убеди (гл.) - да (сврз.)

Човек, вели, има само три можности за проценка на човечкиот живот: проучувањето на самиот себе, најтежок и најопасен, но и најплоден метод; набљудувањето на луѓето кои се трудат да ги скријат од нас своите тајни или да нѐ убедат да поверуваме дека ги имаат; и книгите, со претпоставените заблуди што се јавуваат меѓу редовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- А твоите? - Ма, добро е што тој ден татко ми е на смена, а мајка ми ќе ја убедам да не ме испраќа дури до улица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некако успеа да ме убеди да се вселам кај неа во станот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Затоа мора да те убедам да сфатиш дека духот е секаде наоколу, сеприсутен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)