убие (гл.) - или (сврз.)

Секако дека им беше заповедано да убијат или да паднат убиени.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тогаш - пишува Симеонов било решено да бидат убиени или отруени заговорниците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од тие зборови што ги слушал Силјан штркот, голема жал му идела, што дури сакал да се сам убие или во бунарот да се удави; арно ама душа е мила, пак се попишманил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И сите се загрижија како ќе го префрлат вечер ридот, а да не бидат ограбени, зашто не беше редок и случајот да ги врбуваат овие јавни качаци – (прилепските бегови) мирните селани, особено оние од Мариово, кои уште немаа над себе никаков бег да ги штити, та на враќање да им излезе на патот во планината Слива или Писокал, да им ги соберат парите што ги добиле за продадената стока, па дури и да напакостат – убијат или пленат – по некој помлад човек.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Би свадба, доби, и времето беше приближало да си одат штркојте на својо виљает.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од тие зборои што 'и слушал Силјан штрко, голема жал му идела, што дури сакал да се сам убие или во бунаро да се удаи; арно ама душа је мила, пак се попишманил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Секако дека им беше заповедано да убијат или да паднат убиени.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но ти се грозиш Мака ми беше, Бел глушец дупи жирафа, но немав каде, на монструм во вени му тече портокал- Бардовци тебе дилема беше, јафа, Тебе не ти гине да се убијам или да се во чаша плива чудо од дете, Докторката те мерка краде. со бакрена жица чорапи плете. и вика те “сине” Баба на која трет пат и растат заби?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако скокнам долу ќе се убијам или стражарот ќе ме фати!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И можеби дедо Бошко ќе одбиеше, и Луман, како што имаше обичај, ќе ги изнатепаше сите по дома, некого ќе убиеше или дури и куќата ќе му ја запалеше за да си ја покаже силата, но сега тоа не се случи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А може некој да го убил или сам се убил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)