троши (гл.) - за (предл.)

Стомакот – Нијагара казанче клозетско. Мека столица на тврда шолјица – трошам ролна на час. (Колку ли трошам за една година?) Гласот извикан, нетелефонски, само за позади микрофон – непредушен.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Не. Не е точно. Залудно го трошиме за таа намена. Особено што не можеме да го вратиме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А државниот буџет како и секогаш се трошеше за глупости.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Треба некои некаде да кажат дека државните пари не треба да се трошат за слепа имитација, како она со бугарскиот „Лувр“, на пример.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)