турка (гл.) - во (предл.)

На пример, излегувам од автобусот, потоа мала, искачувачка пауза и одеднаш, додека забревтаните патници сѐ уште се туркаат во мене, твоите дланки, одзади, ти ме гушкаш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Надвор има прав, саѓи и сообраќај, и луѓето се туркаат во супермаркетите, а полициските коли, со сирените, свират за да стигнат таму каде што имало судири.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И, на ненајавена средба, апансас те туркаат во клинч, па со вкрстени прашања од типот „признај сѐ за твоето минато“, те парчосуваат, божем низ хумор.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Истите спонзори ги туркаат во fancy магазини.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ги проверив личните податоци на затвореникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сигурно и тој се сомнева, особено сега, откако се наоѓа в затвор, дека некој друг од личен интерес го туркал во овој правец".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Внимателно ги разгледав документите и извештаите на иследникот Кожинката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дора со едната рака го придржа точакот, а со другата го исправи тротинетот и лека-полека тргна да ги турка во дворот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Огнен ја гледаше како прво ѝ паѓа точакот, па тротинетот, но не се помрднуваше од место.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)