треба (гл.) - или (сврз.)

Ги нема затоа што тие не можат да имаат впечатливи бои ниту, пак, можат да цветаат како што треба или како што е дозволено.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Шитскиот поредок веќе беше на повидок. Секое мислечко суштество требаше или да се затупи или да умре.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога Океанија би ги освоила деловите што некогаш беа познати како Франција и Германија, би требало или да го уништи населението, што би претставувало потфат со големи физички тешкотии, или пак да го асимилира населението од околу сто милиони луѓе кои, барем што се однесува до техничкиот развој, се приближно на нивото на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа место, во врска со изведувачките професии, можеше да биде: сцената, кулисите, монтажата - секаде каде што требаше или мораше да се работи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Некои гледаа во татко ми, дали од неговиот поглед ќе прочитаат треба или не треба да се запее, запеа и брат ѝ на Вера, но сето тоа некакво пеење брзо зативна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа, за тоа кој колку пристојно и непристојно играл и кој колку имал слух и две леви нозе, до тоа дали требало или не требало да има нарачки на песна напишана на бел лист со стуткана паричка и пригоден текст, како оваа, специјалнава: „Личниот шофер на генералниот директор на Г.П.Гранит им посакува сè најдобро во бракот на тие и тие со песната ’Слушам кај шумат шумите, буките’“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гараж–сеил – у превод ”бувљак пред шупа”. Се организира со цел да се отарасиш од ствари што не ти требаат или не ѝ се свиѓаат на жена ти.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Од своја страна, нивните анализи покажале дека "Комунистичката партија е на мислење оти е пожелно - како што е веќе сугерирано од ГЕОРГИ ДИМИТРОВ - да се постигне договор со ТИТО во врска со Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во својот извештај од 9 јуни 1944 година тие ќе истакнат дека "Бугарските Македонци, а особено членовите и симпатизерите на ВМРО, најмногу би сакале Македонија да ја видат инкорпорирана во една независна и суверена Бугарија", но сметале дека "во случај Бугарија да стане советска република, тогаш ќе треба или да остапи територии што во моментот се окупирани или ако Македонија повторно биде поделена или парцелизирана, да речеме меѓу Грција и Југославија итн., погоре споменатите партии би прифатиле една автономна Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Другите доаѓале со бавни движења до збунетиот Лозан Перуника и го мереле со аршинот на своите сомневања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Онисифор Мечкојад им се заканил со тупаница на кобниците и рекол, без да го дочекаат другиот Онисифор со оние што отишле со него да го донесат скриеното оружје, да ископаат гроб; ако е чума или улера, мртовецот треба или длабоко да се закопа или да се запали.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во споредбена, балканска перспектива, ми се нудеа и искуствата на конверзиите, како последица кога католичките кралеви, Изабел и Фердинанд го потпишуваат декретот според кој Евреите требаше или да се конвертираат или да заминат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не мислам на она другоно: дали треба или не треба да се скријат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа додава дека со секој ден сè помалку го мачи дилемата што треба или пак што не треба да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бев дојден од Скопје со ноќниот воз по некоја работа, ми се чини ново крштениче ми требаше или некој сличен документ што само во Битола можев да го добијам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)