трча (гл.) - и (чест.)

По него се загнал друг, а потоа и од него ништо не се познава. Трча и Андреја Тарковски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој, натема го, во сите шие... по мене трчала и јатрва ми Уља, ама јас не сум ја видела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По него трча и Капинка. Трчаат и уште од далеку викаат, се фалат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред нас трчаат и кучињата. Навалува и Чако, ја води суријата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некогаш трчаше и по воловите што ќе ги дупнеше штрколот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А трчаше и покрај река, како да сакаше и реката да ја завтаса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)