ублажи (гл.) - и (сврз.)

И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Значи, од следната 2005 година платите на вработените во Радио „Велес“ почнаа перманентно и редовно да доцнат – бидејќи секнаа неговите законски извори на финансирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трајко во кратко им исприкажа што направи на конакот и колку пари бараат за да им бидат спасени главите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На почетокот ова, колку-толку, беше ублажено и компензирано со давање на, во тоа време, популарните „бонови“ на работниците – со кои тие можеа да пазаруваат во локалните продавници и маркети на познати фирми од градот, со коишто директорот имаше личен, пријателски или деловен, однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)