес што би произлегол како резултат на локалните контакти или обиди да се заинтересираат нашите членови за него мора енергично да биде обесхрабрен.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Еве ми уште една беља! - си рече, застанат така покрај студениот труп на овцата. Не беше начисто што треба да прави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сите пари јас треба да ги држам кај мене. Јас, ми се чини, разбрав што кажува.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За да се достигне таа цел требало да се состави одделно друштво од лица за кои изучувањето на Македонија во етнографски, географски и историски однос има првостепено значење; а такви лица сме ние Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На нагорно треба да те турка некој, а на надолно треба сопирачки да си врзиш на нозете, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Темен ми се облак зададе кога видов кој треба да ме пребаци од оној на овој свет.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Треба да даваме со чисто срце, човечки, со убава желба, а не за да се фалиме, или пак да очекуваме тоа да ни се врати.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Освен тоа, треба да има униформа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Винстон, покрај редовната работа, секојдневно минуваше долги часови над комплетите на „ Тајмс“, менувајќи ги и разубавувајќи ги написите што требаше да бидат цитирани во говорите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Треба да ги изведеме одовде, да ги преведеме некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мене сосема ми е блиска идејата дека целиот свет е само еден запис што треба да се прочита, и никакви други филозофии тука не помагаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Многу деца настрадаа, ни рече Огнен Ѓорго и затоа не ви треба да ѓибате. Ако видите нешто, забидете го, опулете му се и заминете си. 221
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Костадин не се лути, не се развикува како што знаеше да прави, седи така облечен во неговите алишта, климка со главата ама лицето не го врти на кај неа, пак мирно го пушта својот глас, мек, топол и во него топла грижа дека таа навистина треба да си поспие да собере нови сили, а тој ќе бдее врз внучињата нешто да не ги нараси, да не се појави стаорец од некоја дупка и да се полакоми по некое носе или увце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Иронијата да биде поголема, во центарот на Новата лисица беше стационирана џандарска станица каде се апсеа само ситните дилерчиња кои одвреме-навреме требаше да послужат за маркетиншко политички потреби.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со тоа требало да се докаже дека властите дејствуваат решително и строго против револуционерите, но во исто време на Европа, којашто постојано вршела притисок за спроведување на реформи во Македонија, да ѝ се даде на знаење дека турското правосудство не се разликува многу по својата „демократска“ постапка од европските судови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Утрото треба да одам пак кај Роса, да потажам. Свеќа да ѝ запалам. А свеќа, пусто, нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го обвинуваа арапскиот генерал Амур Бен Ал Ас, освојувачот на Египет во 642 година, кому, прашувајќи претходно за судбината на книгите на Александриската библиотека, калифот Омар му порача: Ако се сите книги во согласност со Куранот, тие се неполезни и треба да се уништат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Јас, вистина, сум секретар на КОЕМ, вели, но не знаев дека требало да бидам и секретар на државната безбедност...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сликата сепак не може никогаш да биде целосно реставрирана.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Требаше да се следи уште православниот чин на атеистичката гротеска во музејот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Тина успокој се, Тинче, - плачеше и татко ми, а јас знаев дека и нему му е многу тешко, поради целиот овој наш разговор и поради тоа што, ете, така се случи со нашето семејство, што треба да се мисли на вакви мачни судбоносни работи...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа треба да се измијам и да каснам. Канчето за чај ми е здраво, филџанот, колку и да го миеш, го има мојот мирис.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На мисијата ѝ се сугерирало да не зема директно учество во преговорите и на локалниот командант требало да му соопштат дека тие биле „таму само во позиција на посматрачи“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се водеше битка со дамна починатиот владетел...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во седум, Рада беше пред вратата на Роска. -Ајде, влегувај! Има уште некој, со кого треба да испереме уста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ни песот - веќе не квичи: можеби сѐ така треба да биде, тој да се вози, детето да чекори крај него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Работната атмосфера во фирмата, барем во времето кога се работеше „турбо“, беше пристојна и релативно добра – иако и тогаш нормите, на кои работеа претежно работничките, беа вртоглаво високи [на пример, една работничка која работеше на боење на сервисите со златен пораб, во текот на осум работни 248 часа, требаше да изврти минимум 3.600 чинии и сама, без ничија помош, да ги пренесе до палета за сортирање!?].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Просто човек во пролет, кога се видеа дивите пајки и дивите гуски, требаше да внимава кај гази низ ливадите за да не настапи на некоја седелка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не запознаја, и родителите решија дека треба да се земиме.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Народот е ослепен и оглувен од страв и треба да му се каже кон кај треба да гледа и што треба да слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Она што јас го подразбирам под „буквално преведено значење“ е блиско до поетската метафора, но не треба да се меша со неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Да. Црквата треба да биде имено Едина и Соборна, а не српска, грчка и бугарска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
72. А тој слаб интерес е резултат на разочарувањето на Русите од „братушките”. Значи, и за тоа треба да им речеме на Бугарите: Сполај ви!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби не видов сѐ што требаше да видам но она што не требаше верувајте ми - бидна! 12.02.2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Против правосилна пресуда странките можат да изјавуваат само вонредни правни лекови, и тоа: Предлог за обнова на постапката [без оглед дали пресудата била првостепена или второстепена] и ревизија [само против второстепена пресуда].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако тргнеме во спротивни насоки не довикувај ме повеќе, заминувам, оставајќи на судбината: „така требало да биде“ Не доаѓај повеќе да ја собираш дождовницата од пресушените очи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Треба да оставам сѐ и да се подготвам, да исчистам, да средам, да наместам соба со кревет и со другите најнеопходни работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа го навестува на дистанца од неколку столетија; треба да се смета токму врз таа скала, вардејќи се од тоа да се занемари квалитетот на едно мошне разнородно историско траење: неговото забрзување и неговата квалитативна смисла се такви што е можно, исто така, да се излажеме дека мудро проценуваме следејќи ги минатите ритми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Срцето не можеш да го излажеш ниту да го украдеш животот, не постои конспиративен к’смет, ќе биде тоа што треба да биде, тоа што е судено, веќе некаде напишано за сите нас, откажете се од илузиите дека е поинаку.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако сега, во најтешките моменти, го напуштиме, тој ќе ја изгуби таа вера во себе и ќе го вратиме делото за пет стотини години назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеби поради муабетот со една раскажувачка, која всушност повеќе е преведувачка со блескава насмевка, затоа што, прво, замислете, не јаде благо кога ѝ нудите и, додека јас мислам дека е поради забите и каријасот, таа ми раскажува за холестеролот во крвта и препораките од „типот“, кој по дома ѝ е маж, а по надвор и доктор, како сѐ треба да се спушти на количество од една третина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури и да е осум, во шест треба да си станат ако сакаш да стигнеш да го фатиш авионот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако во антиката луѓето се жртвувале во името на Дионис, сега тие треба да се жртвуваат за новиот господар, Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако ме одвоите од дрвово, тоа ќе престане да ме сонува и мене ќе ме снема!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вистината е Српска или ја нема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Требаше да ѝ ја јавам големата вест за крајот на изградбата и таа од своја страна да ми јави дека конечно ја завршила студијата и дека доаѓа кај мене во Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секој од нив во музеите, ископините од античките градови, арените, тврдините, требаше да ни ја дополни големата идеолошка лекција што ни беше наменета заедно со соц-реалистичките театарски претстави што требаше да ги гледаме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука беа армиите од евидентичари, чија работа беше едноставно да составуваат списоци на книгите и на периодичниците што требаше да бидат повлечени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Им велам дека многу се болни и треба да се лекуваат во болницата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ги скротнаа воловите, не почнаа да играат комитски игри како секој ден, туку наседнаа на една ледина и заумено молчеа како тие да беа оние што требаше да видат што ќе се прави сега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но ако го споредиме српскиот шовинизам со бугарскиот национален индиферентизам и ги разгледаме од македонско, па и од општочовечко гледиште, тогаш ќе треба да признаеме дека српскиот шовинизам, како резултат на основно изучените народни интереси, стои многу повисоко, и многу погоре од бугарскиот национален индиферентизам, којшто е резултат на отсуство на секакво разбирање на бугарските државни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повреденоста во мене ќе го истисне, ќе го отфрли, ќе барам здраво место, тврдо тло, на кое ќе треба да ставам нозе и да застанам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оваа земја треба да ја минете надолж и попречно за да најдете некого што има шизофренија а да не е под медикаменти, или да има психијатриска нега, и да не е во бегство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ристе не можеше да стои на нозе, камоли да оди, а сиот онака отепан требаше да се полекува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога му ја донесоа дома и кога требаше да ги спојат, тој избега од дома и живееше во плевните или во некои напуштени куќи или во камбанаријата на црквата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
КОСТАДИН: Дури од Божиќ! Погача треба да му испратиш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ПОП ЈАНЧЕ: Народно гајле, Анчо. Ако умре некој- попот треба да му мисли да го закопа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Треба да се забележи дека, освен ЦК, малкумина позначајни раководни личности биле уапсени по Солунските атентати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па тогаш не треба да се чудите, да се инаетите ако некоја желба и не ви е исполнета.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
За разлика од Катон, Сципион, сметаше дека Картагина треба да продолжи да постои! Картагина му се противеше на Рим. Голијат против Давид!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А потоа, само четири години по неа, кога и таа наврши двајсет години и кога и таа се посврши, само еден месец по свршувачката, умре и Милјана, како и сестра ѝ, одненадеж. ја закопаа во гробот Миличин, коските Миличини ѝ ги ставија од мишки на Милјана, божем требаше да ги однесе таму, на небо, кај душата нејзина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А права љубов, искрена љубов треба да се круниса со венец.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но требаше да има цел ред докажувачки оти работата на комитетот не е врзана со интересите на соседните држави и народности, а им противречи и е во полза не само на господствувачките, но и на сите други националности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Ќе речеш лопата и што ќе помислиш? - Дека треба да копаш ров или да закопаш некого...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Треба да се верува дури и во невозможно, да се нема ни очи ни мисла за ништо и од сета оваа луња да се излезе со глава на рамениците.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Помислувам: договорите со него, впрочем како и поединостите што требало да бидат извршени, не се ништо друго туку задачи запишани во училишниот дневник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Маргина“ ќе има двојна функција: од една страна да ги „пополнува дупките“ на комуникациски рудиментарната македонска култура, а од друга страна токму треба да прави дупки!
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Треба време, велат сите! Време требало да мине за да ги зарасне раните.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Авторот во овој роман настојува во конзистентното следење на една идеја според која козарите треба да се трансформираат во пролетери.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Вдовец си, знаеш што сакам, рекла Фиданка Кукникова и пркосно и потсмешливо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рече дека идната визита ќе треба да ја направам по три дена. Во понеделник. Во осумнаесет часот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поради недостатокот на информации од самото место, барал мисијата да биде составена од еден оператор за радиоврска, и еден српски офицер кој требало да дејствува како офицер за врска.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Затоа балканските стратези за преобразба на милионите козари во работничка класа требаше да причекаат други, поспокојни времиња или да се откажат од големите ликвидации на козите, а дотогаш козарите и козите да бидат под будното око на комунистичката партија на народната власт!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше патот до кој требаше да се стигне, но до неговото платно водеше првиот пат – работ на маглата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За таа цел од страна на ГШ на НОВ и ПО на Македонија биле упатени дописи со условите како треба да се однесуваат бугарските единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нивните деца за прв пат, барем за јадење имаа значително повеќе. Тоа не требаше да се потценува.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И цело време после самата да се карам: што ми требаше да ја прашувам, што ми требаше да се будалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби не треба да ти го кажувам ова овде, можеби се прислушува нашиов разговор, можеби ќе ти го дозагорчам животот?!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Треба да се расплетка оној трагичен јазол во кој беше стегната неговата свест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мајка ми влезе во кујната и кога ме виде со телефонската слушалка во рака што јас од возбуда заборавив да ја спуштам, очите од лутина ѝ светнаа: - За ова би требало да бидеш казнет, - процеди бесно, - ама, сега нема време за тоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој, меѓу другото, ќе треба да го реши и прашањето за официјалниот јазик, а пак да го оставиме официјалниот, прашањето за јазикот во училиштата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- И јас! – признав. – Па, што дека – си реков – Игбал вели дека зависта и љубомората се природни појави и дека треба да се признаат пред себеси.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега треба да му се даде име на детето, да се запише во книгите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Та нели светот земен е понесовршен од светот небесен, па еднакво така и од понесовршени нешта треба да биде сочинет?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кутрото Мече, иако е подобро од сите твои прстиња, треба да се жртвува за тебе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
— Не требаше да ти кажувам, вели Жења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И најпосле, кога не можеше да го искаже она што го мисли, рече: - Таа си е моја праска, нели? - Твоја е. - А што треба да чинам?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
238 Како дел од операцијата „Хелиум“ единиците на НОВ и ПО на Македонија требало да „направат што повеќе препреки на патот така што непријателот потешко би можел да ги премости.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Секое преголемо инсистирање, шлепање на одредена автентичност во смисла на посебност, дури и национална, со цел непознатото да се сведе во познати рамки, или сведување на традицијата во знак на племенско распознавање и фаворизирање на тој племенски дух, неминовно води кон исфорсирана национал - глупаво херметизирана култура.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Секогаш другиот збор во новиот ден требаше да пресуди и за конечното справување со претходниот збор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Те сакам – ми шепна во слушалката пред да ја спушти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не требаше да го пуштиш. Требаше да му се обесиш на вратот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Функционирајќи независно и клонирајќи во секоја гранка, интелигенцијата би продолжила да постои во секој од овие облици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Застрашувачкото, помисли тој по десетилјадити пат додека болно ги извиваше рамениците назад ( со рацете на колковите тие сега правеа кружни движења со телата од половината нагоре, вежба што божем требаше да биде корисна за мускулите на грбот ) - застрашувачко е што сето тоа можеби е вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас таму во очај појдов и не ќе беше право да мислам дека ќе има нешто уште полошо и пострашно што би требало да очекувам. Не ќе беше право.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Што направивме и што треба да правиме во иднина?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Треба да почнам да ја симнувам шминката. Ух, колку е здодевно!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Козлето требаше да нѐ зближи и со сите други луѓе, со овој народ, со другите народи на оваа земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Изгледаше како накиснато врапче во својот студентски капут и во пролетните сандали, и беше толку вознемирена поради непредвидената несреќа, што заборави да ги понесе клучевите од автомобилот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Допатуваа во градот каде требаше да поминат повеќе месеци. Се сместија во луксузен хотел.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Едо Бранов се чувствуваше претерано изморен зашто вчера изутрината долета од Скопје со еден ран лет, а утредента, доцна попладнето требаше да лета назад за Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Боите како сами да се редеа, како сами да се мешаа. Платното му се пристори нов отворен предел во кој требаше да зачекори, да исчезне.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да се смета дека Деридината философија е антропоцентрична може да се чини погрешно, бидејќи тој го отфрла поимот за унифициран човечки субјект.25
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто, ми вели еднаш Атанас Бамбо, не ги направиш сите работи што треба да се направат?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Погледнувам во часовникот и почнувам како да ќе ме обземе паника. Треба да брзам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но сега знаеше дека му е намалена храната на другото јагне, рожбата на овцата, па веднаш донесе во копанка солени трици, ја издвои овцата која отсега повремено ќе требаше да дои две јагниња ѝ ја даде оваа додатна храна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И, како што видовме, тој издржа сѐ, издржа како што би требало да издржи секое момче, секој човек кога ќе се најде изложен на многубројни тешкотии и опасности.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Требаше да навлезе во неа заклонет зад едно стебло, порастено на самиот раб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Светот во кој досега се движев е без вера, но не и луѓето кои живеат во него и требаше да ја сретнам твојата мајка за да сфатам и да се уверам дека има луѓе кои знаат да веруваат и да се надеваат во продуховеноста на денот, ослободени од демоните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Морав да одржувам врски со дванаесет другари од внатрешно и уште толку од надворешно.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Само со татарските методи на Ленин можеше да се урне Русија, да се сруши нејзиниот тапоглав бирократски апарат, - но! okno.mk 201
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
52. За да се поправат тие, Грците ќе треба да се откажат од својата „мегали идеја“ и да ѝ го признаат правото на постоење и на македонската народност редум со грчката во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред пространството кое ќе го здогледаше пред себе, само требаше да ја пружи мислата широко, колку што му досегаа очите и умот, да вдише длабоко заради подобра аеродинамика и да прескокне во вечноста.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ги подотворив очите и погледнав надолу, накај местото каде што ми беше тешко и од каде што доаѓаше ’ржењето, и врз стомакот видов пар блескаво-отровни очи вперени во моите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама, ако треба да се случи, ќе се случи, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дека нема да откриваш бројки, димензии, нема да оддаваш никакви податоци, цифри?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таму, ви рековме, и фашизмот го издржавме со козите, а во социјализмот, како што велите, би требало да биде полесно...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ТЕОДОС: (Бришејќи го грлото од шишето скришно со шамивчето, прави лице како да треба да испие најодвратен лек. Отпива малце.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
2 Токму во духот на онаа позната максима дека „задоцнетата правда е неправда“, мора да се стави до знаење дека вака воведените законски рокови од инструктивни, треба да станат облигаторни за судиите – на тој начин што би се предвиделе и санкции за нивно непочитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сѐ на сѐ овој проблем и не заслужува посебно внимание”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знам, треба да ја слушам интуицијата. Но, можам ли да ѝ верувам целосно?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И без неа, и со неа, тој не можеше да сфати дека љубовта, всушност, живее така, во ретките мигови на откровение што не треба да се забораваат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште вратоврската треба да ја ставам. Црна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И покрај тие нешта, кои требаше да му дадат на тој нов простор идентитет на човечка населба, тој претставуваше безличен геометриски свет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Која тема треба да ме инспирира? Ова ново време? Иронии!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Знаев дека тоа ти е само една од многуте крпеници на нашите неврзани и изнасилени разговори кои требаше да го спакуваат некако она што го правевме и кое во тој период тебе можеби и ти годеше,“ му рече Деница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа е тематски парк на кој за ужасот на масовното уништување, на потполното исчезнување, на геноцидното согорување, на холокаустот на припадници на цели социјални групи: Евреи, припадници на речиси сите словенски нации, Роми, Синти, хомосекусалци, комунисти, анархисти, јеховини сведоци, слободни ѕидари...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неговиот мајчин македонски јазик, којшто беше службено кодифициран пред само неколку години, со утврдена азбука, граматика и правопис, но со богата орална и книжевна традиција, најден во океанот на словенските јазици, група во која припаѓа, сега требаше да се ослободува од натрапничките турцизми кои со векови се одржувале во јазикот, во еден вид јазично заедништво и со другите балкански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Треба да биде назад на работа во четиринаесет и триесет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На другиот ден, рано утрината, заминав за родниот град, каде требаше да уредам некакво наследство.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа беше еден негов темелит начин, за кој не требаше да се размислува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ваквата ревносна посветеност на политичките и бизнис елити кон создавање на претприемничка клима која дополнително треба да ги привлече странските директни инвеститори е секако на линија со дводецениската заложба на сите досегашни влади во нивните обиди за беспоговорно прифаќање на диктираните механизми за економска 1 Карл Маркс, „Капиталот“, том I, стр. 134. 7 консолидација и конечно приближување до западниот стандард.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сето тоа беше добро, како што беше добра и твојата прошетка низ сите соби на неговата куќа, кога откри дека тој во секоја соба веќе има по еден персиски ќилим, од оние, што ги ткаеа девојките во текстилната бригада. Тоа ти требаше да го знаеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гарванов бил задолжен да им ги предочи на гемиџиите следниве аргументи: востанието што требало да се дигне ќе пропадне ако на чело на востаниците не застане интелигенцијата како раководител.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Даниел беше готов да ја заѕида тулата, кога една сенка падна врз неговата глетка и некаква интуиција го задржа да не ја стави тулата на местото каде што требаше да ја заѕида во ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Дојди овде“, рече Рој. „Треба да ти го допрам челото на вратата од визбата. Тоа е обичај од Стариот крај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Требаше да ѝ се даваат лековите што ни ги остави дежурниот лекар секој час.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Некаде, подолу, некои жетварки жнееја јачмен и пееја: „Горештина, омарнина веќе ми се здодеало“ Трајче требаше да мине преку мостот на реката Сатеска и да премине на другата страна кај Крива Воденица.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Треба да купиме вино, со рибата оди вино. - Знам, бело. А со виното оди и сода или кисела вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Серенадата под чардакот на Рајна Коцева, како и другите две-три серенади што ги приреди Голем Тодор, и тоа во различни делови на градот, само требаше да го најават неговото пристигање помеѓу нас; неговото враќање во родното место.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
КОТЕ: Тоа што си е адет треба да се направи.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Така, преку трудот и излеаната детска пот во големата нива требаше да станеме поцврсти и похрабри во издржувањето на горештината и жедта и да ја челичиме нашата подготвеност за големите идни дела.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Другиот тип, од друга страна - а во таа категорија спаѓал и несреќниот Никола, и Казанцакис, веројатно, а секако и сегашниов наратор - ќе ја развлече својата исповед, впрочем, само за така да кажеме, можеби дури и измислувајќи неколку гревови патем за да го пополнат каталогот, додавајќи го така и гревот на лажење кон списокот на фактични гревови што треба да се признаат. Маргина 34 67
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Крсте се уплаши да не замине Стојан, како што му направи порано неколкупати, инстинктивно чувствувајќи дека не треба да има давање земање со овој „предавник" Стојан се зачуди кога го виде така весел и ја осети онаа пријатност од времето кога Крсте дружеше со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓутоа, треба да се има предвид дека британската политика во текот на Втората светска војна била, како што известува Черчил, „да го вооружи секој оној што можел да убива Германци“, без разлика на нивните политички програми.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И на овој начин требаше да ја гледаат моќта на народната власт.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но од друга страна, пак, - доколку Дерида е во право - можеби не постои ништо одредено што би требало да се разбере.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали да се сака ближниот и колку? И колкава треба да е блискоста со оној Кој не може да ѝ послужи на корисноста?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Треба да го тужиш. Како може така? - рече Елена и веднаш сфати дека избрзала.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А меѓутоа треба да се каже и вистината - два дена не клал ништо в уста и поради тоа звучно му се преметкуваат цревата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А темница е, не треба да мижат за да се преслечам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога ќе дојде, го прашуваме, до кога треба да чекаме?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Победениот во спорот треба да биде осуден да му ги плати и трошоците на победникот!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако некому може да му попречи дословноста на постапките на театарската дружина на Атхеѕ (нема никакво фингирање, дури и клистирањето или употребата на вибратор со две глави се изведуваат автентично), не треба да се заборават поттиците и причините што Атхеѕ го наведуваат да создава таков вид уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И во основа „сите тие ги оспоруваат правата на Македонците да формираат автономна држава во рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа, сосем точни се зборовите на Б. Фриер (Bruce W. Frier) дека: На припадниците на пониските [општествени] класи, не им е познато ниту правото – па тие, исто така, се и жртви на социјалната структура која, не само што е прекумерно пирамидална, во нејзината распределба на богатство и влијание, туку е и врзана со груби општест- вени конвенции [и социјални предрасуди]... 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сопственото јас е сето обземено со копнеж за храна, но храната треба да биде уништена или таа ќе го уништи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во одговорот на тужбата, полномошникот на „Водостопанство во стечај“ наведе дека тужбата е преуранета и дека овие свои побарувања требало да ги пријават во ликвидационата постапка, која сѐ уште трае.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа треба да биде само делување во согласност со нив поради вобичаената физичка каузалност (зарем тоа не вклучува волја?).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Најголем дел од овие зборови, опасни според Камилски, а неопасни според Татко требаше да минат низ балканвавилонското чистилиште.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му се сретна на патот и тој стори сѐ, што требаше да биде сторено, за да го улови, но оној не се даваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да бидеме попрецизни, неговото тужбено барање беше делумно усвоено и „Охис Пласт М“ како работодавач – во рок од осум дена од правосилноста на пресудата – требаше да му исплати сума од 96.515 МКД (1.580 ЕУР) на име неисплатени плати за периодот 2006–2008 година, зголемена за законската затезна камата – под страв од присилно извршување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мислејќи дека човек треба да се насочи кон верата своја, а не кон позицијата во својот световен живот, и со слепа верба во семоќната правда Божја, јас ве учев да ги веднете главите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А не сум.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но јас не знаев дека формирањето на КОЕМ требало да биде губилиште на македонските борци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мала и неважна фигура во политичкиот живот на една мала земја, човек кого судбината едноставно го поврза со предизвикот на големите настани, а тој не се двоумеше како треба да се одговори.“ Професор – доктор на науки Лазар Јовановски.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но во еден залет треба да ја прескокнам огромната далечина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Првото веројатно требаше да го исмее Жолтко, во врска со неговата љубов (не ми беше познато од кои причини, затоа и не ја спомнав).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чекав. Еден ден строго ја предупредив: - Јас чекам и ќе ја дочекам, се надевам, таа твоја среда, ама внимавај како ќе ми соопштиш дека дошла, оти може да побудалам од преголема среќа, може дури и срцето да престане да ми чука и да умрам од радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Втората македонска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари од реонот на с. Зборско со задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија со цел да го привлече вниманието на бугарскиот окупатор за да го олесни пробивањето на Првата македонска-ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на третата група баталјони низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но, и кај мене, како и кај познатиот австриски учен, постојано се случуваат непредвидени работи кога ќе треба да се инсценира некоја моја пиеса.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Рецепт за живот Треба да биде како правење сутлијаш. Прво да се остави да зоврие, да се возбуди, да избие.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Меѓутоа, сите тие инсистираат дека Македонија, Црна Гора и Војводина би требало да припаѓаат кон автономната српска држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таму требаше да се укопаме сите, за да се заштитиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Само едно: дека треба да се наоѓаме на пристојна раздалеченост од објектот за да можеме да се залагаме за вистинитоста на она што го тврдиме!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Подготвителното рочиште треба да се определи така што на странките да им остане доволно време за подготвување, а најмалку осум дена од приемот на поканата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Причините на претензиите на Србите и на Бугарите се, се разбира, чисто политички, но освен нив има уште една: македонските наречја стојат едно до друго така блиску, едно во друго се слеваат толку незабележливо што, ако се признае едно од нив за српско или за бугарско, ќе треба да се признаат за такви едно по друго и сите соседни со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, според нив, требало да се прави недвосмислена разлика меѓу терминот „комунизација на Балканот“ и терминот „ширење на руското влијание во тие земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нервозата со еден збор произлегуваше од општото сознание што лебдеше во свадбено декорираната синагога во Данциг, дека младоженците безостатно треба да си заминат некаде на друго место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
2 Подоцна, во декември 2009, судечкиот судија- поединец (А.Шеху Асани)3 донесе исправна пресуда во корист на 176 Х.Џ – што значи дека спорот пред првостепениот суд траеше сѐ на сѐ шест месеци, односно беше испочитуван полугодишниот законски максимален рок на траење на постапката кај споровите произлезени од работните односи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Значи делењето е вештачко и од борбата со него најнапред ќе треба да се зафати нашата нова работа во понатамошниот развиток на нашето национално самосознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ете зошто час поскоро треба да си ги одделиме нашите интереси од бугарските. Тоа го бара од нас благоразумноста.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Требаше да одам да побарам кутија цигари, кога Жабе од ќошот му викна на продавачот: „Чане, дај му на Симона едно пиво, нека се олади“. Она „нека се олади“ го нагласи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ни рекоа дека треба да се поврати врвот Горница. И ние - на јуриш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кружокот треба да се наголеми со уште еден член.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Еј, здраво Костадине, шо прајш? Јас на кратко поминав едно кафе на брзина да сркнам, бегам за Лерин, во дуќано на татко ни, треба да завршам некои работи...мило ми е, Тодор, Тодор Јовановиќ, а вие сте Петар, синот на Гули чевларот!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега треба да побарате една ваша обетка. Која било.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден крак требаше да оди на запад преку реката, а друг на исток.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
БОЖАНА: Дал и требал да земе!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
НЕДА: Но таа ќе дојде. Може да посака да влезе. Вие треба да ми кажете...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Најголемата секција од Одделот за документација, далеку поголема од оваа во која работеше Винсгон, се состоеше од луѓе чија задача беше само да ги пронаоѓаат и да ги собираат сите примероци книги, весници и други документи што беа исправени и што требаше да бидат уништени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, која е цената што треба да се плати за тие да можат да извлекуваат што повисоки профити?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Пелагија и Перса, секоја на свој начин, ја подготвуваа за есенскиот миг кога требаше да ја однесат во училиштето Браќа Миладиновци за да ја запишат во прво одделение.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Веќе не требаше да влегува во куќите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Деперсонализацијата на композиторовата улога и самоорганизацијата на структурата имаа за цел ослободување на звуците од било чии емоции, идеи, намери, проекции, а не автоматизација на композиторовата постапка, како што често погрешно се толкуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но и тогаш, како и сите поминати години, требаше да се продолжи да се живее, да се јаде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
СИТЕ: Ајде, ајде! (Тргнуваат.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во тој момент инженерот, со тивок глас ми рече: „За малку ќе заборавев нешто, драг Андре. Но, првин, треба да ми ветиш нешто“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но сега не беше време да длаби по погрешните идеи, требаше да се најде излез за семејството, излез од гладот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Шо ми зборуаш такви детинцки муабети. Кој е тој шо ќе крене рака на царцки човек? Ќе му се исуше!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аполинер во 1912. г. го напиша првото поглавје од колективниот роман (кој требаше да биде напишан во соработка со уште шест писатели), под наслов The Tainbow (Виножито); на делото Apolinere Enameled, на пример, девојчето го бои врвот на креветот со боите на виножитото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Ноќ е - се брани од црните мисли. - Треба да спијам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Господинот Гроздановски, набљудувајќи го истражувачкото поведение на кучето, малку се разочара плашејќи се дека кучето е рамнодушно кон него и дека е во потрага по нешто што треба да ја задоволи неговата себичност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мислеше дека ќе треба да остане тука дестина или повеќе дена, да причека времето да разјужи, а тоа можеше да се случи лесно по овој јужен снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Добро, браќа, ама ние треба да му објасниме каква цел има нашиот таен револуционерен кружок, - продолжи втор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба да се заборави национализмот!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега требаше да преминам лево, зашто левиот чевел сепак подобро ме служеше. Но маката беше во друго.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ја молам судбината милозливо тоа да ми го дари“ - се утешуваше сам со себеси. Кон средината на декември, „белиот ангел“ пред кој генералите требаше да стојат простум, го промени своето војничко со цивилно одело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие, всушност, самите си го полнат бурето со барут, за некој од далеку да го активира и да ја предизвика експлозијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Треба да се чуваат работите ако сакаш да ти траат, синко“, зборуваше повеќе за себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Која родословна гранка сега ја смислуваш, на кој Лепи Лаза ликот му го дотеруваш, на кој внук на која внучка ѝ го исцртуваш гранчето и на гранчето пратчето и врз пратчето името и сѐ што ѝ прилега, како што треба да му прилега на длабокиот корен и на богатото стебло на твоето родословие?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Второстепениот суд ја уважи жалбата на Китан и го врати предметот на повторно разгледување, со напомена дека стручни лица за таква експертиза (геофизичари) треба да се бараат од Факултетот во Белград.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ова важи и тогаш кога, како што често се случува, еден ист настан треба да биде изменет до непрепознавање и по неколку пати во една година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Диши слободно, вика Никифор, пју либераменте, кос, кос, дишењето остави им го на стомачните мускули, исправено, исправено, многу влечеш на вибрато, така, така, вели, и дишењето треба да ти биде дел од музиката, не стегај ги прстите, вели, треба да допираш, како некого да будиш, вели, тонот треба сам да ти се јавува, да ти се оѕвива...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и боите се погодени. Сѐ е во тон“, го пофалив уште еднаш а тој, сетив, дали од моите зборови, или по своја вина, сѐ повеќе го забрзуваше здивот: „Ох, замижувам кога избирам“ одвај шепотеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оваа книга е обид да се направи нацрт на полето што го опфаќа оваа дисциплина, да се покажат резултатите од досегашната работа и да се укажат правците во кои би требало да се вршат понатамошните истражувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас и Симон бевме, може да се рече, пријатели. Кога му јавија за смртта на братот, тој прво и прво ме побара мене. Требаше да се ископа гробот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Само, на едниот агол од дворчето мора да има старо дрво зашто на него треба да биде закачен кристален лустер, од оние грчките, а од него светлината да паѓа врз маса направена од дрвени талпи, поминати само со една рака боја и доволно голема да собере барем петнаесеттина гости.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Србин уште една се подсети на целата постапка како тоа треба да се стори.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
-Интересно, од каде такви податоци? - ќе прашате, затоа што тоа навистина е интересно. -Од баба ми не се, сигурно! - вели Сухов.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Што требаше да биде тоа „Ќе ви...“? Ќе ви покажам јас вам, или ќе ви дадам отров, или ќе ви ја заебам мајката и сестрата и сѐ живо и мртво, или ќе ви стокмам слика од мене да се крстите пред неа, или ќе ви го сторам ќефот, ќе ве најадам и ќе ве напојам, или ќе ви ја земам силата, и така обесилени, ќе клечите пред мене и, тресејќи се, ќе молите и ќе чекате, оддалечени долу, под моите коленици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Го нема, но треба да си го замислиш...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јован требаше да им биде кодош кај Доста, кај Батанџиовите невести, кај Дунава Макрева, кај Бојана Жиовката; па дури и кај Рожденката, ама слабо поминаа кај сите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Обвинетиот Иван Ташин е копиле според вистинското значење на овој збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А јас, се разбира, се одредив за онаа поопшта варијанта, и мислам дека постапив онака како што требаше да постапам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Богдан Русимиров беше човек на Шефот кој оцени дека крај себе треба да има таков професионалец со чиј прозивод би задржал ниво над сите други во увидот на нивната службена работа, но и во приватниот живот: тој се радуваше на материјалот што секојдневно го добиваше од Русимиров, внимателно го складираше, плашејќи се да не се активира предвреме, да не се распрска во неговите раце, да не го разнесе експлозивот што го подготвуваше за другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сакав да прашам што точно значи тој збор, ама се премислив, оти и онака му го сфатив значењето – Дена овој викенд очигледно ќе биде во моја надлежност и самата ќе треба да се снаоѓам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
2. Од ова место не треба да се гледа сѐ: Мачета се да ја откриете ноќта Низ стебло што се суши.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Клара секогаш зборуваше за мајчинството како за нешто што им се случува на другите, како нешто во што може и треба да помогне, ако некоја мајка се нашла во невоља.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Треба да станува, да се облекува па да ги реди фурните со торбата во рацете.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Околу централното наречје треба да се групираат сите наши научни и литературни сили за да го очистат и да го обогатат со сокровиштата од другите македонски наречја и да создадат од него еден убав литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислеше на тоа и на сите движења, што требаше да бидат сторени секавично, а сето време не престануваше да ја држи пушката насочена кон онаа карпа, постојано свесен дека неговата миризба, што се искончуваше по белото пространство пред него еднаш ќе се засуче како фитил и сега, или во следниот миг, таа ќе стаса да се вотне до задреманата свест на ситиот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Значи ние сега треба да седиме на штрек... - рече полковникот Жино остро.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Револуцијата треба да биде работа на сите Македонци, или на мнозинството од нив, за да може да се нарече општа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако треба да одиш во тоалет, крени го знаменцето, земи си ја чантата и не оставај ја на подот во WC-то зашто кртот не презема одговорност за изгубени или откраднати работи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Малку не ми е јасно, но знам дека е така: на народот треба да му го направиш ќеифот, ама за да го отераш во ќеифот треба прво по глава да го удриш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Сепак да сркаш и кркаш чорба од реката, всушност, мислам водата треба да е еколошки чиста.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако треба да изградам хиерархија на успешност или вреднување на личноста според убавината и интелектот, ќе ги издвојам следните: 1. глупави и грозни; 2. глупави, а убави; 3. паметни и убави и 4. паметни, а грозни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега ќе треба да одговориме на приговорот дека не умесно и е несвоевремено да ги одделуваме нашите интереси од општобугарските, зашто, од една страна, силата била во соединувањето, а од друга, Бугарија направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направела и за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Треба да веруваш во нешто, вели Мирковиќ, за да го правиш тоа нешто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа сите излегоа надвор, па почнаа да пеат и да играат, а кога одново требаше да седнат на своите малечки столчиња во собата, Зоки пак си седна врз својата масичка. Ова на Зоки многу му се допадна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ете, толку ти раскажав и сакам уште да ти кажам, дека ако некои одбегнуваат да одговараат на прашања за тоа време и најчесто замавнуваат со рака, треба да имаш целосно разбирање за нивното молчење.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој треба да е или ѓавол или да има крилја - претпоставуваше солунскиот валија3).
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Секој човек си има свој внатрешен учител или водич, него само треба да го повикаш и да го слушаш, да слушаш: тој кога те подучува не оди никогаш против тебе!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како што и самиот ќе напише во поговорот на книгава: „стегав и стеснував, а сега требаше да проширувам“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во одговорот на овие прашања ќе треба да се продолжат расудувањата за народноста на Македонците од таму каде што ги оставивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа требаше да биде нешто како компензација за нејзината неостварена желба да студира.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Стравувањата за можните последици поради фатениот курир се покажале сосема неосновани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, затоа и нашите пазарџии кондисаа вечерва кај Селчаните на ан, а утре на раат ќе пазарат, за во сабота да си одат позарана дома, оти во недела треба да се раздадат даровите на роднините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сака, ете, да си ја стави извалканата шепа врз секој негов најнов цртеж, за да изгледа како печат; сака да лизне од секоја чаша млеко што Зоки треба да ја испие – но кој му дава!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И така, работењето наше ќе треба да биде врз почвата на народното просветување: мирно, легално, еволуционо; тоа ќе има за цел интелигенцијата да биде вистинска слугинка на народот, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа веќе правеше распределба на нејзината волна, која требаше на Ѓурѓовден да се настрижи од пет шест стотини глави овци и нарочно ќе ја посети Доста, да може да разбере колку ќе треба да задржи од волната.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веројатно сум мислел дека станува збор за желби што се јавуваат сосема случајно без некоја намера или однапред одреден план.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, ама тоа требаше да се стори со усул, зашто некои луѓе на бегот имаа, колку што знаев јас, тајни интереси со бандите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што ни требаше да тргнеме да ги бараме велосипедите, проклети да се, се прекорував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секојпат кога чуварите ни велеа дека времето за прошетка во паркот е завршено и треба да се вратиме во своите соби во болницата, една девојка го прегрнуваше најблиското дрво легнувајќи на земја, и долго се бореше додека не ја одвоеја, врескајќи: „Јас сум сон на ова дрво!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали оваа реченица укажува на тој факт?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За да се извади албум требаше да се потроши време, труд, нерви и многу пари за откако сам ќе го издадеш да те начека џандар на улица и со само една казна за неносење каиш да ти отиде целата заработка од албумот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сѐ друго за нив е кич; интернационализмот, космополитизмот, постмодернизмот, цинизмот – тоа за нив е кич и шунд и треба да се прогони.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во онаа полупоспана состојба (кога мракот не е само темнина) овие зборови ми прозвучија како сожалување но истовремено и како закана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Треба да знаеш кога да го напуштиш орото, за да останеш играч, за да бидеш и натаму ороводец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мајката, ама нестрплив човек... Чекај! Чекај! Ќе дојди, па дури тогаш ќе разбереш!.... - Така е, другари, треба да се биде стрплив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Британските критичари, кои во дното на душата тешко му го простуваат доброволното заминување на Хичкок, совршено се во право кога и по триесет години со младешки жар ѝ се восхитуваат на Госпоѓата што исчезнува, но залудно е да се жали за она што поминува, за она што треба да помине.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас секој ден одев во просторијата во која се подготвуваа костимите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но последниве, оспорувајќи му го правото на грчкиот јазик во словенските краини, сами не ќе можат да се разберат и да определат каде ќе треба да биде бугарскиот и каде српскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие што не се со него, се против него и се негови непријатели што треба да се истребат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А, оваа Мила – си размислував, види ја ти неа – поискрена е од мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Притоа во онаа моја последна реченица посебно бев нагласил дека спомнатиот наш разумен предок всушност уште тогаш се заложил да се отфрли неконтролираната моќ и да ѝ се пријде на вистината со добриот збор, со учество на секој поединец во создавањето на таа питома разумност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа се облече и слезе долу, во ластовичиното гнездо, да види што треба да чува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За она што не може да се зборува треба да се...
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Барем што се однесува до оној минимален фидбек што уметникот би требало да го прими за да опстои во сопствената опсесивност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Климент Камилски, по обичај, не доцнеше, носејќи го неизоставно своето жолто куферче, преполно со книги, ракописи и белешки како своја мала прирачна библиотека, во која ги менуваше книгите според новиот збор што требаше да се третира.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По два дена беше сторена вистинската работа: одново се свикани, попишан е остатокот, пристојно се третирани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Не, - рече Луман. – Јас треба да не знам за тоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но кои се упатствата (ако постои прирачник) Што треба да нѐ доведат до палатата на среќата?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се притисна во ѕидот и исто онака потрепери. Но, Змејко сега знаеше токму што треба да стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба да му е време да се оддели од своето полуизгаснато огниште и невратено да оди кај својот светец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да пукнеш од смеење. „Ќе треба да прајме полимос за да петихоме скапото“ 1.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во салата каде што требало да говори биле собрани само видните граѓани и градските првенци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Фала ти што ми кажа кон кај треба да одам, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На пример уште кога се разбра дека народот треба да се готви за востание, тој стави над својата воденица едно високо дрво и на него сноп слама.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Реков дека ќе ги раскренам садовите и дека треба да ги измијам за утре да го почнам денот со чист прибор. Тоа со садовите траеше кратко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас не постапував така и гледаш каде втасав. На планинските беспаќа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше свесен, и покрај младоста и себичноста, дека тоа е на некој начин во врска со никогаш неспоменатиот настан што требаше да се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Следи судска пријава, после која треба да идеш неколку дена у една специјална социјална установа.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Изгледа дека има некој закон по кој сите млади револуционери бездруго треба да изгледаат токму како тебе. Колку години имаш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Треба да причекаме до утре за резултатите. По визитата може да си замине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бев млад, зелен и глуп и мислев дека треба да ги носам со гордост.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во главата VII насловена како „Мобилност на вработените во јавниот сектор”, мобилноста не е усогласена врз основа на конкретно дефинирани критериуми пред сѐ во насока на утврдување на групи на нивоа кои треба да бидат еднакви во јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Едно попладне, кога се вратив дома по долгото лутање низ градот, мајка ми потсмешливо ми рече: „Те бара едно весело момче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И Речникот на идеите на излитените османизми, кој требаше да го придружува нивниот заеднички одбранбен текст требаше да ги повика читателите на разбирање и толерантност, на човековата природа, на нејзината бавна променливост во долгите временски интервали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој земаше толку за да може да мине едно деноноќие, а и зошто повеќе да ја натрупува, торбата - треба да остави нешто и за својот собрат, а и не му треба повеќе, и утре, пак кај „Халите“, ќе има „продукти“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сфатив дека треба да се спасувам што поскоро додека матните води не надошле.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За еден обичен каталог, моден каталог, требаше да се жртвува спокојот на емигрантското семејство кое, со маки, се здобиваше со довербата на луѓето од новата средина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Конечно треба да научиме да разговараме,“ рече мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Работите во куферот ми се уредно и внимателно спастрени, а врз нив лежи папката со рефератот што треба да го прочитам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И си замислуваа дека научиле од грешките од минатото; тие во секој случај знаеја дека не треба да се создаваат маченици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Езеро со боја на љубов што треба да се напушти. На ѕидот нема место за неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Најпрвин треба да се каже оти по македонското прашање нема никаква разлика помеѓу погледите на руското општество и народот, од една страна, и владата, од друга, а има само разлика во степенот на интересот за него: општеството и народот многу помалку се интересираат од владата што се гледа од помоштите за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едноставно чувствувам потреба да ја имам сликата на таа личност пред мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во шталата имаше малку овес и сува детелина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Требаше да се бранат идеи чии генератори беа згаснати!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лук и вода - прифати Сојузниот, нека функционира нашето самоуправување со пазарно стопанство, без капиталистичките односи, па веднаш ќе му се види крајот. Зарем не?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но не беше глатко и едноставно, зашто над четириесет години стегав и стеснував, а сега требаше да проширувам, според правилата на прозата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Требаше да има барем уште едно зрно во цевката од својата пушка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Големите уши слушаа: „Мислам дека би требало да се вратиме во ракетата, капетане.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мојата повест, која требаше да ѝ даде смисла на одлуката за мојата осама во Маказар, никако не напредуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
-Особено сериозно звучеше она, што требаше да претставува заклучок: - Кога е во прашање тој оган не дозволувај срцето да ти е скретничар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога повторно се собравме наместо да тргнеме откривме дефект во колата требаше време за да се отстрани сестра ми рече гладни сте вечерајте не се оди на пат гладен не доаѓа предвид реков очај ме обзема од постојано јадење кога треба да патуваме преживаме кога треба да патуваме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кој ли можеше да биде, браќата штотуку излегоа, требаше да се вратат точно по три часа, срцата ни беа часовници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа знаеше кога треба да вика во знак на поддршка и кога да вика „ уа“ и тоа беше сѐ што ѝ беше потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, нашиот фокус е насочен кон тоа што во македонското процесно право не постои никакво [процентуално] ограничување на висината на сумата која може да се плати на име парнични трошоци, а која би требало да се врзе за висината на вредноста на спорот (на пример, да се воведе заштитна одредба која би предвидувала дека трошоците за водење на судски спор не би можеле да надминуваат повеќе од 1/3 од висината на главното побарување за коешто се води конкретниот спор).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред да завлезам во матицата на реката од луѓе, која требаше да ме однесе кон центрите на Париз, се впуштив малку во оние квартови и улички под „Сакр кер“, пак под „Монмартр, каде што се продава најевтино, само без етикетирање на она што ќе го купиш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако застанеш на трапезот и мислиш на техниката со која треба да полеташ кон упатениот трапез од другата страна, ти си готов; услов да преживееш беше да ја заборавиш техниката, а таа пак, во тие моменти, кога ја забораваш, функционира беспрекорно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе пати пред да бидат исклани стопаните на Имотот, Арслан бег, лично нему, на татка си, му докажуваше дека султаните не прават добро што толкав имот отстапуваат на христијани, дека, по правидна, Имотот треба да биде негов, Арслан бегов, зашто тој со крв го заслужил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
4. - Оваа треба да е куќата на човекот што го бараме – ѝ реков на сопругата и ја паркирав колата до оградата од ковано железо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На Вилка ѝ навеза ли ново кошулче? — ја праша Доста Бојана со која никаде не се делеше, та дури и на Велја сабота навалија двете еден котел, да приперат нешто ситно од децата и да набелат некоја нова нивна кошула, оти утре треба да се излезе на сретсело, а дал господ, тие двете се „брези магарици" и сите витолишки во нив ќе гледаат, а особено нивните деца: како се облечени и наружани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само преку Вардар ќе треба да бидете претпазливи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Би било погрешно, како и во случајот на секое друго сериозно дело, да се оди по трагите на можните значења, туку треба да се следи текот на самата приказна, од која се формираат тие значења, често противречни како и самата таа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Племињата Arapaho и Kiowa: убав и мрзелив младич не сака да се буди рано наутро; да може да спие колку сака тој треба да убие неколку канибали со лисеста (црвена) боја на косата; на сцена повторно стапуваат магичните помошници со чија помош младичот ги убива канибалите и сега е слободен да спие до доцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
ВАСИЛКА: Антице, невесто, види ваму, јас не можам никого да го сторам лош и будала, ами ти на вујка ти не треба да му го расипуваш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Штета што се случи она што не требаше да се случи“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но никој не ми е крив, јас постојано ѝ досадувам на тетка ми Оце и ѝ префрлам што ретко доаѓа кај нас со Дена и што немам шанса да се покажам како добра, голема и паметна братучетка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мама стоеше, речиси сосема облечена, но пак со толку малку нешта на градите, а надвор веројатно е свежо - долга сомотска наметка без поруб сѐ уште припиена за наслонот на столот, толку изнемоштена, толку свесна за она што би требало да се постигне.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Годинава градот треба да добие над 2.000 нови станови и еден голем, дванаесеткатен хотел со 250 легла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие се овековечија во латинската поговорка, но останаа и како жестока метафора, да потсетуваат на правото на посилниот над послабиот. Картагина треба да биде уништена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На закопот беа сите жители од Потковицата, и старо и младо, и машко и женско, и свршеникот и роднините негови дојдоа од Битола, и сите на глас ја редеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа ѝ реков, онака, неодредено, дека овде на Алејава на великаните треба да бидеме сериозни, дури и внимателни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Треба да стигнеме во Цариград пред со сила и понижувања да бидеме истерани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кое литературно братство на светот може да се пофали со вакво антикомунистичко педигре? Треба да се биде горд!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Настапи момент кога Томчо требаше да донесе важно решение: да го понесе ли зајачето со себе или да го пушти на слобода?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од самиот почеток Стејт департментот ги предупредил дипломатските претставници на легациите дека инволвирањето на САД треба да биде ограничено и дека барањата за помош и арбитража од страна на балканските влади и политички организации се „наполнети со динамит... и не би требало ... да се прифатат“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Зошто тоа да биде така? Зар и црквата не треба да биде: Едина, Соборна, Вселенска и Апостолска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, Бугарија требаше да им помогне или најкатегорички да рече: не чекајте од мене ништо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа е суштинска црта на човековата екологија и затоа треба да биде заштитена од слепите сили што ѝ се закануваат од сите страни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дали поверувавте дека зимата треба да ги охрабри оние што ги одмина летото оние чија тиха ѕвезда упорно ја следи својата патека?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А, пак, извршноста на пресудата значи дека веќе безуспешно истекол т.н. „париционен рок“ кој судот му го оставил на оној кој ја изгубил парницата за тој самиот, доброволно, да ја исполни досудената престација – по што, оној кој го добил спорот, е овластен да иницира присилна извршна постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уште поотпосле, требаше да разбереме дека човекот, всушност, е полжав – ем лигуш, ем кога тогаш си ги покажува роговите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Кога кловнот ќе престане да биде смешен, треба да се прости со животот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нашите интереси треба да си ги изучиме и да си ги заштитуваме сами, а не да ги даваме во туѓи раце за да ги експлоатираат малите балкански државички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не! Ние не можеме да живееме без идеали: само нашите идеали отсега ќе треба да бидат почисти од понапрешните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На почетокот Лилица негодуваше на моите постапки, се интересираше за работата што требаше да ја завршам ноќта, а потоа спласна, оладе, стана рамнодушна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Требало да поминат некоја река, сламката, опинокот и меурот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во неколку делчиња од паркот имаше дрвја, групирани така што потсетуваа на театарска сценографија која треба да претставува шума.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И еве сега неговиот Галеб, како со сила создаден и одржуван феникс, треба да го оживее исчезнатото време... но и тој на крајот да заврши како старо железо, а Синиот воз да остане на некој заборавен колосек...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И сега кога, во слободата, по победата над фашизмот, требаше да се плати некаква цена, жртва за апсурдот – да се уништат козите, вековната основа за опстојување на луѓето од овие каменити предели и на непредвидливиот балкански релјеф.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ни песот - веќе не квичи: можеби сѐ така треба да биде, тој да се вози, детето да чекори крај него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Откако дознаваат за ова, раководните структури во НУЦК, исто како и претходно, остануваат сосем рамнодушни но, во одговорот на тужбата, тие се повикуваат на тоа дека немаат пасивна легитимација т.е. не можат да бидат тужени,8 затоа што Министерството за култура како потписник на договорот за закуп или, пак, трговското друштво С. Р. С. ДОО како последен работодавач во конкретниот случај, а не НУЦК, е всушност оној кој треба да биде тужен [т.н. приговор за res inter alios acta].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Не,” рече тој. „Те молам оди. Сам треба да одам.“ Ме истурка до вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А сега слушај, миличок, треба да се договориме за нашата наредна средба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Танас погледна надолу, а чичко Лозан продолжи: - Треба да се најде и едно магаре за носење на „болниот“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Химна на животот Семето на својот врат си го носи клучот на животот кој ќе го проживее откако претходно ќе никне од себеси за големите искушенија низ кои допрва ќе минува - тоа никого и ништо не прашува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Катерина кон пладне ме извести дека не треба да ја чекам. Ќе се вратела дури вечерта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова се засновува на замислата дека постои некаква реалност таму надвор, која треба да се претстави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А тајната на слушање на срцето е во вербата во самите себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дедо го прашува како остана жив, а татко вели: требало да останам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нели тој случај е затворен и казните се изречени уште кога тој престојуваше на оној според него непотребен курс со кој требаше да биде унапреден во службата!?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Требаше да поминам низ геа супериорнитот, харпоните, атомите, свесноста, себството, универзалниот дух и повторно геа супернитот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По повод доделувањето на титулата, во својата воведна реч академик Гане Тодоровски истакнува: Треба да се гордееме со овие и вакви писатели, коишто се колку наши толку и на други или колку на други толку и наши зашто такви пред Стојан Христов беа и Григор Прличев (грчки и македонски автор) и Коста Рацин (српски и македонски автор) и Никола Вапцаров (бугарски и македонски автор), како и уште многумина други во минатото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Треба да се потрудите да ги сфатите своите родители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
— Која маштеница? — Таа што требаше да ни ја донесеш... — Што, не ви ја донесов? — Остави ја за другпат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Треба да си одиме Цви”, го преколнуваше, „токму сега кога сѐ изгледа средено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека чекоревме по градот, Рајнер гледаше во парчето хартија кое покажуваше по кои улици треба да се движиме за да стигнеме до домот на неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што сакаш, косата да си ја кубам? Детево треба да го изранам, да го кренам на нозе, да ми го продолжи сојот оти инаку ќе нѐ истребат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Започнуваше ерата на новиот владетел со историските предизвици на стариот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И колку си поназад толку е поголема правта низ која треба да поминеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оти луѓето лоши, времињата не чинат, а пак треба да се живее некако.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имам впечаток дека го отворил дневникот и врши преглед на сработените задачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Експлоатацијата на таа слобода се прогонува насекаде и треба да биде прогонувана и кај нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но и ние треба да бидеме претпазливи и да внимаваме на каква било стапица, зашто јасно ни е на сите како оченаш: се дознае ли нешто, отидовме во неврат!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа тој долго читаше за кабалистите според кои совршениот јазик се криел во азбуката на Тората, како симболичен систем кој требало да се декриптира.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Махмуд Дарвиш и натаму молчеше. Јас охрабрен продолжив: - Во годините минати во Тунис, особено во 1988 и 1989 година, во рамките на мојата функција како амбасадор на Југославија, но и како притаен автор, бев посебно импресиониран од личноста на Јасер Арафат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Или жените без маж треба да лежат под студена плоча.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму, во планинското село требаше да се најдете со мештаните кои беа искусни ловџии.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Куќата е на еден кат, со задниот дел свртена кон селото, а со лицето кон езерото; кога ја градеше куќата, жена му го тераше да кренат уште еден кат, но тој не се согласуваше; ѝ велеше: „Куќата е како дрвото: за да се крене повисоко - треба да пушти подлабоки корење, а ние сме тенки во парица: не можеме ни надолу да одиме, ни нагоре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Какво лето! Треба да се запише тоа лето.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кому требаше да му служи овој вероцид против толерантноста и соживотот на албанскиот народ во историјата?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Треба да помине време за да се почувствува нивното дејство“, соопшти уште една од своите мрачни размисли и го стутка догорчето во пепелникот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше постојано свесен за брзината, со која што можеше да се случи сѐ, што требаше да се случи, сега, кога тој беше толку многу откриен на голината, пред она, што беше скриено тука, недалеку, од леските.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Објаснувањава веројатно беа упатени кон иследникот бидејќи овој се насмеа и рече: "Разбирам разбирам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не легнав. Стоев до вратата и чекав, знаев дека ќе биде така: вода ми донесе Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сличен став сретнав – реков - и во песната на Самоников „Љубов”: Токму во сомненија ги наѕирам на спокојството патеките.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гледав во неа, и таа гледаше во мене; молчевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега требаше да навикнеме без нив, да се надоместат нивните протеини, витамини, калории, кои дотогаш ни го заблажуваа горчливиот вкус на сиромаштија­та.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа е: прво, Македонија да се неутрализира за Бугарија и Србија и да се оддалечи еднакво од двете држави, и второ, таа треба да се обедини врз јазична основа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Требаше да ја пресече или ортомата или гранката на која беше обесен Ристе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа, тогаш, не би било следење на едно правило, кое, врз основа на тоа што е нешто регулативно, ги опишува ограничувањата и бара извесен образец на усогласување со нив, така што и ограничувањата и образецот треба да бидат сфатени како такви од страна на оној кој го следи правилото, со цел правилото да функционира како правило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Секој домаќин си остава наследник на куќата, та и ти така треба да направиш, да си одредиш наследник на твоето место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Треба да ја чуваш. Да не ѝ ги кинеш ливчињата, да не ѝ ги кршиш гранчињата, да ја браниш од гасеници и да ја поливаш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Секој дошол во животот со некое свое барање и тој треба да го најде и да го задоволи она што е потребно или да не се согласува со она што постои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Автентичното постои. Тоа треба да се воочи. Макар и низ темни стакла.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ти си Марко, но веќе еднаш треба да сфатиш - не си ти Крали Марко со боздоган - иако баба ти те вика Крали Марко!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не треба да се смета, додуша, дека било кој од тројцата горенаведени дрдорковци би можел да ги „претставува” другите, било исправено или на глава, и дека, согласно со тоа, може да биде бакнат наместо нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ова е моето оружје? Дали некоја важна работа ќе треба да се сврши вечерва? (Се обидува да се сети)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Се разбира, Партијата што ја споменавте, треба да има свој конечен став по тие прашања.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Знаев дека можеби треба да покажам и некои знаци на љубов кон неа, ако сакав да добијам барем малку љубов од свекрвата за возврат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бев изморен и измачен од театарската пиеса во кафеаната во која сите актери ги имаа научено улогите однапред, а само јас бев негативниот лик кој требаше да ја игра улогата како што знае и умее.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За да можеш да најдеш една таква дира веднаш првата утрина по превртувањето на снегот, многу често треба да изодиш безброј шуми.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, овој 9.  Ставот на ССМ беше дека работничката книшка не требаше да се брише, иако, компаративно гледано, во регионот тоа го стори и Хрватска.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според него „ако нема јак синдикат работникот не може да ги оствари своите права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секако тоа треба да биде така, тоа е некоја нова, досега непозната игра.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше омажена за еден салонски магионичар, со кого што требаше да се сретне тој ден по посетата на роднините во Сарагоса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
6.  Правосудните анализи на Министерството за правда покажуваат дека во РМ, со оглед на бројот на жители, ако се земе предвид европскиот просек, не треба да има повеќе од 400 судии – додека, пак, кај нас, бројот на судии во моментов е над 630.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, тој е антропоцентричен кога прифаќа дека човечките суштества треба да бидат конечно мерило за вистината на уверувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Друго својство на сметачките машини, што треба да се истакне, е изненадувачкиот факт што тие машини не само што сметаат, туку можат и да компјутеризираат, т. е. во броеви не се само способни да ги анализираат равенките, туку споменатите броеви можат да ги синтетизираат во структури.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Спротивно од ССМ, КСС велеа дека ако работникот, кој бил отпуштен од работа поради деловна причина – на пример, поради издавање на деловна тајна, според тогаш постоечкиот закон, работодавецот требаше да провери дали може да го врати работникот под променети услови – сега таа одредба се брише и тоа било во согласност со директивите на ЕУ!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во пишувањето тоа се одвивало со помош на таканаречени „детерминативни“ слики кои се ставале зад напишаното, и му давале смисла, а самите не се изговарале. (Ibid.,стр. 18): „Кога египетскиот збор кен треба да значи „јако“, зад неговиот алфабетски напишан глас стои слика на исправен маж; кога истиот тој збор треба да изразува „слабо“, зад буквите кои го прикажуваат гласот следи слика на стуткан, омлитавен човек.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Немам – признав – а и не ми е јасно што е тоа услов за трета, ама право да ти кажам и не ме интересира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неколку месеци пред тоа го молев да дојде на свадбата, а тој ме одби зошто божем требало да учи и имал обврски.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но Евангелието, нежното и вдахновено, единственото точно христијанско учење за сочувството, за љубовта, за тоа дека на светот нема среќа - тоа требаше да им се остави на децата по училиштата и на возрасните по факултетите на култура. А тој ги затвори црквите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако некои се скарале попот треба да ги мири.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дури слегував по внатрешните скали, слушнав како Симон му вели на Методија дека сега ќе треба да се одмори малку и посетне да го построи како што треба ова купеново во кутијата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таква мислост кон нашиот народен јазик треба да имаме и ние, ако сакаме да му останеме верни на духот на нашите предедовци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јасно е дека постојат уште некои правила во поведението на песокот што треба да ги надополнат оние кои веќе се присутни во моделот на Лифман.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таму го чекаше бестелесноста со која требаше да се соедини, за да ѝ пркоси на гравитацијата, за која знаеше дека ако еднаш ѝ се спротивстави, потоа секогаш ќе може да лебди во идеално бестежинска состојба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Па, како благовестие го чекаа повикот кој требаше да им ја промени судбината. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
– И треба да знаеш дека некоректното однесување може да го иритира доставувачот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
— Госпоѓо, треба да го вратите детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го запозна со сите и нагласи дека другаров нема нужда од материјална помош, но ќе треба да се прибере во Организацијата за да се исползува неговото име во општото дело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Како треба да се проучува животот?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Всушност, следувањето на чоколада - Винстон беше свесен за тоа - требаше да биде намалено од триесет на дваесет грама до крајот на тековната недела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа не е ништо кога треба да се избега од мрачините на виделина и простор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За да се исполнат нашите сакања требаше да се војува со Турција; само по победување ќе можеше да се натера Турција да ги исполни нашите сакања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најарни можат и треба да ни бидат односите со Власите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А. ПАВЛОВНА: Па, тоа уште треба да се обмисли.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Треба да видиме“, му велам, „дали ќе наидеме на коски или на други остатоци“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кој е тој анонимен диктатор на моите мисли, со кого јас, со силата на потписот се обврзувам да ги делам неговите чувства, да ги преземам како сопствени (не треба да се потцени тука димензијата на потписот како гарант), па станувам негово шизофренично алтер его?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Индивидуалните уметнички дела треба да го надмавнат Volksgeist- от, а не да бидат негов израз.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
При решавањето на ова прашање не треба да се забораваат и следниве прашања: кои наречја од српскиот и од бугарскиот јазик се признаваат за најтипични за овие јазици и кои нивни особености се признаваат за најкарактеристични за едниот и за другиот јазик?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Станува збор, значи, за следното: постмодерниот, а и еколошки, човек треба да ги менува рамковните услови на своите животни околности.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не треба да се заборава и тоа како се изразуваа во европските весници за битките на четите со Турците: четите се викаа банди и тоа бугарски, а не македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие ќе треба да дадат не десет отсто, ами може да ги фати и дваесет и пет па и триесет отсто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А всушност, се работеше за несигурност, што требаше да се покрие со „уметничко“ однесување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, на оној час, откако сите ние, момчињата, поминавме на ред на разбојот, Фискултурецот даде заповед да се смениме: сега ние требаше да играме кошарка, а девојчињата да поминат на разбојот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Националното и религиозното непријателствување треба да станат само еден жален спомен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Балканството останува утопија, но секој во животот треба да го направи својот чекор кон можниот излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Токму тогаш да намине таму и да ја најде својата невеста како руча со друг маж, кога таа требаше да биде дома во својата кујна, тоа беше доволно тој да се разбесни, а уште повеќе да влезе таму и да ја види како се држи за рака со друг маж.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стори сѐ, што требаше да биде сторено вистински сторено и во вистинскиот миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ова?,“ праша Ана и подигна една книга, приближувајќи ја до очите на Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Долгот кон татковината и народот, до неговото исполнување, се вика народен идеал и кон неговото исполнување треба да се стреми секој свесен човек.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислам, премногу си се оптоварил, си станал нестрплив, треба да се опуштиш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Луција со задоволство ја прифати таа идеја, оти, рече, во сценариото сосема ја заборавила изворната народна песна; и, второто нешто, рече Земанек, би требало да биде – паузата, бидејќи програмата е особено обемна и може да ја замори публиката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Требаше да го стасам и бездруго да му го покажам истетовираното срце на мојата рака.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Модерните примитивци како да се обидуваат да докажат дека стварноста постои, дури и ако не е медиски посредувана.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во случајот со фонографските системи на писмо, познавањето на системот на писмо претпо­ставува претходно познавање на врската меѓу знакот на писмото и конкретниот збор или фонетски сегмент од пониско ниво, слог или звук, во конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
 5 Но, ако се има на ум дека барањата на македонските пауперизи- рани работници од средната и ниска класа [пролетери/надничари/ платеници/аргати] очигледно, не го привлекуваат вниманието на правниците во поголем број – прилично површното трети- рање на овој, закоравен и дехуманизиран, правен сегмент и не е нешто толку необично, што би требало посебно да нè зачудува, барем во македонски прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа масло е на бугарскиот двор!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога, пак, тој ѝ раскажа што била работата, таа плесна со рацете и рече дека треба да оди директно кај началникот на полицискиот реон, дека блоковскиот ќе го измами, ќе му вети а потоа ќе го влечка; дека е најдобро да оди направо кај началникот, дека тој ѝ е дури и познајник, зашто ×ухонката Ана, која порано работела кај неа како готвачка, сега е дадилка кај началникот, дека таа често го гледа и него лично како минува покрај нивната куќа, и дека тој исто така секоја недела е в црква, се моли, а во истовреме ги гледа сите со весел поглед и дека, според тоа, по сѐ се гледа дека е добар човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали успеала да се нагоди со Господ или со Лена околу тоа како треба да го живее животот?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Треба да се најде решение. Нов предлог.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- На ваква несреќа не треба да се плаче, вели Уља, туку да се игра и да се пее околу гробовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чардакот на нашата куќа стануваше во очите на Татко и Камилски најзначајна балканска катедра на која требаше да се решава за судбината на балканските османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исто така, туженото претпријатие кое го изгуби спорот требаше да му плати и 13.080 МКД (215 ЕУР) за предизвиканите парнични трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одблесоците на молњите што влетуваа низ прозорците во лабораторијата, правеа рендгенски снимки на предметите и го набиваа воздухот со електрицитет кој делуваше стимулативно и на Мил и на синтезата што требаше да го забрза процесот на создавањето на живата материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Седам во мојата соба во Маврово, пролет е, и би требало да сум среќна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со два неврзани збора се разбра дека, ете, сега Крсте е слободен, а Тода треба да му ја кандиса или да му ја „врте“ Нешка Рожденкина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеби треба да се користи како претпоставка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше да се даде за купениот предмет или стока: — Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпрвин предно десно - Ај, со среќа, со десната да врви! - па предно лево; потоа задно десно, па задно лево. И - готово.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мајка ми одбиваше да даде какви било информации околу значењето на таа нејзина среда во која двете ќе заминеме за Париз и ме убедуваше дека треба да бидам стрплива и да чекам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На тоа дедо ми му одговори вака: - Едно рулче магарето на Петрета не го претоварува, а ако претка таму, Петре ќе знае да му го сврти умот да му оди таму каде што треба да му оди.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Оттука треба да излезе шеќерецот, кафенцето, тутунецот и други мастрафи за куќата, а пак лебецот и зопта за Алчето му беа осигурени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Создавањето литературен јазик е духовна потреба кај нас, со која се мисли да им се стави крај на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси и со која треба да се создаде свој литературен и научен центар за да се нема нужда од Белград и Софија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А тој беше едно такво занесено човече, со оние свои чудни мисли, така што по цели денови му се сновеше низ главата дека и човекот, како и сите други живинки, што ја лазат оваа земја, би требало да чекори на сите четири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓутоа, наспроти Rychlack, психологијата и AI треба да се пријатели, бидејќи сакале или не, ние сме на истиот чамец, а тоа може да биде последниот брод што плови кога ќе дојде до помирување на стриктно биолошкиот поглед на луѓето (не мистичен) со предметите на проучување во психологијата (верување, намера и смисла).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Нѐ одведе до самото џаде каде што требаше да помине германската колона.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Требаше да земам улога на голема, порасната, бидејќи ја чував Ели.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Треба да научиме да веруваме во животот кој го живееме, да им веруваме на сопствените избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Некој чука на вратата, се врати пак во станот, кај што беше, во својот мрак, ја заборави планината. треба да отворам. Можеби е така.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа треба да си ги зачува своите интереси таму, па и ако тоа зачувување не ќе биде по вкусот на „самостојната” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Трајко и Велика си правеа план за децата, и една вечер, мислејќи дека Анѓа спие, во темнината под покров почнаа да си разговараат: – За Јована ни даваат невеста и ќе земеме, туку и за Анѓа треба да мислиме – ѝ шепотеше Трајко на жена си. – Што има за Анѓа да мислиме?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бевме деца и знаевме сѐ, добри со доброто, зли и кога требаше да знаеме за болка.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ти ќе переш, а јас ќе ја распростирам облеката. Но, треба да изгледаш што пораспусно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И така, ја одбив љубезната промоција на готвени јадења, супи, чорби и месено... зашто, ако некој треба да си оди од дома и да ме напушти, последните зборови сигурно нема да му бидат: „Да си ибеш векот, стварно убаво готвиш“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Останав јас сам, чинев пооди-застани, обидувајќи се да го одмерам она што беше сторено до тој ден и да проценам што треба да се направи за понатака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еве како, според истражувањата на Ајзенк, се распоредуваат одредени политички ставови во однос спрема овие две базични димензии: од книгата демократичност „Психологија посткомунизма“ на Миклош Биро; Београдски круг, 1994, анархизам промискуитет либерализам интернационализам религиозност отфрлување на смртната казна пацифизам патриотизам атеизам радикализам конзерватизам етноцентризам комунизам фанатична религиозност шовинизам милитаризам фашизам тоталитаризам Во книгите на Бодријар речиси по правило (слично БОДРИЈАР како кај Дерида) не постојат никакви предговори, поговори, коментари или „објаснувања“ како тој всушност треба да се чита. 6 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите треба да се припазиме, вели Максим. И за ноќеска и за понатаму, додава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ЛУКОВ: Кога треба да дојде таа Ваша сосетка?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Така беше одлучено во дирекцијата, требаше да се штеди.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајката Роса по изгледот знаеше дали треба да пушти или да земе лаф, кога поседуваше кај неа ѝ се посветуваше на малечката Пелагија, ја држеше за рачињата и ја думкаше, уживаше во нејзиното грголење што веќе се претвораше во зборови чат пат, ама не се обидуваше да го дупне кожурокот молк.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Откако конечно ќе се обезбедеше соодветниот соговорник, со него се потпишуваше писмен договор за соработка според кој тој имаше право слободно да одлучи дали податоците кои ни ги дава треба да се анонимни, или пак имаме дозвола да ги објавуваме во целост – сосе имињата и презимињата на учесниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Втора работа што треба да ја разбереш е дека власта е власт над човечки суштества.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И грашокот, што сега требаше да биде узреан за берба, веќе беше засушен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да, немаше причина веќе да се копа надолу. На Јована треба да му верувам, знае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И глас му се јавил, велејќи: „Не бој се, оти вистината е тука, во ковчежето, а од лицето на вистината не праведниот, туку оној што лаже треба да се бои“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Човекот треба да го сфатиш. А за да го сфатиш треба да откриеш каде извира и од каде истекува неговата убавина а од каде она другоно, грдоста?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Уште околу свети Атанас началството презеде мерки за формирање тројки, кои во новата пролет ќе треба да заминат на терен, и тие веќе почнаа да се наѕираат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој веднаш треба да ги отепа: да се ослободи навреме од опасноста на нивниот отров, пред да успеат да го отрујат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Утре треба да одам на гинеколог за сигурно да знам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Аполинер во тоа време не беше славен, и реченицата ја претскажува славата што тој денес ја ужива, бидејќи неговите песни се сочувани за подоцнежните генерации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој има информација дека некој голем издавач има намера на целиот национален пазар да воведе нов часопис наменет за поширок круг читатели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со тоа име ќе се наречеше некој од Словените ако требаше да се различи себеси од некој Романец или Германец, и тоа не секаде само тоа се употребуваше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се обидеме да ја дешифрираме во светлината на тој настан: act (чин) може да биде заменет со зборот песна, на истиот начин на кој Гете во „Фауст“ збор го замени со чин; во библиската реченица „во почетокот беше збор“ (песна); во почетокот беше чин; red (црвено) е замена за хомонимот read (читање); ter or треба да се прочита како тенор; epergne може да стои наместо epargne (фр. да се сочува).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Воведени се нови сообраќајни правила во комуникацијата. Треба да полагаме за нова дозвола.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сам и суров, во петиците на една рамноправна суровост, знаејќи што треба да стори во секој од идните часови, загледан во снегот, што продолжуваше, иако посмирено, сепак да се црвенее по целата издолженост на таа длабока трага пред него, која што можеше беспогрешно да го одведе на вистинското место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сати и Веберн за Кејџ беа единствени композитори од западната традиција кои ја сфатија важноста на временската димензија во музиката; првиот, со ставот дека времето е рамка која треба да се исполни (со тонови), а вториот, со сензибилната организација на тоновите и паузите истакнувајќи го траењето како нивен заеднички параметар. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 173
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
134 За еден правен лек да биде сметан за ефективен, тој не треба само да звучи така теоретски, туку треба да биде и применлив во практиката и да се гарантира дека со неговата употреба нема дополнително да се пролонгира постапката за заштита на загарантираните права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ја разбираше величината на татковата жртва, но чедата со кои мина низ толку бури и војни, тие мајкини рожби, што не ѝ ги зедоа војските, сега требаше да се фрлат во устата на волкот, на тоа проклето Кале што ќе ги изеде козите, токму како во приказната за козата на господин Сеген.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Како да ја видам човечноста? - веднаш праша Еразмо. - Треба да истражуваш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На Балканот разделените народи во променливите и нестабилни граници, во малите држави нации, не можат да се ослободат од митот дека некогаш претставувале големи царства и дека треба да го повратат стариот сјај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тука и на орото на сретсело треба да се покаже мајсторлакот и трудот од цела една година: која девојка навезала поубава кошула, искала поубав прегач, саѓија или исплела поубави чорапи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Исто така, во ова сфаќање на буржоаската јавна сфера како јавност на приватни лица кои се здружуваат за да дебатираат за прашања во врска со државната власт над нив, приватната сфера (вклучувајќи го и семејството) се постулира како сфера на слободата која треба да се брани против државната доминација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Колку добри вистини се искривуваат и изместуваат на оној кус пат помеѓу намерата што треба да речеме и она што ќе истрча од нашата уста)!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Де, бре, кај ја отера, му се насмеале луѓето, ако треба да ти попуштиме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почна да собира порез, прирез, да собира војници, а требаше да оди и потера, оти собраните витолошки „Б'лгари“ не сакаа да одат да се бијат со својот „б'лгарски“ Војвода Јована Ѓуровчето, кој заедно со Гурлука и други „патриоти“ се врати во своето Мариово летото 1913 година со голема чета и дојде во Биновиот реон — онаа пуста Опстраница. каде што се Сукаловите колиби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најважната работа што треба да ја сфатиш е дека, без разлика дали си весел или гневот го обзема твојот лик, сјајот на твојата кожа пак има виножито кое се огледува во сонцето, наспроти твојот гнев или веселост – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Треба да стапиме во контакт со Грегори за валјакот“, тој му рече на својот брат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најнапред треба да се рече дека не е вистина тоа што го велат оти сега не му било времето да се подига прашањето за народноста на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да, животот е прогрес и во име на прогресот, овие стрелки треба да се движат, да означуваат движење кон напред, трансцеденција, моќ на заборавот над грозоморите на човештвото.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Е, тој клуч, беа бункерите кои требаше да им го заградат патот на тенковите и на добро обучените јуришни единици на владината војска за да не го фатат патот што би ги однел зад нашиот грб.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
-Требаше да се преврти секаква литература...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се знаеше, а тоа можеше и да се види, кога доаѓаа или си одеа, дека многумина од нивните млади мажи учат или попуваат некаде во Битола, во Солун или во Света Гора, дека кога требаше да му се исплатат давачките на дворот, сами тие му ги носеа, дури во Константинопол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стоел како на губилиште. - Пет од првата, покојната Коца, три од сегашнава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ти си требало да сториш така...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Неговиот став е повеќе креационистички отколку анти-интелектуалистички; тој сонува за тоа, како што, се чини, сугерира расказот „Ја гледаш ли месечината?“, одново да го создаде светот - па дури и неговиот израз да мора да биде сведен на реченица, којашто е „човечка творба, не баш она што го посакувавме, се разбира, но сепак човекова конструкција, структура што треба да се цени поради нејзината кревкост, наспроти цврстината на каменот“. ***
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Често, тие неколку лажички така се зафрлуваа што тој немаше со што да си направи кафе, и,во таквите случаи беше готов да направи скандал со што, всушност, си го оттргнуваше вниманието од она на што требаше да го сосредоточи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Б.С. е галениче од кафеанските маси, оцени мојот сопруг В.Зрновски, кога Борис стапи во нашиот дом за првпат – рече Јана како да кажува тајна што требаше да реши повеќе од дилемите што ги беа спомнале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Слушај, Љуба, бидејќи за да отпатуваме ни се потребни пари, јас не сакам денес да ги пропуштам сеансите, во два часот ќе дојде момчето, а потоа старицата, но, се разбира, на гостите треба да им се откаже, погрижи се за тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И треба да се знае: ерген и мома залагаа ли да си даваат и земаат, тоа е сериозна работа. Тука веќе нема назад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ќе треба да донесам уште нешто? - праша девојката. - Чаша вода со лед - реков. - Жеден сум. И една жолта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ама, брату“, реков смрзнат, „зар ти?“ Тој ме погледна зачудено како што се гледа човек кој не го сфаќа она што треба да се сфати, а кое е толку просто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа рече нешто како дека треба да го фати подземниот воз и стана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го слушав како зборува нешто долу во темното, но не го разбрав. Требаше да вика.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие кои требаше да бидат преврзани ги ставаа на масите за преврска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Има изливи на нафта во океанот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наместо тоа, тој сугерира дека преведувањето попрво би требало да се посматра како една инстанца во која јазикот би се согледувал како секогаш да е во процес на модификување на изворниот текст, на одлагање и разместување на која и да е можност за дофаќање на она кое изворниот текст сакал да го именува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Требаше да стане, да појде до вратата и да ја запали сијалицата. Кога е светло не е толку страшно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Зад секој алфабетски систем на писмо стои единствен создавач, кој според од него одбележан план и врз основа на систем преземен од писмото-прототип го создава новото писмо за својот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Особено не беше јасно што точно се подразбира под „среќа“: еднаш тоа беше куп статистички параметри кои би требало да укажуваат на нечија благосостојба, висината на просечна плата или парот чевли по глава на жител.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Проживеаја четириесет години, тек лав не си рекоа настрана, а сега одеднаш треба да земат секирите, да се исколат. Кој ќе чуе шо ќе рече?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
До големата одаја се наоѓаше ателјето или работната просторија, пространа, светла, онакво какво што треба да биде едно сликарско ателје.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Решија да побараат мислење од другите републики и покраини, па ако треба да го консултираат и Водачот, за да се стави еднаш за секогаш крај на проблемот Чанга од јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Господи, не сум сигурна колку ова нашепнување треба да го сфатам како шега, а колку како податок што требало да ме збуни и да ми ја предочи нерешливоста на загаткава што самата си ја поставив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Аха!, си рече во себе аџи Јане. „Значи, треба да се нападнат од сите страни за да се скршат. Ете тоа ми треба“.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Треба да знае дека и за моите пари може да лежи в затвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Браќа и сестри, се созема попот, не треба да очајувате пред болеста што ја запознавте.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прво требаше да биде проза, па поезија, па можеби поезија во проза или така нешто. Но, ова личеше на стих.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Социјалниот работник како даночник кој треба да го наплати долгот, утрото веќе го пиеше кафето во персоналното одделение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа би требало да биде практикум на секој наш политичар, на сите наши стручни лица - професори, доктори, судии, на сите работни луѓе - обесправени, изманипулирани, стечајци, на сите гласачи за подоброто утре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Палтото треба да е послушно, испеглано, токму како и знамето што победоносно се вее.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Всушност, и тогашната дипломатијата беше заложник на Титовиот ореол и требаше да се присоберат трошките преостанат југословенски идеал за да се најде смислата на невозможната мисија во одбраната на земјата, која беше однатре контаминирана од латентниот синдром на национализмот на побројните нации, распнати меѓу западниот (про австро-унгарскиот) и источниот (византиско-отомански) јаничаризам...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа личи, вреди и треба да се најде во вашата нова куќа во новата татковина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Сепак, – продолжив јас, – колку време јаваш секое утро? – Само ова утро, – рече тој. – Ја зборуваш ли вистината? – реков јас. – Се разбира дека не, – рече тој, – но. ако нѐ откријат, тоа ќе треба да го речеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Васј, осамените постојано трагаат по вратата што треба да ги изведе надвор, но таа работа тешко оди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Човек е во искушение ова дело да си го претстави како катедрала од хартија и мастило, меѓутоа со оглед на тоа дека авторот потекнува од една повеќенационална средина, замислената претстава, споменатата градба, би требало да се поврзе колку за католички и за православни култни места, толку и за џамијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да ја истераме темнинта шо поминува низ вашата глава, затоа што луѓето се способни да се справат речиси со се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Многумина од ова тело, а и надвор од него, почнаа да водат филозофски дискусии за тоа кој треба да ја брани Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не, случајностите и однапред планираните намери сепак не одат заедно!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Македонската интелигенција секогаш кога е надвор од своите официјални работи треба да зборува меѓу себе на централното македонско наречје /велешко-прилепско-битолско-охридско/, кое ќе треба да се воведе во сите религиозни и национални пропагандни и турски училишта како задолжителен предмет.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како што се гледа, и по својот состав судот требало да импресионира.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За Берлин се има престава дека е град кој треба да е многу голем, многу убав, со големи згради, со паркови и зеленило, со улици, авении, булевари, со сите оние атрибути што го чинат еден ваков град и голем и убав, и различен од многу други градови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Требаше да помине некое време за да разберам дека за него туѓиот живот не е поголем од она што му е потребно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И што беше најтрагично, градбата на каналот долг двесте километри, мораше да биде завршена за дваесет месеци. Пекол на земјата. Требаше да се коригира релјефот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Меѓу основните услови кои таа требаше да ги исполни беше нејзиното богатство да биде барем легално стекнато у минатото затоа што Трпе не сакаше да има работа со проклети пари и да го прогонуе лоша карма, а себеси се сметаше за суеверен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Горете цветови - болот треба да трае кога некој знае да се роди!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Паралелно со полнењето на затворите во речиси цела Македонија и применувањето на познатите и испитани тортури против целото македонско население (специјални експедиции против македонски села, палежи, грабежи и слично), во Солун се подготвувало судење кое, според замислата на официјален Цариград, правосудството на султанот требало да го претстави пред Европа во една за неа непозната светлина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Си видел, му велат, ама не си видел, слеп си бил, тоа што требало да го видиш, не си го видел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Треба да стасам додека не го презалопиле мојот мртовечки сандак за да си влезам во телото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дали на пример, државата треба да ја субвенционира „алтернативната“ култура? Зошто би ја субвенционирала? Или, кој е „вкусот” на државата?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Знаеш, и денот не се разденува наеднаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беше и главната причина за влегувањето на оружените нивни чети во ерата на пописот на „нуфузите” во Македонија, особено кога веќе требаше да се воведат предвидените Мирцштетски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Парво треба да победиме. Кога ќе победиме, тогаш ќе имме само еден празник, празнико на пролетарјато.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога се доселивме во новоизградената станбена барака, ми се чинеше дека одеднаш бев пораснала и во оваа куќа треба да преземам улога на домаќинка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Лели со десната нога треба да го пречекора прагот? Ете вака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле, според моето верување, ова патување требаше да биде уште еден обид, барем пред лицето на светот, да се зближат Албанија и Југославија, односно Македонија земјата на среќниот егзил на моето семејство, при што требаше да ја провериме цврстината на можниот мост кој би ја заменил границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па и за смеење е. Затоа не ѝ се лутам. Иако тоа сепак ме навредува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кире ја довршуваше мојата карикатура и штоутку требаше да го стави својот потпис, кога се појави една симпатична млада жена. Застана до Кире.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Доста. Треба да мислам на друго.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше избришан законскиот текст кој предвидуваше дека „помирувачот е должен да биде неутрален и непристрасен во текот на преговорите“ како непотребен!? (чл. 19 од ЗИДЗМРРС/14); б) во случај на штрајк или спор во дејностите од општ интерес и во кои прекинот на работата би можел да го загрози животот или здравјето на луѓето или да нанесе штета од поголеми размери, се утврди построга формулација која пропиша дека „страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на колективниот спор“, а предлогот за помирување треба да биде поднесен наредниот ден од денот на настанувањето на спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И треба да знаеш, вели, ако не го заробиш ти него, ќе те зароби тој тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И потем си реков: „Никаква. Но тоа не значи дека не треба да постои“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стоеше така, а знаеше дека не треба да стои, знаеше дека нема време за размислување и двоумење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Стокмени се како за на венчавка. Треба да побрзаш да си најдеш машко, додека се нови“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Другарите рекоа: И другарката Милка беше!, а тој: Да видам зошто се срамиш, треба да си горда.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сѐ што треба да направи е да го пренесе на хартија бескрајниот неспокоен монолог што му се одвиваше во главата буквално со години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На обајцата им беше јасно дека ова требаше да биде, всушност, последната меѓусебна сесија за конечно справување со балканските (без)опасни турцизми, пред да ја состават конечната листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Треба да се нагласи и тоа дека иако со измената и дополнувањето на ЗИПРМ од 2008 година се воведе концептот „бруто плата“, надоместоците (регрес за годишен одмор и отпремнина при заминување на работниците во пензија) продолжија да се пресметуваат врз основа на просечната месечна нето плата по работник во стопанството објавена до денот на исплатата (чл. 4, ЗИДЗИПРМ/08). 185 3.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Пристигна автобусот. Слушнав разговор меѓу двајца мажи: - А, ова не е автобусот што требаше да дојде! - Па не е, ова е замена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа е она што може да се рече за гледањето напред, верувај ми.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Веројатно имаше нови јагниња, веројатно Снеженка закрепнала, зајакнала, веројатно говедата направиле ѓубре што треба да се изрине, но за сето тоа Бојан одвај наоѓаше сили и да помисли, а камоли да се зафаќа, да проверува и да работи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На овие сили треба да се додадат девет баталјони на националната гарда, поголем број единици на жандармеријата и територијалната одбрана, а да не зборувам за военото воздухопловство, тенковите и борните коли што на сите нам добро ни е познато... за жал, ги немаме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зар не му мислат Србите оти со успехот на востанието, ако се праша: на кој јазик ќе треба да зборува судијата, да речеме, во Тетово? – автономната влада што ќе биде од „мнозинството“ ќе одговори: на бугарскиот: истото ќе го одговорат и месните жители, зашто во нивните очи Бугарите, а не Србите излегоа херои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не треба да се потценува и моќта на говорот кој ни е главната алатка за мајсторење.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За прво треба да видиш да не е нешто глув или слеп, да не е некаде изгорен, да не криви со нога или со рака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По таа причина сѐ што требаше да излезе пред султанот, го решаваше Великиот везир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Заборавивме дека треба да молчиме, ѕвонец да не се слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не си требал да фаќаш облог со нив, вели Костадин Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Треба да се чувате од убавините на овој свет. Тие носат само несреќи, баксузи и малери. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А на таа одговорност нѐ подучува животот!“ беше нејзиниот одговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ што требаше да направиш е да согледаш што те пали и да купиш порно часопис кој им одговара на твоите склоности, исто како кога одиш да купиш храна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кај нас во Македонија и во Бугарија на таква владина распоредба можат да ѝ придадат неправилно значење, ете зошто ќе треба да се кажат овде неколку зборови и за неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Новата градба од камен ги има пропорциите на Арката, и тој треба да биде цврст и конечен дом за неа и за Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Си ја избра самотијата останувајќи како мало семејно сонце околу кое требаше да гравитираат малите семејства на преостанатите тројца синови и на ќерката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ѕиркав низ решетките, навнатре трудејќи се да препознаам во редовите автобуси дали еден од нив е мојот со кој требаше да заминам за Битола.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Професорот по керамика, односно по месена земја и печена глина, не знаеше што е попрво: дали генерелот по кого како канија од сабја требаше да оди генералката, или генералката пред која како штит требаше да стојат еполетите на генералот, како лампиони пред петарди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бидејќи е во состојба да ги победи или надмине разликите меѓу столетијата, расите, јазиците или култу­рите, книжевноста треба да се зафати со таа задача.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа, ете, го чекаат да удри оној „високион" седум и да им ги фукнат клучевите на мазите, а Мамут и компанија да им фукнат на клинците и плочите, да прошерпаат по стотина двесте денеска, оти утре е сабота, та треба да ги задоволат муштериите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дека не требало да ги оставам отворени вратите зад себе, туку по секое поминување, требало да ги затворам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мисијата требаше да продолжи во спасувањето на други детски животи зашто, поинаку, сета мисија не би ја имала својата смисла. Немаше крај на Мајкините добрини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Загрижено нѐ погали по косите, лицето му се отвори во насмевката со која нѐ храбреше кога требаше да истраеме во надежта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Човекот го извади врвот од белиот јазик, го лизна местото каде што требаше да му бидат усните и помина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Треба да го вратам во живот: да го исправам, што се вели, да вденам игла потемница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Авторот го поздрави прилично гласно и наметливо, а за возврат Едо бразничанецот само промламушти нешто „под мустакот“ што требаше да значи отпоздравување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Треба да најдеш мачка и вечер да ме чекаш со неа кај автомобилот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Помеѓу тие две сечива (треба да се биде субверзивен и конструктивен едновремено, или, како што вели Дерида, „одговорно анархичен“) „Маргина“ ќе треба да си го најде своето место. • Abbe Buzoni okno.mk | Margina #1 [1994] 5
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но луѓето од водостопанството, кога им го поставив ова прашање, тоа не можеа да го гарантираат, со оглед на обемните подготовки и обемната работа што требало да се заврши.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е, сфати, а јас не се сетив. Стана лесен, срцето му го исполни спокојство - сѐ стана како што требаше да стане.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Треба да ги правиш сите такви, - се сеќаваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ми треба да ми позајмиш колку што можеш“, му рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јуришот во центарот - источниот дел на фронтот, треба да го привлече вниманието на командата на ДАГ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Максималното пропишано полугодишно траење на овој тип постапки, наместо да биде правило, тоа е само редок исклучок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Шарон го информира Буш дека повеќе не се чувствува задолжен да го одржи ветувањето што му го беше дал во март 2001-та дека нема да го гиба животот на Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не треба овде да си го испробуваме крекањето ниту да си ја вежбаме смеата. И на крајот се пошегував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И денес можам да кажам дека почнав да пишувам поезија поради Џони Штулиќ и дека кога повторно би излегла рубриката во „Џубокс“ во кој читателите ширум тогашна Југославија требаше да изберат нај-гитарист, јас би гласал за Влатко Стефановски и само за него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Вистината и сета онаа долгорочна разложност што треба да ги преиспита нејзините претпоставки, а што впрочем е востановување на една цивилизирана состојба на народен живот во демократија - се отфрлени поради предрасудите на заедницата којашто не сака да живее цивилизирано, туку судбински како притаен страв за себе и опасност за другите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кај тие безочни луѓе, што расправаа за нејзината судбина и за судбината на нејзиното дете како за предмети, кои по секоја цена треба да се исфрлат од нивната куќа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Камилски почувствува дека разговорот оди видливо на негов терен, на подрачјето на кое се чувствуваше најинформиран, а беше во дослух со генезата на балканското јаничарство, па се надоврза на размислите на Татко: За да се ослободиме од духот на јаничаризмот на Балканот и за да ги спасиме идните генерации, посебно нашите деца, ние треба да ја разбереме неговата генеза, но затоа ќе ни бидат потребни многу време, многу книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка ми не можеше да разбере зошто татко ми и во оваа земја, во која семејството пушташе корени, и требаше да живее и со другите луѓе, останува до доцна во ноќта со своите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Конзерваторите – водичи на трите павилјони добро си ја знаеја лекцијата што требаше да ни биде пренесена и А.А. во тоа воопшто не се сомневаше, но најмногу стравуваше од нашите прашања, а најмногу од моите, па затоа мораше да биде тука.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кари е научен соработник на Институтот за проучување на општествените промени при Универзитетот на Калифорнија (California), во Беркли (Berkeley), и писател на книгата “Истражување: дроги, градови и иднината на Америка” (Reckoning: Drugs, the Cities, and the American Future), која треба да излезе од печат. 70 за против Doug Bandow Elliot Currie
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не требаше да дојдете тука заедно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во салата се понесе едно потиснато шушкање што требаше да значи: зачуденост, сожалување, а можеби и револтираност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога тој е неспособен за плаќање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
– Да, ние треба да знаеме оти од учеството на сиот “концерт” може да се очекува големо неблагозвучје, помал притисок врз Портата, отколку што може да се очекува од работите на двете најмногу заинтересирани држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едноставно, тоа треба да биде медиумски контраст на балот на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ние треба да создадеме таква положба – да нема во Македонија ни бугарски, ни српски ни грчки интереси, зашто таму нема Бугари, Срби и Грци, ами има само Македонци од словенско потекло и некои други македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Треба да се промени терапијата местото на живеење да се одлета на високо и ведро да се преземе нешто перспективно знам, но имам поважни работи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Обратно треба да се одбира од оние со и без деца - подобри се оние многудетните зашто се навикнати на бучава, викотници и кавги, па полесно ќе се прилагодат на тебе во твоите „блескави“ моменти, кога се „продераваш“ за нешто за кое само денес си убедена дека е така, а веќе утре не се ни сеќаваш што била темата, поентата и поводот, а за причината ич да не правиме муабет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Не бре“, му велам, „не е важно“. „Треба да беше дванаесет и петнаесет“, вели тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нема кој да ми свети, вели Левтерија, треба да слезам долу. - Јас ќе ти светам, вели Григор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И не треба да го игнорирате – рече Грофот – сомнението е многу корисен советник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мецгер Авто-Деструктивната уметност имаше намера да ја реализира пред сè на јавните споменици подигнати на цивилни површини.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Истата тешкотија и во уште посилна форма ќе се сретне при решавањето на прашањето – кој јазик треба да се признае за во училиштата и во општинската управа во патријаршиските реони.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но во поимот матанѕа, кој го изразуваше колективниот транс на педесетината рибари, кои ги убиваа намамените туни во нивниот миграционен циклус, при минувањето крај тунискиот брег, по атланската и медитеранската одисеја, на пат кон Сиритскиот залив на либискиот брег, за да го означат процесот на обновата во природата, се криеше инстинктивната понесеност на човекот да владее над природата, да ја наложува својата лажна супериорност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Катето поцрвене кога му намниса за мажење, ама нели е женско и веќе во седумнаесет години, тоа знае дека така треба да биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тупотат со копитата Удираат во земјата, во каменот Ја враќаат довербата во пламенот Со кој внимателно треба да се ракува Пред да се потпали летото Пред да легнеме на ледина Да се одмориме.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Проблемот е во тоа што не знам колку силен треба да биде огнот за да биде светлината во сијалицата сина. Тоа е важно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ова воопшто не е само реторичко прашање, бидејќи, како што имплицира претходната дискусија, доколку следењето на правилата не треба да се смета за когнитивно достигнување, тогаш воопшто не може да се смета за следење на правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сакаше да им се врати, требаше да го стори тоа пак сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега, една обична, невидлива гранична линија требаше да му го подели животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чекаше да биде пуштена музиката на која требаше да танцува.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А над сето тоа, сосем анонимни, беа раководните мозоци кои ја координираа целата работа и ги утврдуваа основите на политиката од која произлегуваше кој дел од минатото треба да биде зачуван, кој да биде фалсификуван, а кој да биде избришан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Треба да се фатат диви пилиња, вели, и да им се плукне во клунот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогашниот закон сè уште не предвидуваше медијација3 и Ристески, првенствено заради заострените односи со тогашниот директор (С.Наумов), воопшто не преговараше со раководството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Јас, јас... јас од компликации и така наеднаш!“, проговори повторно младичот, „Мене Шулц уште вчера ми вели, вие, ми вели, имате компликации, а јас наутро и умрев. Ах!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се знаеше дека членовите на Партијата не треба да влегуваат во обични продавници „ што работат на слободниот пазар“, како што се велеше ), но правилото не беше строго почитувано, затоа што до различни работи, како што се врвките за чевли, или жилетите, не можеше никако поинаку да се дојде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие денови училиштето ти било најважно од сѐ, нели? - Да, така беше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа беше патот по кој требаше да се оди, а тој тежеше со сета своја човечка – земска тежина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сега би напишал и стотици, илјадници зборови, за малкуте зборови што требаше да ѝ ги напишам, од моите чести и некогаш мошне долги престои далеку од неа, во моите долги дипломатски години, како одговор на нејзините писма со нејзината душа, напишани со чудесен краснопис, учен уште во нејзиното детство кај француските лазаристи во Солун.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ти си далеку и ништо не гледаш. Како слуга покорен треба да одам зад секого.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога тоа и го кажав, ми кажа што рекол: дека еден ден, додека влегувал во метро, видел еден човек како им продава моливи на две жени - човек без нозе, кој се движел со помош на платформа на тркала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
55. Штом ќе се установат правилни односи помеѓу нас и другите македонски – христијански и муслимански народности, штом ќе се признае нашата народност од владата на Н.Ц.В. Султанот, ќе се внесе во нуфузите името Македонец, ќе се направат првите постапки за нашето национално и религиозно ослободување од пропагандите и ќе се воведат политичките преобразувања предвидени од реформаторските сили, штом ќе се преземат мерки за економското поправување на нашите селски стопани, па и до воведувањето на сите тие подобрувања во нашето национално религиозно и економско живеење, ние – македонската интелигенција ќе треба да направиме уште едно, а тоа ќе биде и најважното: да ги вложиме сите свои физички, интелектуални и морални сили во нашата национална преродба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А Бисера, колку го виде оти ја симна шапката и почна да се крсти, избега и не се обѕрнува назад, оти поп кога колне не треба да го гледаш: макар и другото да колне, клетвите го фаќаат тој што е крај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа ако сме сложни, како што вели народната поговорка, „и планина можеме да дигнеме“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во прво време, во темата на враќањето во родната земја, субјектот разбира дека ќе треба да се брани од акциите на еден анти­субјект, наративен интервент, означен од платените егзекутори на тајната полиција („Дури и во мислите, не стануваше збор за повлекување или да се избегне стапицата којашто се профилираше...“).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова треба да е некоја дубара!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Мислиш дека треба да ја пуштиме? - рече дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но знам - со оружје треба да се внимава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Комарец еден остро свирнува покрај увото. Замавнува во преграб. И овде ли треба да се брани?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На нашата гордост и немаше крај, кога од прва рака ја дознавме, ексклузивната вест, дека токму во Француска 7 е подготвен и реализиран планот за распад на Источниот Блок.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За нивниот однос дознавме подоцна, од брат ѝ Густав, а Клара тоа го премолчуваше, Клара низ смеа раскажуваше како луѓето фрлаат по неа со камења кога ќе ја виделе како вози велосипед или кога е облечена во пантолони, затоа што во тоа време беше срамно жена да носи пантолони или да вози велосипед, Клара со мачнина раскажуваше за децата кои останале на улица по смртта на родителите и кои умираат премрзнати и гладни, Клара со гнев раскажуваше за неправдите кои ги трпат жените во браковите, и повторуваше: „Ние девојките самите треба да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.“ …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби немаше сфатено, но со своето однесување тој идеално се вклопи во потрагата по задачи со кои требаше да се нагрби уметноста за да биде корисно употребена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Па нели церемонијата требаше да се одржи во мојот болнички апартман?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Патот на смерноста и понизноста низок е, но кон висока Татковина води; и секој што сака до неа да стигне, по тој пат треба да оди, како Филозофот, нека му е слава вечна во станот небесен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Треба да се смисли што се случувало откако заминаа, како го нашле, со какви почести го закопале.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сѐ требаше да им биде подредено. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ни кажува што треба да правиме, ни кажува и што не треба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја следев кривата на неговото владеење, која требаше да заврши во слободна Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Но, како да сакаше да каже: „Застани! Закочи! Не сум откос кој треба да падне со првото замавнување".
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чакарвелика се печеше овде на сонце и се плашеше од зимата кога ќе треба да се прибере во анот усрамено да го слуша кркањето на вратите и душемињата дури во мозокот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Молкум ми ја подаде стомната загледана во мене како да сум игла низ која треба да се спровре конец и со која треба да се закрпат сите пукнатини на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Метафората треба да се урне Картагина - ги надживеа новите времиња и старите протагонисти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да извадам илјада денари од банката која се наоѓаше на двесте метри после Епинал.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас, која треба да ги лекувам пациентите- не ја чувствувам сопствената душа -сè заборавив- што сум јас- извршителка на должности- должна сум наутро да ги облечам и да ги нахранам децата-должна сум во седум часот да се јавам на работа-должна сум да давам дијагнози-должна сум да лечам-должна сум да водам љубов со маж ми-моите деца моите пациенти мојот маж-зошто ги нарекувам мои-неподвижна седам пред телевизорот-се дава некој глупав историски спектакл-мажот и децата ѕурат во екранот-мракот ме одвојува од нив-мракот ме носи во големата сала-исчекувам ли нешто-редици од свеќи-свеќи танчери-запалени свеќи-прегорени свеќи-студено ми е-толку ми е студено-кој ќе ме стопли-кој ќе ме извлече од овој подрум-само да се помрднам-да побегнам-да исчезнам-јас тука се убивам-боли ме боли-телото ми е претешко-ми треба воздух-да се одлепам-само здив-не можам-не постојам-пропаѓам-помош-помош-помош_
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ме погоди бидејќи го доживеав како израз на некое нетрпение на какво што од неа не бев навикнал. Ова беше реткост. Но, требаше да се одбранам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само кафе варено, би рекла печено на спуза е вистинско кафе, а кога се пие треба да се слуша и сркањето или шмукањето и потоа долго вдишување и издишување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лова треба да се прави! Колку беше минус со изложбата?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И постојано, колку и да ја замолкнував мојата внатрешна сенка, колку и да го вртев погледот кон некоја светлина која требаше да го поништи нејзиното постоење, таа го поставуваше своето прашање: Да се живее или не?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од дотука реченото е јасно оти борбата помеѓу Бугарија и Србија за влијание во Македонија како резултат го даде развивањето на свеста дека судбините на Македонија треба да се во рацете на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веќе знаев што мисли и што треба да ѝ речам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Живото суштество со својата самоконтрола треба да ги негува чувствата: мора да научи да живее со нив, прифаќајќи ги.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Прашав дали можеби треба да честам; да не би да сум ја добил првата награда; тие се погледнаа сериозно, завртеа со главите одречно и рекоа, во еден глас, сосема сериозно: „Не“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оној февруарски ден 1933 година Зигмунд навистина веруваше во тоа, но веќе беше започната една поинаква низа на настани – дојде нов владетел на Германија и нашите сестри се вратија во Виена; кога новиот германски владетел ја освои и Австрија, брат ми со оние чии животи одлучи да ги спаси замина за Лондон; ние, неговите сестри, бевме депортирани во еден, па во друг логор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
1. Во традиционалното Западно мислење, на јазикот се гледа како на некој начин да ја претставува реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Вистина, рековме ние, треба да се вратиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти текнува на оној стар обичај: кога има млада месечина треба да се фатиме за нешто златно и да си помислиме желба! Сигурно ќе ни се оствари! Ајде!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Треба да се спомне дека значајното лице веќе не беше младо, беше добар сопруг, почитуван татко на семејство.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А тука настана проблем... секој ѕидар, тесар, армирач, при преземање на манџичката и пола кило леб треба да го предаде купончето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Човекот никогаш не знае што не треба да направи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
(Мислам оти на ова место треба да истакнам дека во принцип подобро владеам со она што сакам да го искажам одошто со она што евентуално ќе го соопштам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, денес кога наидов на текстот на Теди Москов, театарски режисер од бугарска провиниенција „Среќна случајност“, почнав и самиот да подавам интерес за тоа дали сентенцата на Фелини „Случајноста е другото име на Бога“ е она кон кое треба да се приклониме кога зборуваме за настаните во животната стварност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Треба да почекаме сите да заспијат, па дури после да се досегнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Требаше да станеш од рано-рано. Да се нацрташ пред школската зграда некаде во шест сатот, ко да му се токмиш да одиш Стрежево на риби.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Нема зошто да го напуштаме, само би требало да го измениме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Утрото побрзав да станам. Го замолив рецепционерот да ми го даде пасошот, требаше да одам да ги завршам своите работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И, после, наша крв е, додаваше чекајќи согланост од соговорникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
(...) Оваа филозофија на историјата бара метода спротивна од онаа што ја фалеше Волтер: наместо бесконечната човечка пластичност да се подвргне на наводно еднообразен аршин или некаква иста способност, наместо “оваа или онаа особена египетска доблест да се откорне од своето тло, своето време и од детството на човечкиот дух за вредноста да може да ѝ се изрази со мерките на едно друго време”, би требало да се споредува она што е споредливо: египетската доблест со египетскиот храм, Сократ со неговите земјаци и луѓето од неговото време, секако повеќе отколку да се споредува со Спиноза или Кант.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Професор Ричард тврдеше дека 34 конквистадорите за своите успеси во Америка не треба да им бидат толку благодарни на коњите и на барутот, колку на бродовите, односно на фактот дека за нив, наспроти поимањето на Индијанците, скокот преку океанот беше наполно овоземска работа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Требаше да го собере житото кое беше значителна поткрепа за буџетот на семејството.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Хармонија е предмет што треба да го положам во септември ако сакам да фатам услов за трета година, а колку е досаден и тежок, поим немаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Елоквентниот Месади, откако ја отвори свечената седница и го поздрави со избрани зборови врховниот борец Хабиб Бургиба, ги претстави и претседателите на дваесетина стари и нови партии, кои требаше да се претстават со своите нови програми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Деновите се слични еден на друг и сепак, кога се будеше и се ослободуваше од визијата на ноќта, просветнуваше во него надеж за нешто ново и поинакво што треба да го види и почувствува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Требаше да се прекопува и расчистува, но Кети не беше расположена да го прави тоа, иако сметаше дека остатоците во бавчите би требало да се отстранат колку што е можно поскоро, како и остатоците од човечкото битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поп Стерјо стави прст на усните. Разбравме дека за тоа не се зборува, туку само се молчи и со молкот треба да се памети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А требаше да загинам и тогаш, и тогаш, и кога не.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тужбата ја има доставено лично тој самиот во 2000 година, и во судскиот процес пред стварно и месно надлежниот Основен суд – Скопје I,4 Анчевски не беше застапуван од никого, туку сам ги преземаше потребните дејствија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но и да го знаев тогаш тоа што подоцна се дозна зар ќе бев поумна или поправедна?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Интелигенцијата на тие народности треба да си подаде една на друга рака и секоја од нив да земе да ја популаризира идејата во својот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа нѐ потсетуе исто така на задачата со која што бездруго треба да се нагрби секој еден културен работник од нашата Народна Република, а имено: прибирање и печатење народни песни.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Да не требаше да жалам, вели Јоше Свирачот, ќе ја земев гајдата и дење ноќе ќе свирев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Човек не може да каже кога ќе се случи тоа, но неколку секунди претходно би требало да може да се предосети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Направивме договор со Мало Виштани да ни дадат шуплив гранит и тие ни дадоа, а ние им дадовме да покосат ливаѓе во Бела Војца колку што требаше да се отплатиме за каменот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Требаше да се купи мало чоколадо, со сликички од животни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде би требало да се истакне дека војната во Босна предизвика нови крвави ликвидации на козите. Но, сепак, има и преживеани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Треба да се одмориш. Утре те чека пат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јасно, објектите од Tractatus-от се присутности; такви се локовските идеи; такви се ентитетите на фрегеовската семантика (смисла, поим, итн.).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
При ова долго влечкање низ ходниците мислам дека двапати или трипати го слушнав и гласот на Катерина а во еден момент, во ова речиси сум сигурен, на еден од премините претрча и Јана. Ми го пресече патот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа е четвороспратна поставка која треба да возбуди и да раздразни, работена е по принципот на тематските паркови со тоа што во ова здание темата е прогонот, стравот, исчезнувањето, теророт, логорот, смртта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега треба да забидеме две опасни стражарски места за да ја фатиме Жупанската Планина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дедот Ристе веќе си ја знае должноста: — Ами, ете виа побратимите си загубиле некое шилеже, та дојдоа да го бараат во Рожден, белки е заодено со некои нашинцки овци; токо, земи си столче и седни, вали а борината, и така невестата Менка треба да прошета по дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Револуционерните занаетчии, спротивно на тоа, тврделе дека идеална чевла не постои, како ни непроменливата форма и дека тие самите треба да пронаоѓаат нови форми на чевли и постојано да ги усовршуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И самата треба да ги одмори старите коски, па се прибира во својата одаја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кулата требаше да се гледа од сите страни на светот и да биде украс на царството нивно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Министерот за куродрвење во тој момент дебатираше со опозицискиот широкуран дали треба да се кастрат трошоците во образованието додека гуската од Битола го тестираше новиот римејл купен со парите од патните трошкови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Китан требаше да мисли кога ја правеше куќата... да не ми ја пика близу до каменоломот...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
До 67. dragqueens сè уште не беа прифатени во официјалните фрик центри.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Учителките и треба да се чувствуваат како мајки на сите деца! Само таквите се вистински учителки!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
45. И така, усилбите на македонската интелигенција и на народот треба да се обрнат кон националното обединување на Македонските Словени во едно цело и на обединување на интересите на сите македонски народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа треба да ги сознае нејзините и нашите национални интереси и моќно да ги брани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој беше свесен за балканската комплексност и почитта која требаше да им се укаже на сите јазици во нивното учење, без да се имаат предвид мртвите јазици (грчкиот византиски, славонскиот, османскотурскиот), како и јазиците на голема дифузија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога ќе пораснам јас, ќе порасне и таа. Само треба да ја чувам, да ја поливам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога причината за повторување на постапката се однесува исклучително на постапката пред повисокиот суд, судијата поединец, односно претседателот на советот на првостепениот суд по одржаното рочиште за расправање за предлогот за повторување на постапката ќе го достави предметот до тој повисок суд заради донесување одлука (чл. 399, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа како и обично си сакаше познати фаци, а мене не ми се баш секогаш на приоритетна листа но, што е тука е, таа се запали на него, а јас морав или барем требаше да бидам пријателка и да ѝ правам друштво.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога останаа сами, Горјан рече: - Огнене, утре мораме нешто да измислиме. Треба да воспоставиме врска со Талета.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Треба да се поврати Горническу Косу, разумеш, то je важан положај, велат, и се вртат кон нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова е главниот проблем кога треба да се опише нешто духовно, нешто апстрактно, како едно религиозно или сексуално искуство кое едноставно е тешко да се опише.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А јас треба да се вардам и од кој народ ќе се кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штета што се испушташе оваа огромна бројка на латентни курвичиња и спонзоруши, а власта одамна требаше да отвори нова стапка за оданочуење у Буџетот за што сигурно двојно ќе се зголемеше.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ако еднаквоста меѓу луѓето треба да биде одбегната засекогаш - ако високата група, како што ја нарековме, сака да го задржи своето место засекогаш - тогаш, преовладувачка ментална состојба мора да биде „ контролираното лудило“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Сега јадете риби и пијте вино, вели Григор, оти ова вино треба да ви држи до Велигден.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако навистина во вашите книги ги раскажувате вашиот живот на детството и младоста, бездруго тоа треба да претставува и голема среќа што сега ја претставувате вашата земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас зборував оти кога се прави востание од името и во полза на сите македонски народности, тогаш за тоа треба да се има полномоќност и учество на сите народности во организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ треба да се каже објективно и непристрасно: Србите се недолжни жртви на „новиот светски поредок“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Треба да се видат и другите причини. Можеби е во прашање почвата на која лежи куќата, но за тоа јас не сум стучњак.“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А Нина е, треба да знаеш уште од првиот ден, Нина е суперводеница!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дали ја обесија или таа навистина сама се обесила – не се знае. Ама Пандо треба да знаел нешто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За појадок, барем ова утро, не требаше да се грижи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На сексуалниот чин требаше да се гледа како на малку одвратна, но полесна операција, како што е клистирањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Дац ит“, вели тој. „Тоа е минато. Треба да гледаме за денес“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во секој случај ние ова не го правиме заради некое подалечно време, заради нечии спомени што треба да влезат во приказните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем тука треба да седи за навек, плашејќи се да лета дење за да не го види некој?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Даскале, пушти ми го детето да ми помогне, па после кажи му што треба да му кажеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако се заврзе бој, камените гробови се нарачани за метеризи и заклон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И замислете дека немаат име, и дека треба да им ставите име.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
3 Ветерот се врати тих и уморен на вратот со шарени летала по морето се валкаат русите глави на луѓето што треба да пристигнат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На таа табла нешто недостасува. – Ме гледа вчудовиден. – Би требало да напишете уште дека секој кој влегува во Грција исклучително мора да зборува само грчки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но сега и за нас Македонците настапија нови околности што ќе нѐ потресат и ќе ни кажат нови патишта по коишто ќе треба да одиме во иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Солидарната работа на македонските народности треба да се обрне кон зачувување на целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само, каде е да се врати. Досега требаше да имаме ручано а таа не е ни дојдена: допрва треба нешто да замакали за јадење!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога е Зоки Поки во бањата, за тоа треба да знае сета зграда во која тој живее: И знае, ами како!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Можеби баш такви, прецизни треба да бидат и нашите молитви, за да бидат услишани: „И дај ни го лебот наш насушен, ама немој со адитиви“.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Реков дека не, и дека не разбирам за што треба да се покајам. „Дотолку полошо“, рече Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Државата и синдикатот се во постојана борба и не треба да соработуваат, затоа што синдикатот секогаш треба да биде на страната на работникот“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Галебот што на сонце си ги чисти крилата треба да биде оставен на мир, а не да му се каже ‘значѝ; него тоа го боли.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Овде е опасно да се престојува! - пак се јави колебање кај инженер Александар. - Треба да си одиме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поради тоа, треба да се внимава како се зборува, треба да се вардиме од папагалски повторувања, а посебно треба да се внимава на потпалувањето на хистеријата“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Подготвувањето на едно востание се продолжува 5-10 години и после сите замешани во него или умираат или пак, ако останат живи, треба да останат без ништо и да си изберат некоја друга работа што ќе треба да ја зафатат одново и за која можеби и не се сосем подготвени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога станува збор за гуска како суровина за паштета, доколку описот треба да се потпре на важечката онтологија - тој може да биде единствено негативен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Ех, треба да умееш! - рече Гоце. - Селската облека ме дочува, а пак велигденските јајца ми беа пропусница.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
АРСО: Не! Ви благодарам, ама треба да одам по една работа...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Но она, за гревот, не спомнувај го. Има такви работи што треба да ги заобиколуваме. Од таквите нешта ми е шубе!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
О, што зборувам, зошто се занесувам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оваа патека сега треба да сврти лево И да почне да се искачува Во далечните столетија на детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Требало да бидам машко дете. Но, ете, за инает на сите, се родив девојче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На испитаникот му се сугерира дека во часописот се наоѓаат рубрики и статии коишто тој ќе треба да ги оцени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Не гибајте ја, вели некој, треба да видиме кон кај ќе полета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ако е вистинско, треба да летка.“ „Па ќе летка“, - рече Надица и со ножички го исече нацртаното листенце.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Кај јавните и државни претпријатија, кои отпуштаа работници по овој основ, во практиката често се применуваа партиски критериуми – на големо незадоволство на отпуштените, како и на јавноста; •  што се однесува до измените од 2000 година, со нив: прво, целосно се укинаа погоренаведените критериуми што требаше да се запазат кога масовно се отпуштаа работници; и, второ, се промени одредбата која пропишуваше дека тоа треба да се направи во согласност со колективните договори, со формулација дека тоа ќе се утврдува врз основа на колективните договори на ниво на работодавец или гранка (значи, веќе не со општ колективен договор) и „доколку работодавецот има потпишано таков договор“!? (чл. 6, ЗИДЗРО/00). 24.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во градовите домашните животни не смеат да шетаат на улица, и тоа треба да се знае и да се почитува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Некој ти вели, за тоа имаш глава, требало да мислиш. Ама не е само главата со која се мисли.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Затоа вандализмот треба да се сфати само преку еден уметничко- историски приод. 50 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И дека фолклорот е сѐ што имаме, и дека треба да го чуваме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За среќа, прилично научи за радостите и за лебот, за плодовите, за хранливоста на тагата, за нејзините дождови, за црните и за белите мириси на слободата, за карпата што ќе треба да ја истуркаш на врвот пред да се вратиш по патот на иднината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога татко ми ќе дојдеше од пазар и нешто ќе ни купеше за јадење, некои слатки работи, јас не ги јадев, на мајка ми ќе ѝ ги дадев, а таа ќе ми речеше – ти касни, треба да растеш, а јас ќе се навредев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Европејците донесуваат навистина нешто ново и убаво, не е разумно да се одречува тоа, но има нешто што не чини и треба да се одрече и осуди, а младиот лесно го прифаќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа е многу малку храна, ти си слаба, треба да јадеш повеќе. – реков загрижено - Не, не ми е доручек, јас секое утро, веднаш по будењето ова го правам не го оставам никогаш гладен стомакот. – одговори таа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не треба да заборавиме дека двигателот на дејството на Мајсторот и Маргарита на Булгаков е анегдотскиот заплет, то ест автоматското, магиско извршување на желбата или наредбата (сеедно) да се „оди по ѓаволите“, поради што се менува временско-просторниот континуум.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие кредити можат да се сервисираат само под услов да се земат други кредити, а тоа можеше да мине само затоа што како првобитен капитал беше прифатена една вештачка вредност, па тоа овозможи однапред да се задолжиме така што беа прифатени хипотеките на кредитите за коишто требаше да гарантира првобитниот капитал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зошто? - За чисто брашно, за она брашно што ќе треба да им го донесеш на тие деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Баба ми потоа ќе завршеше секогаш со истата реченица: Деца, жената на мажот треба да му биде најголемиот пријател.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Треба да побрзаме, - ѝ вели свеската на жената. - Ако се здрви не можеме ни да го соблечеме ни да го облечеме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зашто дедо Геро многупати знаеше што треба да се стори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Син ти излегува со неа затоа што треба да излегува со девојки, се јави повторно мајка му. - Кај ја најде...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не за друго, туку дека таков редок примерок не прошетал пред нив, а тие треба да полагаат на него и на неговите долги, тенки и дебели кои, ако не куртулат, нема да бидат ни за кукурек.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А сепак девојчето го сожалувам иако со забите одвај ја додржувам сеуште неизречената помисла: „Другар Канчевски, верувај, тоа беше најмалку од она што требаше да ти се случи!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ХРИСТОВ: За тоа време, мила, ти не треба да се грижиш за мене, јас... како да речам... јас ќе се наоѓам на сигурно место и... воопшто за сите работи ќе се грижи ЦК.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истата онаа заседа на која требало да наиде нашата бригада.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ќе дојде Јован до три метри, си велев, ќе треба да му се придружам, а ќе можам ли? Тоа ме правеше напнат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Си велам, можеби зашто се жалобни дни и зашто треба да ме остави да мислам на Борко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Симболите што требаше да се создадат мораа да имаат таква степен на доживувачка снага за да поттикнат заедништво и со тоа да создадат плебисцитарен карактер: „Потоа одиме на тоа, создавајќи митови, националната свест да ја претвориме во снага и волја.“
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Претпоставував дека треба да направи не само увид во можностите, туку и извесни консултации.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не се плашиш дека сите треба да бидеме еднакви?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Работодавачот мора, во писмена форма, да го извести работникот за временото прераспоре- дување на работното време најмалку еден ден пред тоа, а одредбата за „забрана на работа преку полното работно време“ важи, исто така, и во случај на нееднакво распоредување или прераспоредување на работното време (чл. 123, ст.2 и ст. 6 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Има случаи кога пожари започнуваат сами од себе, а и случаи кога водата не го гаси огнот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само требаше да бидам трпелив и да чекам. Да дочекам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ЛУКОВ: Не. Но секако ќе треба да се вратите побргу.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Документирањето на еден настан е како градење на куќа од тули кои не знаеш каде се расфрлани низ историјата. Не знаеш каде се, а треба да ги најдеш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Инаку зошто ќе ни требаше да се посомневаме дека некој непресметлив можеби дошол за да ни ограби некакво божемно богатство кое никогаш не постоело.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пролетта стаса нова вест дека Франција го менува својот став и дека до Конференцијата на амбасадорите доставила нота во која истакнува дека причините што ги наведува Кралството на СХС се такви што треба да се земаат во предвид зашто во правниот јазик: изразот „до“ - зад кој следува име на место - имплицира дека тоа место е исклучено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некако ми стана симпатичен, иако неговата физиономија се косеше со сите мои вкусови и принципи, како би требало да изгледа едно машко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше спомнато и тврдењето дека записите на Монахот, кој и самиот веројатно потекнувал од реканскиот крај, не треба да се поврзуваат со сенките- вампири што со векови ги населувале приказните од пределот Гора.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Малку по малку, должностите почна да ги извршува нередовно; а посебно кога во разговор со управникот или со главната сестра требаше да каже нешто за каков било предмет, кога ќе осетеше дека на дотичниот предмет и самиот треба да му подари некаква изјава, буквално ќе се скршеше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
— Е, добро, добро, така нека биде, само мене се нешчо ми зборуа дека и на ним треба да му се помогне — заврши Толе; а локомотивата го успори своето бегање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Интересно во целиот овој случај е тоа што судијката, при одредување на правото на тужителот, се повикува и на веќе востановената судска пракса или т.н. „прецедентно право“ на повисоките Апелациони судови од Скопје и од Штип (пр. РОЖ. бр.1157/09 и РОЖ.бр.160/10) – што секако е за поздравување, затоа што судиите во РМ конечно треба да го надминат правниот позитивизам на кој се научени и да почнат да го применуваа и „духот“, а не само „словото“ на законот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Ако поставиле хидрантна мрежа - како што ви рекол инженерот - би требало да пуштат прскалки.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Сега таа (Шефот мислеше на Ема; тој секогаш, дури и кога во себе ја анализираше ситуацијата, имињата на соработниците ги прекриваше со заменки), треба да се употреби, всушност, таа сега ќе може лесно да се манипулира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, знам, кога сонцето на запад ќе сфали, треба дрва да се зберат и треба жената да ми ја испере кошулата, треба да се чисти пајажината што сѐ повеќе се фаќа во појатите на душата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Очекуваше повик од болницата која требаше да ѝ ги соопшти резултатите од биопсијата на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Злите јазици го сврзуваат тој восхит со некој голем празник, што се совпадна со денот на моето појавување на свет, но јас досега не сфаќам, каква врска има некаков си празник?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Неговата судбина треба да нѐ загрижи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дојдовме до Неготино и еден офицер извади список на Турци што треба да се иселат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Треба да ја цениме конструктивната критика, да најдеме начин да ги разбереме работите и да ги избегнеме грешките затоа што само така ќе ги направиме подобри нештата кои гравитираат околу нашето удобно опкружување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во исто време, Гого се исправи пред проблемот да најде работа - од нешто требаше да се живее; да беше останат сам самјак, ќе се обидеше да преживее како слободен уметник; а вака, со семејство, со жена и дете на пат, не се решаваше на ризикот да зависи само од продажбата на своите слики - тој неафирмиран сликар, неговите слики непознати на јавноста, поимот продажба како мислена именка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А чорбаџи Сиве, за тие работи, секогаш им се најдуваше. Не одбиваше никого, но исто така не забораваше да се погоди каква работа ќе му сврши должникот што ќе се услужи со неговите пари и до кога ќе треба да го причека.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тие носат погачи, булиња, ракии и разни мезиња, та и тука, како во црквата, треба да се види која е пофарк во домаќинлакот Билјарките и овде излегоа пофарк.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сиот се растреперив. Што е тоа што се случило и кому се случило та што треба да се јави в милиција?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додатен проблем му причинуваше и најавата за носење закон за неженети со што Трпе покрај сите пиздарии ќе требаше да ѝ плаќа уште и данок на државата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во слободните балкански државици, одвреме-навреме, македонската интелигенција, без разлика на пропагандите, треба да организира свои македонски собири, на кои ќе се разгледуваат и ќе се решаваат прашања за духовниот и националниот расцвет на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Требаше да се смете внатре во колибата, да се средат расфрланите работи, да се донесе вода, да се измијат паниците, лажиците, требаше да се истресат и чергите, кои дедо му од есента сигурно не ги имаше изнесено надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беа врвовите од крошните на највисоките буки, со кои беше обрастена сета таа угорница, која тој требаше да ја искачува целиот иден ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Може да се најдат и луѓе што ќе речат оти треба да се мавнат од овој свет лицата со такви мисли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А учителката ќе го земе нејзиното блокче и ќе им го покажува на децата: - Еве, вака се црта маче. Од Милка треба да се учите да цртате.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мило ми беше што ме одби зошто ќе беше вистински циркус да требаше да ме придружуваат двајцата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Оценките варирале меѓу 35 - цифра дадена од страна на валијата, и повеќе од 300, што треба да се земе за точна доколку би им се верувало на повеќемина Европејци, главно Германци и Австријци што живееле во западните делови на градот, каде што живеело егзархиското население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се говори дека „треба да се соберат сите одбранбени сили против деструктивните сили, кои денес владеат на културното поле на татковината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Самуел ѝ возвраќа со уморен поглед.  „Тоа треба да се подели со луѓето”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Требаше да се обезбеди секојдневниот леб, спокојот на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За воопшто да дознае што е преживување, човек пред сѐ треба да остане жив.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бојан почесто застануваше, свртувајќи ги очите кон долниот крај на Рамни Ливади од каде што требаше да се појави џипот. Но шумарот се забави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Еми баш то и сакам да кажам: оти јас да учам некого прво да го засаквам, а во исто време веќе ќе треба да се грижам за него, да минувам денови и денови со него, да делам сѐ по ред...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Навистина, тој беше доста далеку од многу сртови, навистина -можеше да биде малку погоре, во една од погорните шпели, но барем успеа да си ја зачува затскриеноста, а тоа секому би требало да му биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба да се знае дека едно значајно лице неодамна станало значајно лице, а пред тоа било безначајно лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Прва работа што треба да ја сфатиш е дека на ова место нема маченици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Е, мои мили, вие треба да научите и тоа задолжително ќе го научите, како да ја употребувате пушката, што речено со други зборови, како да стрелате и како да убивате...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тука требаше да ја мине реката преку една греда ставена преку неа, но кога дојде што да види: гредата ја нема!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дали го прашавте што памети а што заборавил?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На домот му требаше женска рака, па по наговор од татка си, само што почна да ги запознава убавите страни на младешката слобода, за кои и покрај работата наоѓаше време, Јаков набрзо требаше да се жени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќе си купам топ!“се фалеше Бебек, а сите од публиката беа готови да му се потпишат како жиранти, ако за купувањето требаше да подигне кредит.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сите се кренаа, само јас не, ми беше незгодно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со таква задача беше задолжен и Камилски, којшто овие зборови требаше да ги извлече од областа на архитектурата, урбанизмот, трговијата и занаетите, земјоделската терминологија, алатите, парите, мерките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа и Чана набргу испраќањето го претворија во она и што требаше да биде, дека никој друг освен баба им и дедо им не може да им биде поблизок од родителите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Требаше да се обиколи папокот на светот, од разлози само нему знајни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Главното оружје во нивната јазичнолексичка битка требаше да бидат енциклопедиите, толковните, двојазичните и другите речници, одделни трудови од областа на лингвистиката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден ден во релативно блиска иднина - не би можел да ви го кажам точниот датум една од пораките во вашата утринска работа ќе содржи погрешно отпечатен збор и вие ќе треба да побарате да ви го повторат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира немоќниот волк фатен во стапицата на крвожедните ловци би требало да асоцира на судбината на владетелот кој по никаква цена не сака да се оддели од власта, штитејќи ги малите немоќни волчиња, односно народот, според логиката на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дванаесет години подоцна, со носењето на новиот ЗРО (2005), кај работниот однос со приправници или „чираци“ (термин кој, со право, се чини надминат, а симптоматично е тоа што за прв пат се среќава во ЗРО/05!?) – односно, со лице кое прв пат започнува да врши работи соодветни за видот и степенот на своето стручно образование и кое професионално треба да се оспособи за самостојно вршење на работата – приправничкиот стаж си остана на најмногу 17 една година, ако со закон не е поинаку определено.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој често забораваше дека пред себе има човек кој штотуку се описменил и дека треба да ги избира поимите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не стравувања од кои треба да се плашиме. Обични стравувања на секојдневниот живот. Здрави стравувања.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Дојдов. Од тие тефтери треба да се избрише господовата вересија.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како што тргнала работата, не ни останува ништо друго освен да го чекаме мигот кога тие, од некоја цврсто стокмена сцена, ќе лиферуваат лозунг: „На Македонците им е доста од седумтте уметности, сега ќе треба да се свртат кон онаа што ја прават политичките партии.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Инаку во ред е кога чувствуваш дека низ главатати ти врват повеќе патеки, ѝ реков, треба да се допушти по нив да шета и дивото и питомото.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ треба да знаеш оти со него ќе робуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А.А. всушност го изговори прологот на драмата на балканскиот театар на апсурдот, требаше да следуваат чиновите на драмата во кои главните улоги, пред истата публика, требаа да ги играат К.К., во декорот на католичкиот павилјон, П.П., во декорот на православниот павилјон и М.М., во декорот на муслиманскиот павилјон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мене не ми треба да одам ваму-таму. Со мојата болест згрешивте.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дали поверувавте дека зимата треба да ги охрабри оние што ги одмина летото оние чија тиха ѕвезда упорно ја следи својата патека?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Уште во оние, најубави години, јас требаше да го видам дефектот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како се снаоѓале деловните луѓе околу 1900-та? Грозно, грозно. Едвај имавме доволно да јадеме, а требаше да се очува привидот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мојот приод е многу попрагматичен. Филозофијата треба да создава можности, во рамките на тимовите научници, техничари, уметници, дизајнери, луѓе кои доаѓаат од различни области, за да ги создаде околностите на иднината. 116 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И навистина: Луција од мене бараше да бидам циркузант не затоа што таа, туку нејзината Партија го сакаше тоа; Ина бараше од мене да бидам кловн (со видлива дарба за еквилибристика) не затоа што тоа ќе ѝ донесеше поени во циркусот, туку затоа што таа уживаше во моите глупости; се смееше како никогаш ниедна жена на светот; се смееше како што Луција, мојата Луција никогаш не се смеела, не се смее, и ниту не ќе се смее, иако според својата судбина требала да се смее, што не би можело да се рече за судбината на Ина; и јас реков: „Со задоволство, Ина. Со задоволство ќе го сторам тоа.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Градејќи сопствен критички суд за театарот и театарската уметност, тој верува дека дошло времето во кое ќе може да се направи „експлицитна дистинкција помеѓу она што е потребно како театарска естетика (во институционално милје) и партискиот упад во системот кој би требало да лиферува просечност“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Уметниците се изложуваат на своевидно растројување на сетилата - на пример, Рембо, Ван Гог, Арто.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се случуваше да ми каже дека не требало да земам ова од некоја од полиците, а да го ставам таму она.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Навистина треба да сожалуваш што не си ја треснал главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ќе требе да го изговорам твоето име позајми ми ги вилиците.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
За десетина секунди се најде крај стубелот. Веќе знаеше што бара и што треба да прави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа што требаше да го стори беше да не каже ништо и да го натера да поверува дека неговата шега е јалова.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се прашува дали не треба да го тргне умот од тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто ти, татко, не ми кажа, на сон не ми се јави, во видение, оти такви страшни работи децата треба да ги чујат од устата на татковците нивни!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И така, преку толку преносници, ни преостанува само обидот одново да си го возвратиме грабнатото или тој институт што можел, што требал да се случи повеќе од еднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Требаше да се врати дури во септември, а Али во својата работилница ниту можеше да постигне да ги услужи муштериите, ниту пак можеше да најде помошник па го наговоруваше Еда да остане.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со првото пувкање на чадот, острото сознание за неговата состојба и тежината на тоа што требаше да го направи, го обзедоа и во неговата душа предизвика празнина, која потоа премина во амбис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие оделе дотаму што сметале дека, ако од политички причини не можеле да се отстранат членовите на ЦК, барем требало да се направи неможен нивниот опстанок во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Уметноста не треба да пречекорува извесни граници.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И што треба да имам во куќата за да имам мир? Кого исмејуваш, мочко еден?!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Но јас се чувствувам така, капетане. Мислам дека би требало да си одиме оттука.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со тоа требаше да се реализира еден од најзначајните планови, планот над плановите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Прво, да знаеш дека телефонот не се добива, туку треба да се плати в пошта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Требаше да се видиме вчеравечер, во 19 часот – рече Грофот, но тоа не личеше на обраќање кон мене туку гласно искажување на она што го пишува на листот на неговото биро.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поворката бавно напредуваше. Некој рече, се смрачува, треба да побрзаме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во тој начин на соопштување, Гита Корец со својата непогрешлива интуиција го препозна никулецот на една состојба што се развиваше како дива билка, како брзорастечки бршлен што во неа предивикуваше силен и неконтролиран страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ти ги закова со клинци. Нели треба да се вртат. Автенцето да се движи!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И уште ми кажува дека треба да извршиме попис на луѓе и на добиток, на живо и на мртво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако се почитуваше вообичаениот ред на вакви средби, директорот на театарот – гостин требаше да возврати, но тој го задржуваше на лице­то својот израз – клише, од кој не можеше да се разбере дали се согласува или не со изреченото.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Според Андре Мазон, продолжи Камилски интрусот на странските зборови во постреволуционерниот руски јазик се должи и на долгогодишниот егзил на врвните раководители, како Ленин, Троцки и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се смета дека должникот е неспособен за плаќање ако во период од 45 дена од која било негова сметка, кај кој било носител на платниот промет, не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз основа на важечките основи за плаќање (чл. 5, ст.1-2 од ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, се чини дека тоа било највистинското во овој живот, така ми стои сега, и дека тоа треба да стане судбина на сите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И јас треба да си најдам куче, помислуваше тогаш Дончо, големо и лошо, па да видиме тогаш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако и ние ја сакаме нашата татковина и самите себеси, тогаш и ние треба да ги претпочитаме нашите месни македонски интереси пред општобугарските, општосрпските, општогрчките.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- „Гневот не раздели или љубовта? Судбината не порази или гордоста?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А вашите желби, во поголем дел треба да ви ги исполнат родителите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе ти нашепнев и кој ја поттурна одзади, и тоа со двете раце, кога требаше да земе залет за да ги стори спомнатите неколку скокови до високото место каде што се најде!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ти си дете и деца не треба да зборуваат за умирачки - ми свика таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Квачката е излезена до каде 'ржаново, а Деницата тукушто се јавила; треба да има ранко три четири саати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа тие нѐ собраа и ни рекоа: - Момци! Треба да се покажеме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Цитира дури и една нејзина мисла: Ана вели дека ние, луѓето, кога веќе имаме храброст да го доживееме убавото во љубовта, треба да имаме храброст да се соочиме и со нејзините грди страни!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше повикана и Трудовата инспекција која, по доаѓањето – со Записник бр. 07-3/46, од февруари 2005, констатира дека „штрајкот“ кој беше претходно организиран во знак на револт против сите манипулации при масовните отпуштања од работа, е нелегитимен и дека треба да се прекине!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Треба да оди тука близу, до еврејските канцеларии, каде што го очекуваа неговите уплашени соговорници што, Боже мој, беше поволен предуслов за успешни преговори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Нема што да се прави, младичу“, милостиво и очигледно радувајќи му се на новиот забележа генералот, „Треба да се утешиме!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можат да те фатат неспремен баш кога најмалку очекуваш. - Не треба да се правдаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа дружба треба да пушти длабоки корени помеѓу двата братски народа за да им даде можност рака за рака да одат по тешкиот пат на културниот прогрес.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
31. Ние требаше да знаеме оти против нашето востание ќе бидат: и Каравлашко, и Србија и Грција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас потскокнувам и си го прераскажувам сонот што треба да ти каже кое момче ќе го земеш, за кој човек ќе се мажиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во ова време најмногу се учи од историјата која вжештено тече во Цариград, во време кога се судираат две цивилизации и на повидок е нешто трето, за кое треба да се избориме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не знае поради што, ама никако да го прифати како нормално дете кое оваа есен за прв пат треба да појде на училиште, особено не може да прифати почесто да се гледааат со Пеличка, нејзиното срце слути само лошо, чувство што не сака да го сподели со Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Честопати мислев на светот и времето кога бевме девојки, мислев кога веќе одамна не бевме девојки; мислев на девојките на нашето време, за кои Клара велеше дека конечно треба да се ослободат, девојките за кои мојата мајка велеше дека местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остануваше описменувањето, но според предвидувањата, не требаше да претставува голем проблем како, на пример, електрификацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеби сепак треба да му купи кутре.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Негде на пресечната точка на тие два исказа треба да се бара тајната и противречна иманентна поетика на нашиот автор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа беше повеќе посакувана, принудена, отколку реална историја, во која јас бев еден од малите протагонисти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да заврши некаква задача која некој ѝ ја доверил и пред кого, на крајот, требаше да се оправда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Лагата беше претворана во вистина, а вистината во лага. Треба да си мајстор за таква работа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
СИМКА: Не коси се, Костадине. Не мисли на лошо. Денес е празник, не чини лутина на срце да си ставиш...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А таа беше задоволна кога и нејзината партија беше задоволна и кога таа иста партија ќе ѝ кажеше дека треба да биде задоволна, затоа што на општо задоволство ја извршила партиската задача. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Работното време кое ги надминува законски утврдените 40 работни часа во една работна недела се засметува и надоместува во пократко работно време во други работни денови или преку слободни работни денови за времетраењето на договорот за вработување, а прераспределените работни часови не се сметаат како прекувремена работа и за нив не се наплаќа додаток на плата, со што директно се укинува прекувремената работа за оваа категорија работници, како посебен услов за работа кој согласно чл. 106 од ЗРО треба да биде соодветно надоместен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За децата не требаше да прашуваат, некои се подадоа од другата одајка, други дојдоа побелени од снегот, од надвор, сите со радост го изговараа името на Пелагија и ја гушкаа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тогаш Трајанка го погледна Пецета милозливо кажувајќи му со очите дека не треба да се плаши и стана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Шанкерите треба да бидат помилосрдни кон своите муштерии. Па и муштериите се, побогу, луѓе!
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сигурно тие знаеја што манга е Војне, ама треба да им требаше зашто тие знаеја што манга е и Сврделот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да ја растуриш и да ја наместиш пушката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега знам, тоа требаше да го знам порано, и јас и другите офицери. И сите поднаредници со веѓи и без веѓи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега требаше одново да го земам лостот и да се обидам да ја поткренам земјата но, вртејќи се кружно во собата, сфатив дека најпрвин треба да го поткренам својот дух.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За Ботеро, сѐ „има место да постои“, фалшивата затвореност треба да се предаде, да се отвори; потребно е таа да се покори и да ја презеде формата затоа што, како што велеше Монтењ, ние немаме „никаква врска со битието“ и, значи, можеме да го насликаме само „пасажот“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вака молчеше пред да се свапири. Зборуваше кога требаше да молчи, молчеше кога требаше да зборува.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Беше очигледно дека ќе треба да биде поделено на три еднакви дела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И едно исто си повторува: Ќе дојде подобро време, треба да се чека подобро време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа е малку подолготраен процес, што значеше дека во меѓувреме требаше да си најдам паметна занимација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рече дека народната уметност денес треба да биде „планина на народниот дух, папок на нацијата, со која секој автор треба да остане во невидлива папочна врска целиот свој живот.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секој ден треба да се обидеме да ги инспирираме другите, можеби не сме совршени, но во сите од нас постои светлина, харизма, шарм, глас кој ги инспирира другите околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
8. Треба да потенцираме дека со ЗРО (2005), во доменот на засновањето работен однос, беа избришани две важни одредби: •  прво, повеќе ги нема одредбите со кои се пропишуваше кој работоводен орган ја носи одлуката за потребата од засновање работен однос, како и онаа за изборот од пријавените или упатените кандидати (чл. 12-13, ЗРО/03 – Пречистен текст); •  второ, веќе не се предвидува заверка на договорот за работа (по ново, „договор за вработување“), од страна на Заводот за вработување (чл. 19, ЗРО/03 – Пречистен текст) – па, дури, ни во случаите на најнетранспаретното т.н. непосредно обезбедување работник, од страна на самиот работодавец (по ново „работодавач“) – чл. 22, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А сепак не сум сигурен дека сум го видел во себе она што требало да го видам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наспроти привидот, оваа смрт на книгата несомнено ја навестува (на извесен начин, отсекогаш) само смртта на зборот (на еден самонаречен полн збор) и новата промена во историјата на писмото, во историјата како писмо. 52 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Треба да пуштам коса, се сети. Оваа татарска черупка ги плаши луѓето и предизвикува недоверба кон мене.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Лонецот за претопување“ подразбираше дека Црнците треба да ја остават нивната историја зад себе и да станат дел од поголемото општество. Секако, тоа не се случи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овде треба да се изјасниме кој за која земја ќе оди, за која држава сака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Какво варварство! Да се земе живо дете, да се сошие во кожа на мртовец - и тоа ќе се задуши во тоа старско детство во кое не треба да прави ништо друго освен по сопствената смрт да загорчува други детства.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Градоначалникот беше човек во години, одмерен, макар што ги знаеше границите на својата власт, а кога беа со партискиот секретар на градот еден спроти друг, му ја препушташе нему иницијативата, овој пат му стана веднаш јасно дека сам треба да ја преземе иницијативата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа брзо се облече, се присили да изгризе едно јаболко, зашто знаеше дека треба да јаде, па се вовлече под чергите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Треба да се потцрта дека станува збор за еден град со над половина милион жители, со концетрирана индустрија, град во кој е ограничено природно проветрување поради високи градби.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не очекуваше да го најде во ниедна од тие зглопки, што ги освои толку внимателно; па сепак, и не мислејќи, тој го правеше сето она, што требаше да биде сторено кога се оди на еден вака голем лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Надежта која ѝ ја даваа докторите и нејзината ревност во лекувањето на стерилитетот, уште одамна требаше да дадат резултат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но пред да ми го даде, тој рече дека треба да платам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И еве сега, во својот егзил, запрен на првата етапа, за која никогаш не сонуваше дека ќе биде прва и последна, веројатно како втора етапа требаше да биде патот кон Франција, Америка или Турција, тој се најде во кафезот на својата библиотека да се пресметува со турцизмите?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зашто, велеше, Акиноските му пишале дека Видан бил тешко болен, од офтика, и дека требало да диши чист воздух, како нашиов, како овдешниов.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па и преподавањето сказанија, собитија и истории, зарем не е траење на мрежа совршена, во која секоја нишка, секој конец треба да дојде на своето место кога времето ќе стигне за тоа, кога јазлите ќе се заврзат, и зарем и тие, сказанијата, не се ненужни и непостојани вселени?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гордо исправената статуа на шмизлата поставена пред некогашното собиралиште на скопските курви ќе дава дополнителен стимул на нашите омладинки во која насока треба да се движат, то ест дека со газ, цицка, две три пијачки и бркање спонзор може високо да котираат во општеството со изгубени вредности.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како блуз пианист, насетував дека со Лолита – Јасна треба да отпочне од некој лев акорд, на пример Фис-мол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мајка вели дека требало да си го измијам лицето за да не фаќа сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земанек рече: „Ти си луд. Јан Лудвик, ти треба да одиш на психијатар.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Требаше да му постелиш на женскиот кат, ама ете а грешиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Судската постапка траеше до март 2001 – т.е. околу една година, што прилично долго време за еден работен спор кој по дефиниција треба да биде „итен“ бидејќи 162 се работи за круцијално егзистенцијално прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Треба да се продава, да се печали, да се јаде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Укинувањето на строгата разлика помеѓу текстуалните родови се обидуваме да ја формулираме на една речиси невидлива, философско-литерарна граница, на едно место кое би можело да биде подрачје на најплодни сретнувања, меѓупросторот на стилизацијата на новиот, хибриден дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бевме повикани откако Стефан Лествичник, кој во очите на логотетот, по она лажно видение допрва требаше да се искачува по скалилата на славата и почеста, му беше раскажал на управникот дека отец Кирил фрла хула бесчесна врз зборовите и се свртува кон гласовите како кон идоли.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во самиот комитет треба да бидат застапени сите, или неколку народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Сигурно треба да е некој кој умрел во селото зашто камбаната, барем досега, никогаш не биеше за тие кои погинаа на боиштата - мисли и се прашува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мама го одведе Зоки во зоолошката градина. Зашто тој веќе треба да научи како се викаат некои животни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Треба да се подготвиш.“ „Подготвен сум.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека прислужникот на училиштето влегуваше и излегуваше да донесе кафе и ракија за честење, Комисијата ја објасни целта на своето доаѓање; кажа дека треба да изврши проверка на местата од овој пограничен реон: да се одбележат синорите, да се изврши маркирање на теренот срамнувајќи го со картата во која е уцртана границата, односно да се изврши разграничувањето меѓу двете држави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Исто како што проучуваме како животните и растенијата се разликуваат меѓусебно и како се размножуваат, така треба да се проучуваме самите себеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Рибата загризува или не загризува, не можам да чекам предолго, како да постои и нешто друго што треба да чекам, но знам дека оттука назад ќе заминам по истите стапки.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога првостепената пресуда се укинува поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка, во образложението треба да се наведе кои одредби се повредени и во што се состојат повредите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ЛУКОВ: Добро што си се разбудил. Напишав едно писмо за Иванов. Ќе треба да му го однесеш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Добро, се помирив со тоа. И што сега? Ако ми беше тоа утеха, каде треба да барам нова!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Му рече дека не треба да се грижи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вака ќе си помисли: ме виде и не ми се јави, што значи нешто треба да има... (Со молење кон мајка си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
135. Иако Мисирков и во текстот не ја употребува оваа антиципација на мекоста, овде веројатно се работи за печатна грешка, па наместо туѓа треба да стои тујѓа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Треба да се нагласи дека оваа врска честопати е конвенционална, а без доволна основа се смета дека конкретно писмото е застапено во фонографските системи на писмо, додека идеографијата се смета за предвесник на писмото во неговиот филогенетски развој. 84 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Марк, беше лек за секоја женска болест, само требаше да замижите и да си го повикате името Марк во вашите мисли и тој за миг ќе се отелотвори пред вас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не можеме минатото да го избришеме, а да сонуваме за иднината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе направиме качамак „врти-мешај“. Треба да се учиш... да бидеш домаќин.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Процесот на создавањето на системот на писмо не треба да се претставува како резултат на колективно творештво, т.е. на начин, како некое лице во определен временски период создава определено количество на знаци, кон кои некое друго лице додава наредно количество на знаци итн., сѐ додека не настане графички систем, достатен за изразување на фонетските единици на конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Не! Кучињата треба да се ликвидираат!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Второстепениот суд ги уважи двете жалби и го врати решението на повторно разгледување на првостепениот суд, наведувајќи дека од наводите на вештото лице, се гледа дека треба да се извршат други вештачења: да се проври од стручни лица или установа какво е тлото на кое лежи куќата, неговиот геолошко-технолошки состав и колку тоа влијае на нејзиното пукање.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
208 Ф. И. против Фабрика за производство на апарати за домаќинство Спор за обесштетување поради повреда на работно место 1 Ad vim maiorem vel ad causus fortuitus non tenetur quis, nisi sua culpa intervenerit За случаите на ‘виша сила’ никој не треба да одговара, освен кога зад неа се крие нечија вина! (Ulpianus)
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А пак треба да знаеш дека и носење вода овде не е ни поневредна и нечесна работа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По некое време стоеја пред Претседателот. Претседателот им рече дека треба да дојдат ваму, во Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го отвори барот во кој автоматски се палеше светлото што треба да го привлече вниманието, почна да ги нуди гостите со сите можни пијалаци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Благодарејќи им на карипските обивачи го изгубив својот дневник на некакви пост-марокански патувања и подоцна го пронајдов, од сите неверојатни места, на дното на џакузито крај плажата, но и тоа е приказна која треба да се бара во некој друг некогаш одамна, а не во овој; исто како и приказната за губењето на мојата омилена капа, една баскиска беретка, во застрашувачкиот Тахо де Ронда во Андалузија, и за нејзиното подоцнежно неверојатно враќање. 72 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Политика за политика“, му велам, „ама земјана треба да се ора и да се копа“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Постарата ќерка Блерина беше подготвена за да ја оставиме со Бешир во блиската француска гимназија Карно во Ла Мараса, во која некогаш матурирал Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова беше првото излегување на Рада од нејзиното лажно патешествие во Америка. ѝ дојде како олеснување, како издувен вентил од кој требаше да излезе сето негативно што со месеци се натрупуваше во неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред да стапи во партијата, брат ми требаше да замине на една сојузна младинска доброволна работна акција за изградбата на една разорена пруга во една од средишните републики во земјата, потем во изградбата на автопатот Братство-единство, којшто треба да ја поврзе земјата со Европа и Азија, па во изградбата на едно вештачко езеро во својата република, со сушење на мочуришта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По ова вино, вели, прво вино треба да ви биде божјата причесна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но тие треба да ја гледаат во иднината реалноста, а не тоа што им се бендисува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само, ви се мола на обајцата, да си го држите зборот. Бесата бес, шо велаат Арнаутите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние ја чуваме туѓата храна... Тие беа поимотни, па зимата ми се јавија: Не треба да ни ја враќаш храната, јадете вие!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Требаше да собереш сили, уште во почетокот да ми кажеш дека за твојата мајка и твојот татко има многу горчливи, многу трагични, болни настани сврзани со мојата земја...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Те оставив да си поспиеш повеќе, - му рече Глигор. - Не требаше да ме оставиш. - Лош сон?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Добриот домаќин треба да има од сѐ по нешто во резерва.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наеднаш ќе произлезеше дека навидум прифатливите објаснувања се спротивни на секоја логика.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се дозна дека меѓународна комисија треба да дојде за да ја разграничи спорната зона. И еве најпосле, таа дојде.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Втората тужба за слична трудово-правна работа е упатена преку истиот адвокат – но, сега таа е по основ неисплатени надо- местоци за исхрана и зголемувања на плата по повеќе основи, согласно веќеспоменатиот Закон за полиција/06 и Одлуката на Уставниот суд за укинување на членови од Законот за Буџет за 2008 година.5 Вкупната вредност на овој спор е 26.904 МКД (440 ЕУР) зголемена за камати и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ах, што зборувам јас, што зборувам? Света Пречисто, прости ми...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
93. Бидејќи Мисирков беше заедно со Д.Груев во Белград, заедно избегаа во Софија, а потоа и двајцата ја напуштија Бугарија, треба да се примат со доверба овие зборови, особено пак ако се имаат предвид и некои новооткриени документи од бугарските архиви од тоа време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Треба да знаете дека omnae personae in tres partes divisae sunt 14. Имено: барони, трубадури и работници.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Остана така со погледот низ окопот од каде што требаше да се врати Србин и со мислата на Брезница сѐ додека најпосле Србин не се појави со бовча. Пак не се помести од местото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Си ја дополнуваа семејната историја, колку што беше можно поцелосно, за да ни ја откријат заедничката стратегија со која, дотогаш, успешно се носеше семејството а која требаше да важи утре, за нас, нивните деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да го завршиме нашиов разговор со тоа што ќе речеме: со парите треба да се постапува вмимателно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Третата група баталјони со Главниот Штаб на НОВ и ПО на Југославија требало да заминат на 31 јануари од с. Зборско со задача да ја преминат реката Вардар, да се пробијат низ Источна Македонија и да избијат на секторот: Куманово-Крива Паланка-Врање-Црна Трава-Лужница и да се соединат со македонските, јужноморавските и косовските единици.113
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сето си беше и требаше да си остане такво, мртво, приклештено, колку и да болеше со својата неподвижност. Беше без длабочина, како на фотографија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа запирање, тоа воздржување и молчење во текот на подготовките на сите мои книги од „Дождови“ до денес не стаса до онаа критичка точка преку која стиховите за Рацин требаше да минат, да ја надминат.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Правеше милијарда мали и големи планови: сакаше да отвори фарма на печурки, оти за тоа, велеше, не треба никаква инвестиција, а во куќата на дедо му имало и онака доволно влага; правеше секакви планови и само мене ми ги покажуваше, а од секој план требаше да произлезат многу, многу пари.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ни дадоа по една грутка момирок и по два ножа и ни покажуваат што треба да се прави, како да се работи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Внимателно ќе гледаш во водата додека се возиме крај реката и ќе чекаш да почувствуваш кое е тоа место на кое треба да застанеме.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кого треба да го бројат на конференцијата: Бугаринот, Србинот, Гркот?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дедото Богдан се рашета гордо низ пазариштето, разбра што му требаше да разбере, ги изжала и другите чифчии што ги виде, се нафрли пред сите со мариовската слобода и се врати кај Ангелета и селаните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И мажите еден по еден се оддалечуваа, доаѓаше часот кога требаше да бидат кај мостот, во продавниците, и да ја продолжат никогаш незавршената политичка кавга за овега и за онега, за националните и за либералните, за правите и за кривите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- За должината на пансионските услуги треба да се договорам и со своите колеги.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Сите нешта на светов треба да се посматраат превртени, за вистински да се согледаат“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој е наш брат Македонец.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој долго молчи. Потоа се врти кон неа: „Многу инвестирав во ова место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега тие не го прават тоа, зашто треба да се викаат Бугари, а името Бугарин кај Грците се става многу долу.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако има господ, треба да ни се врати таткото, домаќинот, мажот... (Резигнирано).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
___ 2 Проследата и кражбата ја нарачала византијката Катерина Кедрос од Атина, која ги сонела псалмите што требало да се напишат на јазик кој фанатично го мразела.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само три години по неговата смрт, кога требаше да патувам во Албанија, за прв пат кога патував во туѓина останав без неговите совети, загрижени мисли. Ми преостануваа неговите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Требаше да се бараат нови патишта, требаше некако да се преранат сите оние дечиња, што ги имаше народено Језекил со својата зорлива женица; но и светот чунким беше решил првин да го разурне добро сето она, што го имаше соѕидано Језекил во својот живот, и затоа сега веќе не ѕидаа ни оние, што беа сѐ уште вредни за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само ќе треба да решиме која сорта ќе биде.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Врз свеста на масите, пак, треба да се влијае само негативно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чекаше еден ден да го стори големиот чекор, да се одвои со своето семејство, во друга куќа, во ветената куќа крај Езерото, но требаше да мине доволно време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога оние што ги затвораше му зборуваа за Исус, го мразеше и ги презираше што следат човек кој ги учи дека треба да им се спротивстават на учителите, да бидат непослушни кон рабините и да се бунтуваат по синагогите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше единствениот што можеше да го стори тоа, само тој и Дуко знаеја да работат со пиланата онака, како што требаше да се работи со неа, и кога веќе Дуко не можеше да дојде со него, тој воопшто не се двоумеше кога се согласи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба да почекаме да летне, вели, па после ќе тргнеме по неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас, кон таму треба да пукам, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште малку ќе поседи. Треба да поседи уште малку.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Треба да се сфати, ѝ пишав во едно писмо на Агна, дека јас не се трудам за себе, туку за сите на кои им треба и вода и поука.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Поинаку требаше да стане сето тоа!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нема друга грижа гадинката, си велам, таа си живее, а ние треба да умреме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На овој начин синдикатот станува многу понезгоден за манипулација, бидејќи наместо еден лесно поткуплив синдикален лидер или тесно кршливо раководство, тој е составен од многумина самосвесни водачи. 1 3) Предолго траење на судските работни спорови Иако, според УРМ (1991), секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на РМ, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност и иако, законски, во постапката во споровите од работните односи, а особено при определувањето на роковите и рочиштата, судот секогаш ќе обрне посебно внимание на потребата од нивно итно решавање (чл. 405, ЗПП) – сепак, во праксата, работните спорови траат недозволиво долго, па дури и предолго.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Требаше да ја известам земјата за државниот удар само два часа по неговото извршување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Кога двајца ќе решат да создадат семејство треба да се познаваат, да има веќе љубов меѓу нив бидејќи таа љубов ќе им дава сила да ги истраат сите искушенија во иднината. Сѐ друго е осудено на пропаст!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Ќе ме топат виа пци денеска. Треба да имаат нешчо намирисано“ — си помисли во себе, но почна да го разбива мудуровото мислење, па му вели: — Море бег, ако се плаше орачот од врапците — не сее просо, токо гледај си ти ќевот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Монахот од ден на ден ни ги соопштува своите сведоштва, придружувани со пораката дека не треба да ја исклучуваме и опомената, како значаен укажувачки сигнал од неговите записи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
7. Од болница отиде кај својот брат и му рече: „Можеби и не сум песок Јоване. Можеби водите не треба да ме избришат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Требаше да постои голем повод за средба со него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но нема опасност... крај многу вакви вулкани што чадат живеат луѓе во светот. Треба да се свикне...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сигурно пак смрдам, си помисли. Додека сум одела на училиште сум се испотила, дезодорансот изветреал и јас пак лошо мирисам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се очекуваше Татко да го изнесе своето пледоаје за судството на Балканот, во текот на владеењето на последните империи, сѐ до оваа социјалистичка судница чиј дел требаше да стане и самиот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одредницата народност претпоставуваше дека поради другата татковина, односно држава на која би требало да припаѓам, моите права во Југославија, всушност, беа до одреден степен ограничени во споредба со домородците, а и меѓу нив постоеше хиерархија во владеењето според бројната припадност на народите, кои ја создадоа првин државата на Србите, Хрватите и Словенците, Југославија, (со отворени и латентни антагонизми и анимозитети меѓу нив, кои особено се разгоруваа во критични времиња на Балканот и во Европа), па потоа таа се разбира во фашистички држави, врз строго етничко-национална чистота, за повторно да се обединат во антифашистичката коалиција и да ја пресоздадат новата федерација Југославија, во чиј состав влегуваа народите (Србите, Хрватите, Словенците, Македонците), потоа народностите (Албанците, Унгарците, Турците, Италијанците и другите), меѓу нив би можеле да се сместат босанските Муслимани (всушност конвертирани Срби и Хрвати).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Доброутро, спанко! Повторно ме плашиш. Томо само ја развлече устата во нешто што требаше да личи на насмевка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Требаше да мине уште време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вистина е мачно, вели, ама од мачното не треба да бегаме, оти и господ го сака тоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стрелката во татковата душа - компас, по долго треперење, во еден период покажа дека треба да патува кон северозапад, се разбира доколку опстанеше патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во небесно сина хала со голема маса и некој апарат поставен како тунел низ кој треба да поминеш со гол задник, пред очите на дваесет студенти со запалени погледи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стравот ги замрзнува срцата. Ќе се сети смртта дека на Козјак лежи такво и такво село што треба да плати данок со неколку живи жители.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Па, Јадранка никогаш не доцнеше, беше предвреме и кога не требаше да биде.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
ЛУКОВ: Не станува збор за тоа задоцнување. (На Младичот.) Вие требаше да стигнете со попладневниот воз?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во периодот меѓу двете светски војни САД избегнувале секакво признавање на македонската нација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со појавата на француски јазик на третиот роман, Атеистички музеј, писателот Луан Старова ги положи темелите на една монументална романескна целост која би требало да опфати над десет романи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бидејќи Кларк бил повреден и му била потребна медицинска помош својата мисија Perseverance ја препуштил на поручникот Мекдоналд, а тој продолжил со мисијата на Џорџ Квајн која требало да замени за Македонија каде се надевале дека ќе може да биде илегално префрлен до Скопје каде што би можел да добие потребна медицинска помош.112 ____________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Треба да се сочека и да се долови „мигот“ глетката, богот на светлината драмата на преобразбата душата на ситниците магијата на битието...  Токму тогаш кога ќе го дочекаш него кликни  - среќата прости - уметноста е во повременото      нарушување на              несовршеното! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ние сега со брзина ќе треба да го разработиме нашиот литературен јазик, да го установиме нашиот правопис и да создадеме една наша литература што ќе им одговара на сите наши потреби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие така и треба да се сфатат, како бегло на суштинско за мене допирање на прашањето што си го поставив самиот за смелоста на млад поет на почетокот на своето творење да пее за Рацин, прашањето што си го поставувам и сега како и во сиве години во кои зад квантумот стихови и книги, но не и во нивна сенка, живееја овие стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
- Ами кој знае, му велам јас, кој треба да знае? - Господ, вели војводата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако не го почитува, односно го крши работното време и распоредот на работното време (чл. 259, ст.1, ал.3 од ЗРО). 6.  Според ЗРО работодавачот е должен на работникот да му ги надомести и трошоците поврзани со работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во образложението на пресудата, односно на решението, второстепениот суд треба да ги оцени жалбените наводи што се од решително значење и да ги означи причините што ги зел предвид по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Луѓето се зафркаваат со киберсексот, но тоа е нешто за што сериозно треба да се размисли: тоа е драма, подвојување на човечкото суштество!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сфаќајќи ја и самиот необичноста на исповедта што требаше да го вклучи и Даскалов во карактеристиките на играва, помислив дека е потребно да го упатам и во некои други поединости.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги отспрегна воловите и тргна да си оди дома. Треба да нареди да се меси леб за утре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако ти дадам тебе, мене не ќе ми стасаат, па ќе треба да позајмувам, му вели. 28
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со тоа автономистичката ВМРО на Тодор Александров најавила радикални промени на својата дотогашна програмска ориентација.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Да можеше човек уште од првиот час да се привикне на такво нешто: едноставно требаше да се биде само малку глуп и лицемерен, тогаш сигурно полесно ќе дојдеше до подобра карактеристика и сѐ што следуваше со тоа парче хартија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На таквите треба да им се затнат устите!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во исто време, Министерството за надворешни работи го подготвило материјалот што требало да му се достави на британскиот амбасадор во Софија, Рендел, во кој, меѓу другото, стоело дека: "1) користењето на Македонците во никој случај не треба да го компромитира британското претставништво во Софија и 2) ние на Македонците не им даваме некои љуи про љуо во форма на некакво уверување во однос на нивните територијални аспирации".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Требало да се поврзат две големи семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Требало да се најде начин за враќање на дадените капитали, а и за заздравување на турското стопанство - што било услов за натамошно вложување и рентирање на капиталот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
МАРА: (се разбудува). У!... петли пеат... Дење, треба да е!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се најдов во една делегација на Албанската драма при Театарот на националностите во Скопје која требаше да избере неколку театарски претстави за да бидат претставени во главниот град на Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Слушни го ова: „ЛАЖИЦИТЕ, НОЖЕВИТЕ, СОЛАРНИЦИТЕ И ПИПЕРНИЦИТЕ НЕ СЕ ЛЕКОВИ. НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМААТ ПО ЈАДЕЊЕ.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Затоа треба да доаѓате постојано и да дарувате онолку колку што можете затоа што секогаш има други деца на кои им треба помош да пораснат, исто како на вас“, им се обрати на возрасните, посебно на оној што беше најдарежлив од сите нејзини деца, ама и нередовен понекој пат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како да сакал отец Мида да каже дека човек треба да застане на местото од ѓаволот, во ѓавол да се престори за да го разбере словото; тоа е цената на читањето на скриените значења!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Значи имаше сѐ што треба да ја краси една привлечна жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оти и во неа треба да се криеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АРСО: Е, ова е: сакам да се посветам, ама ѓаволот не ме остава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- А што конкретно треба да се има предвид?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И со колкава сериозност треба да се толкува некоја намера што сме можеле да ја имаме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веруваше дека само разумот може да ги урне илузиите, и своите претходници ги бараше во сите оние кои повеќе му верувале на разумот отколку на религиозните догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ама, нема да биде наведено дека во ходникот треба да направиш плакар од ѕид до ѕид, само за чевли, патики, штикли и чорапи внатре во секој чевел, заборавени, се разбира, и смрдливи, се разбира уште повеќе; и табла со шајки за сите комплети клучеви закачени заедно со „амбрелите“, и секогаш фали твојот клуч, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Фронтот како да беше поставен спроти свлетлината на хоризонтот; сега ќе треба да мине доста време додека војниците навикнат на темнината; тогаш ќе почнат да го распознаваат бришаниот простор пред себе и ќе го заборават хоризонтот од загледаност во заплашувачките поединости пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Те молам опушти се“, рече таа. „Слушнав што се зборуваше утринава, но треба да си ги видиш очите — повторно ти треперат од нервоза.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Чекајте, заборавив, треба да се подготви текст за манастирот Свети Пантелеј во Горно Нерези, за походот со другарите од Батинци. Како порано не се сетив?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во статутот со правила за заедничко живеење што како подарок ќе го добиеш заедно со зеленото светло од пријателките додека те гушкаат и ти честитаат, убаво ќе стои сѐ на што треба да внимаваш во иднина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ти простувам љубов моја, иако не гледам што треба да ти простам. Јас сум и само јас виновен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас требаше да наредам да се продолжи со работа, но продолживме дури откога се возбудивме и се напивме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Што дека моите знаат дека сум кај Бреза, кога всушност не сум? – ја прекина Марија. – Да не мислиш дека сега спокојно седат и гајле немаат што ми се случува?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оние другите, кои не посакуваа да бидат нешто друго во овој свет, туку сакаа да бидат она што се во еден поинаков свет, си подготвуваа облека која требаше да ги заштити во овој свет овде – си правеа оклопи, или наметки од жица кои изгледаа како кафези; си подготвуваа костими кои требаше да им помогнат да се изборат со овој свет, и во нив се престоруваа во опасни животни, или во ѕверови од некоја фантазмагорија; си подготвуваа облека која можеше да им овозможи да побегнат од овој свет, па си правеа крилја за да одлетаат, или си кроеја облека што не беше облека, туку ткаенина која обликуваше подвижен ѕид, ковчег, камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се разбира овие мои размисли требаше да се сфатат како метафора, како пофалба на доброто кон кое човекот со векови се стремел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веранди, тремови и шупи, на врвот од планинскиот венец, в шума вметнати - овде Рене неколку недели требаше да го заменува главниот лекар.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Јас треба да учам. А ти си мал и не одиш на школо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Единствено треба да положиш кај нејзините другарки зашто тие ќе ти ја дадат или нема да ти ја дадат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Никој не треба да биде дискриминиран или омаловажен заради некои свои посебни карактеристики, како бојата на кожата, религијата, националноста, етничката припадност.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Самата таа никогаш не спомна дека посакува да стане мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Што треба да направам, господин капетане, велам, речете ми и јас ќе го направам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тргна полека надолу мислејќи само на работата што требаше да се стори ноќеска и така речиси и не сети кога сурнал в река.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во Дреново требаше да ги замениме изморените борци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Навистина, ние правевме пикник под вистинска елка, играјќи чудна игра која дедо ми ја нарекуваше „одбројување“ и во која секогаш морав да го прашувам за часот, а тој да го одредува правецот и чекорите кои требаше да се направат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во тој случај примателот треба да се затвори, за да се одбрани од нив. Тоа е големо учење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како реакција на ова, од страна на Србите во Македонија била формирана воено четничка организација која требало да се спротистави на четите на ВМРО.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како провокација ми прозвучи и она забелешка на иследникот, и тоа среде испитувањето, дека постоеле моменти кога будноста попуштала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога даваме нешто, кога помагаме, никогаш не треба да бараме да ни се врати на некој друг начин.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Откако ќе се избере наречјето што има да биде македонски литературен јазик, ќе треба да се разгледа и, прашањето за македонскиот правопис. За правописот како и за правецот на нашето културно развивање, ќе треба тука да се направат неколку забелешки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Треба да мирува, уште не е оздравена. Додуша, до сега требаше веќе да му помини. Скоро четири месеци како е болна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А ние само што требаше да појдеме по него, проклет да бидам, - и сега не знам откаде толку сила, волја, храброст за еден таков ужасен, тежок пат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Треба да знаеш, добро да знаеш кога да ја свртиш страницата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дека некој нѐ води за рака и ни го покажува она што треба да го видиме?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да сфати дека долго ќе мора да гледа на овие ридови кои треба да им станат кошмар и на јаве и на сон.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Требаше да ја откривам тајната на присуството на секоја книга, на секоја белешка, на секоја тематска група од книги, низ нова книга, која требаше да ме донесе до тесниот премин на времето преку кој се остваруваше враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мораше да стане, зашто требаше да се погрижи за добитокот, а случката со волкот беше само причина, беше сила што му помага да ја совлада својата физичка слабост и немоќта на неговата волја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дека ние сме заслужните за нејзиното воведување па затоа и нам треба да ни припаднат привилегиите што доаѓаат со нејзиното постоење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше строга со прекршителите затоа што веруваше дека треба да се знае што е ред, а таа ете денес беше негов чувар.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таа ќе замине прва, а Винстон ќе треба да почека половина час пред да тргне по неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рафална стрелба е основен начин на гаѓање со автомат, му велиш, а тој те прашува кого треба да го убие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Нашиот живот е во нашата душа“, вели надмоќно тој, како да допрел којзнае каква вистина, „а душата нѐ учи што треба да мразиме а што да сакаме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мајка мораше да се врати од Солун, во Лесковик. Според предвидувањата и информациите на нејзиниот татко, тогашен префект во речиси развластениот Лесковик, од војските кои доаѓаа и заминуваа заедно со туѓите окупаторски режими, во Солун требаше да се очекува големата воена разврска, пресудна за Првата светска војна...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Требало да монтира машина што ќе ја движи пресата и другите делови на фабриката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој укажува и на славната галерија на столбови во римската Palazzo Spada, и тврди дека со пишувањето треба да се создаваат "перспективистички продори". Palazza Spada Ново гледање Тесауро живее на самиот крај на маниристичката фаза, меѓу ренесансата и високиот барок.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Затоа, пак, солзите, проследени со липање требаше да бидат замена за зборовите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вилата на Ниротакис беше во непосредна близина на неговата фабрика за текстил во Дренок; по неколку метра од оградата на фабриката требаше да се мине стилизираниот железен мост преку реката и веднаш, на аголот од левата страна на мостот, се простираше убавото здание среде густ овоштарник обрабен по страните со два реда лозници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
за писмата со топли поздрави до неговите родители што живееја на другиот крај на светот и за телефонските извинувања на моите родители во истиот град што не сме ги посетиле на сведен, оти, нели, пак тој морал да се задржи на работа, за левиот чевел од секој пар чевли што се купуваше за помалата ќерка, а кои тепаа на глуждот па требаше да се разлабават кај мајстор Младен, за молерите кои можеа да дојдат само ако е тој на пат оти, се знае, прават страшен неред во куќата и,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На ова Шарон иронично и цинично му одговорил: Понекогаш на Бога треба да му се помогне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И многу сум среќна дека немам личен доктор за сопруг и партнер, кој секогаш би ми препишувал колку мг. треба да пијам од „енапот“ поради притисокот во вените, колку „деметрин“ во мг. поради несоницата во ноќите кога, од желба по него, очи не можам да затворам, па кога наутро ќе станам од постела бела и незгужвана, со „андоли“ да ми ги олабавува згрчените мускули.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Чекав да се јавиш до 23 часот. За жал не дојде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам до каде да зборувам и колку треба да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука треба да ми е доста чисто, мислеше, треба постојано да држам чисто и средено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да се види, да се доживее одблизу таа митска матанѕа, тој невиден масакр врз џиновските туни па да се суди за расчекорот меѓу човековата незгасната деструктивна инстинктивна анималност и природата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа беше врабо- тена во ова друштво за производство на производи од порцелан и керамички плочки, со договор за работа на неопределено време, уште од 1980 година, односно 19 години пред да настане подолу- опишаниот работен спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сега, во чие име требаше да цркнат сите кози? Козите на сите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога се обидов, тогаш јас сѐ уште во повоздигната расположба, да му речам да каже на сите, дека треба да се направи прослава по повод завршувањето на водоводот, тој се сврти: „Ами ние прославивме“, рече.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако сакаме да ни биде убаво нам, треба да се трудиме, да настојуваме да им биде убаво и на другите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Значи, туѓоста на зборот требаше да ја предизвика митската сила на пораката за да се постигне поголема мобилизација на масите се надоврза Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Попладнето, околу три часот, требаше да тргнам на пат кон мојот нов дом.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
4 „Томеееее“ викаше постарата и сестра Христина: „Станвај и брзо доаѓај ваму! Треба да ги поставуваме пајнците за појадок!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Народот не ќе може да си ја врши својата работа, а, од друга страна, ќе треба да ги рани гладната турска војска и четите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Треба да се слави слободата, а со слободата, милостината и вербата во иднината...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Состававме заеднички сон со различни делови, пресечен од границата, која треба да ја минам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Љ Н, како оштетено лице, повеќе пати се обидуваше да стапи во контакт со одделението за сметководство, меѓутоа од ова одделение свесно одбиваа да му ја кажат точната сума пари која му ја должат, како и други општи информации во врска со неисплатените плати и придонеси – кои, во нормални услови, требаше да бидат транспарентни и лесно достапни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Членовите на британскиот музички состав, „Кошин“, за да настапат на отворањето на музички фестивал во Бања Лука, побарале од организаторот за време ручекот да им се сервира топла супа во која нема да мрда, ама јасно ќе се гледала опашка од вол, а питата што требала да има централно место на трпезата, морала да биде свинска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа и заминувањата од гранките на животот не требало да се сфатат како разделби туку само како можност за поинаков вид присутност што таа за жал сѐ уште не била во состојба да ја дефинира.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
42. Но религијата никако не треба да биде средство за престапни политички и национални цели, како што е сега во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сѐ што требаше да се каже веќе го кажаа нивните очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Каква Ружа, кумот требало да ја крсти Капина, целата е начичкана со боцки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првин треба да се исчисти снегот, а снегот висок до пазуви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ПАНКО: Ама не може тоа така... Адетите треба да ги чуваме и слагаме... Само понекогаш и адетот може да се...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе седиме уште или ќе бегаме? Јас утре рано треба да станвам, а веќе е десет без черек.“ праша Тодор.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Меклин предложил во тек на една недела, која требало да се поклопи со почетокот на повлекувањето на Германците, партизаните на копно, а сојузниците на море и од воздух да извршат низа добропланирани и кооридинирани напади над непријателските комуникации во цела Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Затоа ѝ беше потребно по неколкупати да му повторуваш што си рекол, ако сакаш да сфати дека му се обраќаш токму нему, а потоа ќе требаше да му објасниш која ти е намерата или што сакаш да дознаеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ си мислам дека треба да се случило нешто внатре во семејството во кое мракот беше голем и стануваше сè погуст...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Девесницата ја искриви устата, го ничкоса погледот, небаре ја гледа потстанарот, па продолжи: – Земете ја ламбава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Семето добро знае: ако тргне кон своите - своите веќе одживеале, ги нема, за да тргне кон себеси - и самото треба да исчезне...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ако се партизани, треба да имаат пушки. Овие не носат пушки! “ - заклучи Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во меморандумот изготвен од Морган на 2 февруари 1943 година се нагласувало дека при изведувањето на акциите предност требало да му се даде на рудникот за хром Алатини бидејќи таа акција можела да се реализира за многу кратко време.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Жолтиот нивелатор на Алек, купиштата столбови за оградата, кои беа четири на четри и беа направени од трвдо дрво, дрвените форми за бетонските темели, на кои требаше да бидат вградени столбовите за звучниците, сè доби донкихотовска нереалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Возоводачот треба да е здрав, а јас не сум.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Се случи еднаш навечер требаше да пристигне Елена вчера или утре - не сум сигурен, (ми пречи поделбата на денови, на години, на минато, на иднина).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Просто - бев отпуштен од служба тогаш кога требаше да бидам најсреќен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овој врел и мрачен гроб среде пустината или она што секако треба да е минатост, минатост што така дрско продира во него и го напушта тогаш кога му е најпотребна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Треба да му кажам и на Ивана зад Гола Глава. Ехе, што ли ќе рече тој?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пристигнувањето на првите воени мисии на територијата на Македонија треба да се стави во контекст на сѐ позасилената активност на единиците на НОВ и ПОМ на територијата на Македонија при крајот на 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ноќеска се подготвив и чекав. Требаше да тргнеме околу 7ч.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сакав да речам како досега да не се омажи, но сфатив дека така не треба да се зборува и замолчев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ослободен од онаа напрегнатост во деновите на копањето, сега веќе без работници околу мене, повеќе од две недели мислев на повеста што требаше да ја напишам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знам дека имаше некој збор на кој требаше да се сетам и да го запаметам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А некогаш навечер кога ние излегуваме ќе треба да бидете со Патрик, но се разбира за тоа благовремено ќе ве известиме и ќе ви платиме екстра... зборуваше брзо и певливо Госпоѓа Изабел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во гардеробата денес бацки не паднаа, ама за честито и „со здравје да го носиш“ бакнеж доби еден „шмокљо“ што морав да му цртам дека треба да плати тој, ако таа не вади пари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Е, попе, Иге, Милане, Тоше! Пак назад по трага откај што дојдовме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Југославија и во Македонија, уште одамна беше расчистено со социјалистичкиот реализам како идеолошки метод во насочувањето на литературата, уметноста и посебно драмското творештво, според каноните на Сталин и Жданов при што творецот треба да биде инженер на душата на народот!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така, покрај стандардните воени вежби на југословенската армада и цивилното пучанство требаше да биде заучено на соодветен пакет мерки и активности од полувоена природа, за со нивна помош целосно да се инфилтрира во концептот Сите сме одбрана.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Требаше да се одржи внатрешната и надворешната рамнотежа и стабилност на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
В ред, в ред, тоа не значи дека сите ние не заспиваме и не се будиме со уверувањето дека не сме премногу злочести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме беше посоветувала: „Веќе си голем, сине, треба да имаш своја соба!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Сѐ додека треба да се бранам од физичкото присуство на освојувачот, силата на мојот идентитет ме смирува и преплавува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Облечена лесно, во практична, врзглавна пелерина-пелена, кога ќе се испогани со лиги, со флеки, со дупчиња од жарчиња, треба да се смени.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Ако народниот протест во верските и училишните работи, во кои општините треба да се признаат слободни, се покаже од заинтересираната пропаганда како бунт со државна боја и се бараат државни мерки против бунтовниците, тогаш народот и интелигенцијата треба да се обрнат кон конзулите, како кон арбитражни судии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А толку време изгубивме за да го опишеме ова што ќе се случи!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме обзеде жал, гнев и јарост, но со ништо не можев да помогнам и требаше да го испијам отровот до дното од чашата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со можностите за копирање на компјутерски сочувани информации, би требало да биде можно симултано да се постои во многу облици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Куршумите се гаснат во насипите. муниција нема, а треба да се прави нешто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Малку чувствував тешкотија, поради тоа што требаше да најдам нов правец и да предвидам нова траекторија по која ќе ја градам мојата иднина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Слушај, Бошко! Комитетот реши да го убие Лумана, и треба да го предадеш ти.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За што друго со сигурност би можела да тврдам дека заземало значајно место помеѓу она што требало да се запамети?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Напредните слоеви на српскиот народ уште по Првата светска војна ја согледаа вистината за македонскиот национален ентитет, па не беше само Коста Новаковиќ што во 1924 год. изјавуваше: „Јас сметам дека секој народ, па и Македонците, треба да добие право на самоопределување…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кој да замисли, поверува, почувствува: ми се подготвуваше претставата на најапсурдната варијанта на балканската театарска драма во која требаше да бидам единствениот травматизиран главен актер и гледач!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но сите когнитивни научници би се согласиле дека, еден „добар“ модел на умот би требало да биде отворен за нови искуства.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Давењето ја потсетуваше на други видови врзувања, што ѝ создаваше дуални накај пријатни чувства, а поентата беше дека смртта треба да биде недвосмислена, крајно непријатна и болна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Шеретски ме погледна дедо, се потсмевна под мустак и продолжи: - Така де, во книгата не пишува така, ама со умот треба да си кажуваш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Требаше да сведочам со своја Историја на Балканот низ падот на југословенската империја како еден од нејзините врвни дипломатски протагонисти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми идат така имиња: едно ќе излезе, а друго ќе ми застане пред него. „Името треба да е претстава за неговото лице, за неговата личност, велеше Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го викнаа докторот Татули кој еднаш неделно доаѓаше во селото, го прегледа и им рече: - Повредите ќе му минат, но детево треба да се пази...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
СОФРЕ: Ајде, не треба да ве молиме. Сами сме друг пат и пак си пееме, не пак сега што еве дојден шурава од Америка...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Доставувањето се врши секој ден од 6,00 до 21,00 часот во домот или на работно место на лицето до кое треба да се изврши доставувањето или во судот кога тоа лице ќе се затече таму или на кое било друго место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Би требало да знаеш ако си маж. - Маж како петелот наш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ама, речиси, наваки треба да се ружа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Впрочем, Тангер беше оддалечен неколку часа; дури и главниот пат на брегот (на кој можеби би имало автобуси) беше неколку километри од плажата, попладнето си одминуваше, а требаше да се вратиме во Американското школо на вечера пред моето попладневно предавање кое, со оглед на темата, во најлош случај ќе биде само неразбирливо за Тангерците во публиката, а не и навредливо. Маргина 34 71
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Веќе сме наседнати да конферираме, а крај нас едни двајца се размавале со мечовите и секој час треба да се види кој кому ќе му ја отсече главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Несомнено дека неговиот „шок“ бил голем кога дошол во непосреден допир со Македонците што живееле на територијата на која требало да ја извршува доверената задача.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговата сопруга, сѐ уште млада жена и дури и доста убава, прво му ја подавала раката за бакнеж, а потем, откако ќе ја преобрнел на другата страна, таа му ја бакнувала неговата рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сегашната наша интелигенција треба да го посвети сето свое работење над моралното и умственото усовршување на својот народ и создавање на една идеална македонска интелигенција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден теоретичар дури ги споредува со луѓето кои стојат пред влезот на некој си супер маркет и усно или преку подадени флаери ги известува потрошувачите кон кои продукти треба да го насочат своето внимание.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Вие сами треба да се браните. А за да се браните, треба да имате со што. Ама немате.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Според овој втор мит, ограничувањето на личните и политичките права, хипертрофирањето на државната власт, нискиот животен стандард, требаа да се разберат и прифатат како нужен предуслов за преминувањето од капитализам во комунизам.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Треба да се организираме, да се наоружаме - продолжи Даме Груев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Не, не. Тоа не треба да умре. Погледни го само колку е нежно и мило. И колку е малечко - како ракавица...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во мигот ништо не одговори, но синтагмата под нож, часум го пренесе во скоро изминатото време на масакрот на невините кози, во името на брзиот прогрес кој треба да го донесат козарите лишени од нивните кутри кози, како работничка класа; на затворениот пат на јагулите од Езерото, на пат кон Средоземното Море и Атлантскиот Океан; и на сите други забрани од тие времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А уште поважно е што во историјата на денешниот ден Некогаш поразените сили повторно креваат глава И до кајшто ќе стасаат наплатуваат стари сметки Удираат и печати и штембили ако треба да се завери нивната вратка
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Кога логотетот реши, о блажени и бедни духом, да ја реши загатката со мистериозниот и стар запис, тој најрпвин го повика Филозофот и му раскажа сѐ што требаше да се знае за да се пристапи кон решавањето на загатката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѝ нареди на ќерка ми да се преправа дека е трудна, дека треба да роди. Немаше каде: се согласи, кутрата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Колку јаде човек? Треба да јадеш, нормално, но колку еден сам човек ќе изеде?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Ќе треба да фаќаме врски“, му рече мајка му на татко му, а овој намуртено нишна со главата, како да му предложила да ограбат банка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Човек не може а да не се праша: зар токму на овие непроодни кањони требало да се гради и да се живее?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Слабо тој се грижи за личниот опис на читателот, бидејќи верува во таинствената мерка со повеќе облици која во поголемиот број случаи стои како добро скроена облека, и затоа не треба да се пропушти теренот ниту на доаѓање ниту на заминување: помеѓу него и другите ќе се создаде мост секогаш кога текстот ќе се роди од семе а не од калем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Томето мораше да смисли што ќе прави. Требаше да отсуствува од дома барем цели 2 часа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Погледнувам нагоре - високо. А високото треба да се заземе, да се фати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Совладаниот, оној што требаше да биде совладан и што беше совладан тука, беше тој, застанат без здив и исплашен под чамот, ширејќи ја миризбата на својот страв многу погусто отколку тоа прекрасно израснато дрво својата миризба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другиот ден кога требаше да ја примам четата, дојде еден другар од главниот штаб, барал талентирана жена, да знае да пее, да е убава, чесна и организирана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бендоу е бивши советник на Роналд Реган (Ronald Reagan) за внатрешна политика и виш соработник на Институтот Като (Cato) во Вашингтон (Washington).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Енценсбергер молчаливо се согласи дека треба да проговориме од ова гранично подрачје кое ни ја овозможува приликата да учествуваме во возбудливата размена на философскиот и литерарниот темперамент.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако му се родило некому- попот треба да му мисли за крштевање.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Зар требаше да се посомневам во твоето чудесно откритие?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Утре рано треба да навадам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Поминало многу време од денот кога требало да ги врати парите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сега вечерите се студени и треба да си носиш за навечер нешто потопло.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Многу години подоцна, во основното училиште, кога прв пат го учев францускиот јазик, Мајка ни го откри знаењето на овој јазик, кога требаше да направиме некој мал состав на француски јазик или да одговориме на прашањата од француската граматика.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Заплетот, се разбира, требаше да го донесе волкот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За некој ден требаше да стапи во сила Законот за забрана на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Треба да се бара чаре! — и почна да си реди во умот: „Жена пометнуа од тешко кревање; пометнуа ако јадиш нешчо да не ѝ дадиш — од стрвоо, шо се вели; пометнуа, да се уплаши од нешчо, пометнуа да а повреди нешчо по меот; пометнуа, пометнуа, пометнуа од . .. маѓиа !.. .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Членот на советот што, при гласањето за некое поранешно прашање, останал во малцинство – не може да се воздржи од гласање за прашање за кое подоцна треба да се одлучи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ама, зар ова е мојата смрт? Смртта треба да ми ја донесе господ, а не некои долни арамии. Не е така? Да не исчекам, ако не е!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
108. Затоа, имајќи предвид оти новото течење само од себе ќе расте, треба да се разгледа прашањето дали комитетите ќе се борат со него или пак ќе го поддржуваат?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас тогаш си реков дека, пред да си заминам, треба да направам нешто за него, да му биде удобно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Чувствував како бунилото полека заминува, и наместо него ме совладуваше тонењето во горчлива болка, и затоа го замолив: „Те молам, оди си.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Немој мори, Велико, немој сестрице, ми вели, што е тоа што работиш, вели, зар и ти треба да се отепаш, вели, нека ти се живи другите, вели, имаш и други деца за гледање, вели, зар сакаш сираци да ги оставиш, вели. И плаче. Се засркнува од солзите. 62
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- За добро треба да си подготвен, вели Лазор Ночески, ама и за лошо треба да си подготвен, вели, слегувајќи од воловската кола што ја носеше рубата од Велика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во пролетта во 1943-та, пак од Прилеп, и пак со џип, дојдоа уште одвечер и се сместија кај Трповци, потпоручникот Куцаров и двајца цивилни, агенти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во врска со тоа, во една маргинална белешка за Boite Verte тој сомничаво напишал: „Да се редуцира годишното производство на редимејди (?)“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во Турција до руско-турските војни зборовите „Срб-ѓаур” треба да го означувале тоа што сега го означуваат зборовите „москов ѓаур”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од белите неоантички палати до дрвените викторијански куќички, од мермерните споменици до непрегледните војнички гробишта, од станарите сместени помеѓу империјални столбови до оние што пред тие столбови секојдневно протестираат - насекаде до тебе допира визијата на основачите на американскиот сон, нивните остварени замисли и оние што допрва треба да се остварат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И така дојде вистинското време кога требаше да ја ослободувам од себе долго потискуваната сторија од дипломатските години кога бев прв странски амбасадор во имагинарната држава Палестина, во која реално ги предадов акредитивните писма, минувајќи пред тоа пред построен воен баталјон, во една тајна пештера, во еден непознат предел во Тунис!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пиесата на апсурдот требаше да кулминира во Атеистичкиот музеј во Скадар, веројатно последната етапа од нашиот престој, наложената цел.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За нејзиното нормално одвивање требаше да минат уште неколку часа од ноќта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За време на демократијата беше армиски офицер и клучна фигура во организирањето на гардата како полу – воена единица којашто треба да го создаде и контролира новиот поредок во земјата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Првата британска воена мисија била упатена на територијата на Македонија на 2 септември 1943 година, како дел од британската мисија “Typical“ која требало да достави мисии при ВШ на НОВ и ПО на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Права е баба кога вели дека многу работи треба да се запокријат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но би, што би... Тогаш, кога требаше да му најдеме погодно име на козлето, на татко ми му беше јасно дека брат ми длабоко забраздува во политиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Турската империја е гнила! А ние! Ние трпиме и молчиме како да сме жени и баби!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За Силјана и напре немало работа и сега немало, при сѐ што сега му се смилила работата и куќата; арно ама требало да си ја трга џезата што го колнале татко му и мајка му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вистина е дека не е ујгун... Да одиме сите заедно треба да се најде некој да се остави во куќава, за ајваните, за полето...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Како што со песна се слави раѓањето дете, како што со песна се слави партиска победа, како што со песна се славеше победата над англискиот фудбалски тим, како што со песна се славеше безвизниот режим, така со песна треба да се слави поместувањето на овие кобни минути, заради кои целата судбина на народот тапка во место...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но, ќе додадам нешто од моите екстрадиегетички (нагласувам, надмени) погледи на светот (се надевам, ова последново не ќе треба да го дообјаснувам со фуснота).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се отвораат вратите од становите. Излегуваат жителите на големата зграда и кога го гледаат петелот, помислуваат дека тој треба да се фати.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мислам дека луѓето би требало да видат сè и дури тогаш да се одлучат - то ест, да ги спречат другите луѓе да одлучуваат за нив. што и да правеше, Фектори сигурно им помогна на толпа луѓе да одлучат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со некаква војничка прецизност што го вчудовидуваше, таа ја исцрта маршрутата што требаше да ја следи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Териториите што најмногу ја купувале велешката ракија по силата на решенијата на Берлинскиот конгрес биле откинати од Османската империја, а за извоз на ракија требало да се плаќа висока царина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нејзиниот маж беше посебно освежување за нас во собата зашто професорката Душанка му пишуваше цели фермани за тоа што ѝ е потребно: од постелнина со сини облачиња, „младалаче пижамице“, козметика, храна и рецепт за ајвар што треба да го направи сам дома, со двете деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа треба да ти биде појдовна точка во натамошното размислување.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Идеалите народни требаше да бидат една програма, кон реализирањето на која ќе требаше да бидат насочени сите сили на народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А сега каде? Која школа требаше да ја одберам - жолтата гимназија нема од жалост по кралот или школата за злосторници на дивиот Кузман?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во една таква ситуација на лингво-историско прогледување и освестување, еден од нашите балкански лингвистички Дон Кихоти ќе крикне: Пријателу мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поправо, најстариот од нив им рекол дека сега, кога сме ослободени од едните и од другите, треба да ги заборавиме сите поранешни пизми.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едгар Морен, оваа состојба на месијанска идентификација на вечниот суверен со правото на владеење над судбината на народот, овој вид на делириум во владеењето, го толкува како нарушена психолошка визија на суверенот, блиска до митската интерпретација на власта од страна на вечниот владетел, особено во годините на залезот на животот, кога конечно смета дека власта која ја има му иде од далеку и оти му е доверена од бога и дека само пред него треба да одговара!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го поканија нункото и попот, а Илко го закла и прасето и сега сето тоа требаше да се спреми.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не било пишано, велам, сѐ требало да е и на друго место запишано.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уредникот треба да биде човек достоен во секој поглед, познат по својата усрдност и верност, кој ужива литературна слава без оглед што се наоѓа на државна служба, готов за корист на владата да го пренебрегне јавното мислење и почитување заради цврстото убедување во нивната целосна некомпетентност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа е: зошто еднаквоста меѓу луѓето треба да биде одбегната ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Требаше да биде напишана страница која ќе ги зближува луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ете зошто Гете ги повикуваше поетите, уметниците и мислителите да исчекорат од националните рамки во кои, соодветно на барањата на Хердер и неговите ученици, требаше да бидат затворени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега беа дојадени и Змејко знаеше дека треба да ги спотера овие двајца што побргу да си заминат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да се заслужи оваа тишина, како што се случуваше на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Господине – продолжив – јас во мојата работа сум поминал низ многу гранични премини во Европа и во светот и секаде ме прашувале како сум, како патував и ми пожелувале убаво да поминам во нивната земја никоја и никој не ми рекол дека треба да зборувам само на нивниот јазик затоа што земјата е нивна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Врз основа на изнесените докази, Основниот суд – Куманово, преку судијката-поединец (С. Манев), во октомври 2010, пресудува повторно во корист на работникот Б. Н. – по што нему треба да му се исплати сума од: а) 15.941 МКД како разлика на надомест за исхрана (за единаесетмесечниот период од април 2008 до февруари 2009); и б) 10.963 МКД како разлика на име додаток на плата за извршување полициски работи (за единаесетмесечниот период од октомври 2007 до август 2008).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На крајот комитите му кажаа сѐ што треба да прави ако сака да се смири со другарите и дедо му повеќе јатак да не биде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Возбудениот космос на нашата надеж Загрижено го крие списокот на нештата Што не смеат да заминат в темнина Списоков засекогаш треба да остане во раката на сонцето:
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се клешти и ми се заканува: „Сакаше за празникот да ја имаш првата страница? Еве, ќе станеш цел лист, само да те престигнам!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ама, Марко, како ќе се вртат тркалата?“ одеднаш извика Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа требаше дополнително да се разгледа: Единствената мирољубива опција - пријавувањето на проблемите на соодветен општествен орган - отпаѓаше во старт, затоа што требаше да се пријавува кај самата мета...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Дури и пишуваните упатства што ги добиваше Винстон и од кои тој без исклучок се ослободуваше штом ќе завршеше со нив, никогаш не кажуваа, ниту навестуваа дека треба да биде извршен чин на фалсификување: референците секогаш се однесуваа на пропусти, грешки, печатни грешки или погрешни цитирања, што беше неопходно да се исправат во интерес на точноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напредните слоеви на српскиот народ уште по Првата светска војна ја согледаа вистината за македонскиот национален ентитет, па не беше само Коста Новаковиќ што во 1924 год. изјавуваше: „Јас сметам дека секој народ, па и Македонците, треба да добие право на самоопределување…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа материјалното уживање треба да се сведе на минимум, а да се достигне максимумот на исполнување во духовната сфера на опстојување, која има долг пат за да научи како да се справи со искушенијата на сладострасните мамки во деноноќните игри на ѓаволот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Според нив, „сите ‘федералисти’ во владата и ‘армијата’ на Михаиловиќ се согласуваат дека Југославија треба да ја задржи династијата Караѓорѓевиќ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Татко ѝ велеше на мајка: За Јована ни даваат невеста и ќе земеме, туку за Анѓа веќе треба да мислиме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но, најважниот услов за успех ќе биде изборот на уредник за ваков владин орган.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За истиов сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 10.000 ЕУР на работодавач–физичко лице; а 7.000 ЕУР на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот (чл. 264, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Болен е од сугестија... Треба да се лечи...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Само сѐ ова треба да го држиш во тајност - му рече Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А си чула ли - ми велат дека кај нас гостува ДИЏЕЈ познат Појди флаери се делат па веќе целиот град дозна Ги прашав: Што мислите колку човек знаење треба да има за пирамида да направи една?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Да. Треба да внимавате. Внимавајте дури и тогаш кога сакате да мислите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Едната камера ја снима статијата што се чита, а другата го снима погледот на испитаникот, т.е. каде му е насочено вниманието.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А потоа ме молеше да напишам граматика на говорниот ми јазик, што требаше да му ја испратам во Виена, а некои грчишта и Албанци од околните места на отечеството, подбуцнати од други, несправедливо го наклеветија дека украл книги, а вистината е дека неколку наши соотечественици на драго срце му подарија неколку книги...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мислам треба да биде зачленет во нашиот таен револуционерен кружок.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И така, Србија со своето замешување во македонското прашање направи огромен успех и треба да си признаеме дека тој не е толку во нејзина колку во наша полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар секој брат треба да го пуштам да ми ги вади очите?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За да дојдат токму овде, на инвеститорите треба да им се понуди нешто повеќе од она што го нудат останатите.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За трите први одделенија ќе треба да подготват осумдесет и девет дупки, значи, барем по десет дневно и тоа во време од 8 до 10 часот, зашто попладне се на настава.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Требаше да им нарача на селаните што треба да му платат на арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога ги сонувам од морето протерани без замена за изгубеното избезумени од промената и предвреме пресувани фосили кога го читам внимателно нивниот ритмичен скелет тој совршен сонет за патиштата сами од себе што се делат и нѐ делат кога се обидуваат да ми објаснат што му претходело на сонот се загледуваат долго во себеси таму кајшто сѐ е јасно од шкргите им потекува крв основната боја на Земјата да не ја издадат тајната на молчењето да изгубат волја да се вратат во својата природна состојба да ја изменат претставата за светот но и за себе затоа што сѐ природно е некогашно во мене прагот на чувствителноста отстапува под скерлетниот пламен на она кое требало да се изговори а согорело под папокот афазијата на говорот станува сеопфатна а мртвата тишина, или со други зборови смртта, на дофат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во 1948 година Кејџ беше повикан на Black Mountain колеџот да одржи фестивал и семинар на Сати-евата музика што му овозможи, претставувајќи го Сати, да ги афирмира сопствените ставови околу проблемот на времето во музиката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поправките, со исклучок на оние што можат да бидат извршени своерачно, требаше да бидат одобрени од далечни комисии кои умееја да го задржуваат дури и заменувањето на обично прозорско стакло по две години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дојде и сестра ми Борка да ни помогне и така си разговараме, а таа ми рече: Миле, засега не ти треба да се мажиш. Војна е.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не, не треба да се очовечува архитектурата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тие се расудувањата на Бугарите. Но ние, ако застанеме на самостојно македонско гледиште, ќе треба да го речеме следново: Бугарија со нејзиното русофилство не им направи никаква услуга ни на Русија ни на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом ја загледав околината, јас решив дека за почеток, треба да пораснам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Отсекогаш Томо за нејзе беше банка која требаше да ги плати сите нејзини издатоци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но се сети дека е пролет и дека треба да му се радува на сонцето и свежиот воздух, па ги рашири крилата и летна уште повисоко.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ама ни господ не ќе треба да разбере.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И најпосле, зошто да правам напори да се одржувам во животот по секоја цена? Заради тоа што треба да поживеам уште малку?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На почетокот си мислеше дали да го слуша Болеро, но реши дека тоа е веројатно големо клише за Французинката и дека - иако нему страшно му се допаѓаше - не треба да го пушта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А за мене – не треба да знаеш.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дежурниот службеник во просторијата за посети ѝ покажа на Деница дека треба да влезе во кабината број 9. Таму веќе седеше Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Горе на врвот веќе ја имаше ставено оската на која требаше да се клати камбаната и ја имаше испомачкано со катран.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
За спорот никогаш не се обрати, ниту пак побара помош од правната служба на СОНК. 64 Бидејќи неговите писма и барања упорно беа игнорирани –  Митревски, во текот на месец јануари 2007, конечно покренува судски спор за враќање на работа пред надлежениот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не можеше да има поголем олтар на сите жртвувања од самата балканска граница – ѕид која требаше да ја минам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но за да пристапиш кон извршување на заповедта (Да го исплазиш јазикот користејќи придружба звучна) Вистината треба да слезе од ридот на одбраните Да ја прифатиш како академски поучна И да поверуваш дека ти ја праќаат привилигираните..
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И не треба да ја има од оваа перспектива од којашто покажува само еден образ, тркалезен и густ со обеспокојувачки пространата уста. Уста на небо.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Имено, специјализираниот Британски суд за работни односи, во спорот R. vs. M.K., пресуди дека конкурсите за работно место во коишто е назначено дека се бара минимално работно искуство во години, можат да бидат индиректно дискриминирачки врз основа на возраста (т.н.„старосна дискриминација“) – па, кога приликите тоа го дозволуваат, треба да води сметка да се избегнува ваквото условување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сликарот, каков што јас го познавам, каков што бев и јас, е олфактивен тип; тоа значи дека наутро станува, има потреба за појадок, иако често не јаде, но највеќе чувствува потреба да го осети терпентинот. И таа олфактивна потреба, потреба за појадок, го поттикнува на сликање. Од олфактизмот до ретиналното задоволство, има само чекор и често кај сликарите останува на тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова што требаше да се случи сега искрсна така изненадно што го растрепери.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Освен разгледувањето на сите засегнати прашања, за да биде јасно појавувањето на книгава, сега ќе треба да се кажат неколку збора за своевременоста на книгата и нашиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Отсега ние ќе треба да се жртвуваме за неговите интереси и со тоа да му отплатиме за неговата вера во нас и за неговото послушно и точно исполнување на плановите на организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Добро, тоа јавно никој не го кажуваше но веројатно многумина мислеа дека без нас праведноста немаше да постои!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
137. Ете зошто, прашањето кое наречје треба да биде општ литературен јазик за Македонците и Бугарите, ако првите и за напред ќе се викаат Бугари, коешто прашање сега не се поставува на дневен ред, зашто умовите на сите Македонци сега им се зафатени со револуционерното движење, еден ден неминовно и без други причини ќе поведе кон едно расцепување меѓу Бугарија и Македонија, со создавањето од страна на последнава свој литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Царството божје мораше да се пренесе на Земјата. И рајот требаше да се пренесе на Земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Математиката е најупорна и најтврдоглава наука, дарагој Семјон, и затоа треба да се почитува!“, вели Иван Степанович и го гледам како си ја полни чашката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако кажеме дека одреден систем е во криза, според Морен, би требало да се ставиме во улога на чекачи затоа што системот делува во две насоки: да пропадне како систем или да изроди метасистем кој ќе успее да се справи со сите проблеми.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Според интерниот партиски договор, кој своевремено му беше дискретно пренесен и на Чанга, козите требаше да се вратат во селата, таму да се заколат, или овде, во градот да им се отстапат на народните мензи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Другарите кои загинаа го исполнија својот долг. Ние треба да го исполниме нашиот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ма, не требаше да студира!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бернард Лоун, пак, вели: „Затоа, само оние кои го гледаат невидливото - можат да го направат и невозможното“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Иако требаше да се убијам од миење чаши, успеав да најдам малку задоволство во музиката, па дури си поигрував како тоа да беше многу лесно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Следното на што се сеќавам беше солзата на син ми која капна во супата што ја јадеше во ресторанот и направи крукче меѓу зеленчукот и тестенините.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Па добро, бре, жено, зар три недели требаше да чекаш за да ми го кажеш ова?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не треба и штуро е да се бега од она што треба да се случи и ќе се случи зашто тоа е потребно и чесно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Каков ли треба да биде типот на жена што ќе умее да го среди или поточно да го приземји необичното, дури и откачено чекорење на мојот постар брат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Особено му беше тешко кога ќе требаше да се наведне да фати некој камен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Уште поверојатна е претпоставката според која на истово островче требало да се сретне со божемскиот Вок со едно око, оти без помош од Вок, исекот на 365-те денови, како и дотогаш, пак ќе носи триста незгоди при патувањето од најсеверниот свет до најјужниот југ.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Духовната игра станува обележје на вистинската сувереност, европскиот свет треба да се обедини во игра, бидејќи силата за создавање групи е еден од битните елементи за создавање култура.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Додека е млад човек треба да гледа напред и само напред.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Жими верата ти велам, со животот требаше да ми платиш, па сега како знаеш одборчувај му се на Дика...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од тие причини неговиот извештај претставувал "салто-мортале" и давал сосема поинаква слика за населението што живеело во областа Лерин, а особено се разликувал од дотогашните извештаи кои биле доставувани до Форин офис од лицата што биле во придружба на официјални грчки лица и "супервизори" на она што се разговарало и какви информации ќе се добиеле од месните жители.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Добро е, во космосот сепак има некаков ред време дур ѓубрето се трупа, и време кога тоа треба да се собере.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За оваа незаинтересираност може да се наведат повеќе причини, но како основна треба да се смета августовското попладне кое беше и премногу натрупано со оган што бавно се влечеше кон модрите високи планини на запад.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се прашував дали странецот во овој стан, во оваа соба си мисли дека сум мајка му или некоја глупава сопруга која му ги пегла кошулите на мажот што треба да оди во лов на „Риби“.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дискусиите и убедувањата завршиле. Требало да се почне со работа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Каде е тој? Синоќа беше тука.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие се активираат истовремено но за нивната работа да успее секоја треба да ја добие соодветната информација (за правецот и обликот на предметот респективно).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сега сам гледаше кон врвот на Калето, како кон цел која требаше да се достигне, како облик на замислената балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според тоа, и од гледна точка на новите групи кои се подготвуваа да ја заземат власта, еднаквоста меѓу луѓето не беше повеќе идеал што треба да се избори, туку опасност што треба да се одбегне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Била подготвена и Декларација за македонската парламентарна група која требало да ја потпишат македонските пратеници во бугарското народно собрание, избрани на листата на ВМРО.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бедникот, останувајќи беден и лукав до крајот (оти името треба да им одговара на нештата што ги означува), рекол: „Каде го најдовте украдениот плен: во мојата колиба, или под тронот царски?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од пропагандите во кои служи ќе треба да бара слобода да се наоѓа во постојано општење со интелигенцијата и општеството од другите пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По моето броење веќе требаше да е отелена, ама, еве, уште не е. Сигурно сум ѝ ги згрешила месеците. Еден ум е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Треба да ги презакопаме коскиве, вели, и полека се пушта од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Верно е дека се погодивме до есен да биде готова, но излегоа триста непредвидени работи, а сѐ треба да се сврши како што му е ред. Та газдинска куќа ѕидаме...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние поп не можеме да најдеме, а ваму и учител треба да бараме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На дното на бродот беа сместени луѓето со веќе заздравени рани, додека во кабините беа тие, на кои требаше да им се прават преврски.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Треба да се изгасне огнот во сопчето.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Треба да се изостави минатото за иднината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Како?“, успеав само да пропелтечам. „Па и ливчето на отец Мида“, продолжуваше Филозофот, „не е цело сочувано, и завршува токму кога за ѓаволот треба да глаголи, вака: ,Кога човек го гледа тој ѓавол, коските му штракаат, и посакува да се сокрие од него, на место невидливо, толку невидливо што...’ Како да сака да каже дека местото е толку невидливо што видливо е сосем, а во таа одаја повидливо место од она на ѓаволот – нема.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Преку изнајмениот магазин од Нанчо Сл.Мерџанов, П.Соколов, П.Манџуков и П.Шатев го копале каналот што требал да ги доведе до темелите за минирање на Отоманската банка во Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Штом е така, тогаш и нашиот правопис и правецот на нашиот литературен јазик ќе треба да биде во полна зависност од таа тенденција што ќе нѐ раководи нас при нашата национална преродба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Те остави тебе млада, мене да ме родиш... А дома не се врати!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На што најмногу треба да се внимава?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ќе да е така, додадоа и трети, само ќе треба да молчиме никој да не разбере за сновидението.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа македонската интелигенција треба да престане да се однесува меѓу себе со недоверба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Шишман требаше да му одговори, ако го чул.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
СПИРО: Како не знам, чорбаџике? Кога чорбаџијата нешто ќе заповеда, тоа го знае сѐ живо во куќава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само што момата бојлер вклучи инспектор дојде струја да исклучи со ладна вода миеше коса мајка ѝ викна да не оди боса Плочките ладни реума влечат ѕидови пукнати треба да кречат татко без пари во возови на влеча а мајка ѝ 10 години во стечај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во улицата пред споменикот имаше статуа на еден човек на коњ, која требаше да го претставува Оливер Кромвел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немам намера да ја омаловажам Деридината инвентивност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Приквечер, кога паѓаше мракот, со Клара стоевме покрај прозорецот и гледавме како сѐ потемнува. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Границата требаше да биде спасот! Од кого? Од своите?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако му треба, каква култура му треба?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Штом си има место националниот сепаратизам, тогаш тој треба да се пројави во милоста кон сѐ што е народно и на прво место во милоста кон народниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Филозофот треба да знае дека на тоа столче, пресветол управнику, пред него седел само уште отец Стефан“, изустив, мислејќи дека со тоа ќе ја задоволам потребата на Стефан да биде пофален.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но зар цветот треба да свене, пред да ја раскрие својата миризба?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стана и, неразбирајќи што треба да прави, каде и зошто да појде некаде, залута низ ходникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во нив, си помислив, не треба да се најдат расцветаните овошки а за плодовите и да не станува збор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Единствено знаење што го имаше, беше тоа дека треба да се ужива во видливите нешта, содржајните својства на бикот Чако кој беше горе на врвот, и многуте можности да се дојде до мноштво исти такви уживања, содржајните, својства на дијамантот, што беа на дното на тесниот бунар!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Учил човекот — научил. Па и дечиња му дал господ шест-седум, треба да ги храни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Надминувајќи ја епохота, делото упатува на маниристичкиот тип на човек, на духовито-меланхоличниот денди, чиишто севкупни настојувања, според Бодлер, треба да бидат насочени кон тоа да биде „возвишен“, да „живее и спие пред огледалото“ („Моето соголено срце“).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Треба повторно да им каже дека земјата што десет години ја знаеја како своја може да се распадне и дека војната е реалност за која треба да се подготват.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Треба да го стори тоа што се може побргу.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Игор Лозински, беше јасно дека запаѓаше во нова меланхолична тирада која требаше да го води уште еднаш до вистината кон која ги упатуваше и оддалечуваше своите собеседници, пријатели: - Насетувам, веќе ви реков пријатели мои, дека немам уште многу живот за да го следам текот на овие води, судбината на овие јагули на големиот пат кон океанот и да го дочекам нивното враќање, - рече тивко Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Продолжив да го тријам ножот, иако веќе беше светнат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но најтешкото настана кога требаше да се препише најпрвиот ред од текстот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ако ти, дедо Димо, не си се мрднал од оваа планина, велиш ли дека и јас треба да останам закован за неа?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Треба да има луѓе што можат пошироко да погледнат на прашањето и непристрасно и без занос да ги измерат резултатите на секој еден чекор на комитетските работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако треба да изгориш – огнот ќе го поприми обликот на моето тело Ако треба да умреш – ќе згасне и мојата врсничка меѓу ѕвездите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пред да ја совлада сонот, Мајка размислуваше за тоа што ли треба да му каже на Татко, за да мине низ неговата „цензура”, па да ни биде пренесено нам, на децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дека бесмртноста во која веруваш не е бесмртност – туку бескрајно одолговлечување на твојата умирачка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ако, ако... Нека се јадоса. Треба да разбере дека не е лесно да одведе во Ресен охридска девојка... - се закикоти Атина, која за сето време ѕиркаше низ пердето и гледаше сѐ што станува во чунот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оттаму треба да дојде мојата надеж за некој иден живот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не можам да објаснам како тоа се случува, ама дека сум жива – беда, знам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само треба да знаеш како да се вслушаш и да умееш да ги откриеш местата по кои шетаат).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дали тие требаше да се вбројат во редот на интелектуалните јаничари, јаничарите по перо, дали со тоа беше исцрпено значењето на јаничарството, беа прашања коишто не престануваа да го мачат Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А кој бара доверба од нив. Под клетва се, под оружје.“ „Треба да бидеме претпазливи“, рече поднаредникот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Општо зборувајќи, ризикот е теориски, како некаков вид нус-производ и мазохизам инхерентен за секој креативен чин, па навистина требаше да се причекаат шеесеттите и почетокот на седумдесеттите за да се види како уметниците ги загрозуваат своите тела и им нанесуваат жестока физичка болка со цел да произведат мисла. (Pluchart 1978; 39)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Безгранична слобода“, изговори гласно и во мигот му застана нешто во главата како јазол на конец што треба да се провре низ иглени уши и погледот пак го врати на сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати: Човек седнат на клупата во паркот, лево од него и зад него високи ѕидови опшиени на врвот со бодликава жица, пред него долг пат со камени коцки до главната капија на затворот, од десната страна затворската зграда од која зад решетките го гледаат две очи сини, како синото небо над него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Разбира се, професорската елита требаше да го следи примерот со форсирање на соодветен имиџ. Хе, хе, ова беше забавно.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тогаш Царот му порачал на својот зет дека грижата за неговите деца отсега ја презема царската куќа а тој треба да се врати таму од каде што дошол.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа е така, но не треба да се заборава оти организаторите на движењето во повеќето случаи беа чиновници егзархиски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да не биде дебел и скржав, да нема огромен раст, но и не премал, да ја сочува пропорционалноста во сите делови на телото и да има чисто, од ништо ненагрдено лице, ниту со брадавици, ниту со (Боже чувај!) штетни приштеви.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Процесии, состаноци, воени паради, изложби на восочни фигури, филмски претстави, телекрански програми - сето тоа требаше да се организира; требаше да се подигнат бини, да се направат модели, да се состават пароли, да се напишат песни, да се пуштат гласини, да се фалсификуваат фотографии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прашав што треба да направам за таа средба, од која, како што мислев, зависеше мојот углед кај него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ама брат, сега требаше да се пречекаат луѓето и да се изврши погребот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Тоа е поради одговорноста за која треба да се подготвуваме!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од овија записи можеш да видиш од кој род си порекло од кој сум и јас. Со гордост треба да гледаме на наш происход.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но тоа не значи дека треба да ми се газат нервите кога не е потребно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Ќе има требам да просам за нив пред цркви и џамии, а?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од блиските планински предели, селаните што не беа вклучени во „доброволните” работни задруги, доаѓаа во градот со своите верни кози, со надежта на властите дека од овчари ќе станат брзо работничка класа која треба да ја доврши социјалистичката револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пресудата треба да ја извлечат на среќа - зарот се фрла за и совеста фрлена да биде...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Вонда ја прегледа, и откако ги виде знаците: набрекнати дојки со потемнети кругови околу брадавичките, здебелен глас, набрекнати вени, бледило на лицето, лошо расположение, гадење и повраќање - рече: - Труда е... Треба да чека...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но нејсе, морав да се соземам, да продолжам, моите чеда растеа, требаше да се мисли за нивната иднина...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исто така, сметаме дека конечно се созреани условите, сосем легитимно, да се постави прашањето за потребата од преиспитување на уставниот концепт на траен мандат на судиите, со сите негови позитивни и негативни аспекти – којшто кај нас се покажа како комплетно промашување, бидејќи наместо да стимулира независност и објективност на судиите, тој се извитопери во концепт кој поттикнува пасивност и незаинтересираност на судската фела за реалните проблеми на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако периодот на секое вработување на определено време не е изречно определено, може да се заклучи дека не би требало да трае долг период – односно, само по исклучок, би можело да надмине една година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дека во тие три месеци не смее да се гледа, ниту да разговара со мене; и дека во тие три месеци треба да состави комплетно досие за сите досегашни контакти со мене и да им достави сѐ што до сега во писмена форма сум ѝ предал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Има едно зрно посегаме кон него едно зрно што треба да про’рти еднаш кога ќе бидеш земја кога ќе бидам земја
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За да се одбранат од бубачки и за празникот, за Велигден, и дрвјата ќе треба да се варосаат, одоздола од земјата и дури догоре, до гранките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Еве го тој што би требало да го одведете, не мене!“ извика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас немам друго минато освен скудното минато на мајка ми и минатото на таа непозната личност која требало да ми биде татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)