трепери (гл.) - рака (имн.)

Потоа уште долго време се учеше да нишани, трудејќи се да не му трепери раката, да не му мрднува окото и да не му се замаглува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неочекувано ѝ ја раскопча блузата. „Сеедно“, зашуме. „На тој Иван можеби не ќе му треперат рацете како на хирургот Никола. Тој можеби и не ќе знае.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Искршив околу десет. Толку ми трепереа рацете, што повеќе кршев отколку што ги миев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но тој сепак е пророк, јагуло. Тој моето зло го облака во светечка мантија и знае: еднаш и мене ќе ми треперат рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)