трча (гл.) - заедно (прил.)

Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Го симнува скафандерот и Месечината веќе трча заедно со неа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако не трчаат заедно со сите, тие им се потребаната публика на оние кои вистински живеат: или ги опслужуваат, или ги фалат, озборуваат, се занимаваат со туѓи животи наместо да го чувствуваат својот живот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Трчаат заедно со мажите. Сите имаат нешто бушаво, одврзано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)