трепне (гл.) - око (имн.)

Се нафаќаа машки, скоро сите што можеа да стојат на нозе, се фати и по некоја жена до роднини и блиски, а Прочка направо до Толета, без да ѝ трепне око оти ќе ѝ се насмееле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чадот, жолтеникав и мирудлив, толку го смирува што Пандо може по цели часови да лежи под сенката на старата подгниена слива, да гледа во небото, во облаците, во летот на соколите и, без да му трепне око, да ги слуша лелеците на жените што ги оплакуваат своите најблиски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)