убие (гл.) - некој (зам.)

- Прочитав неодамна во весник дека убиле некое девојче во парков и три дена родителите не можеле да ја најдат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, кога ја нашле, што да ви кажувам- рече Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Импресиите ги изјавував низ поттик да пронајдам и навистина да убијам некоја злобна лихварка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не се сложувал нешто со бугарската политика во однос на Македонија и го убиле некои платеници на бугарскиот двор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А може да го убил некој, велам, денес и човекот се убива ко куче, а не куче некој ќе гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)