удави (гл.) - во (предл.)

Се удави во пиењето и во бдеењето во бескрајните ноќи по кафеаните, каде што можеше секој да го навреди, да се подбива со него. Така долги години.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш моите добри пријатели, бубачките, тревите и цвеќињата ќе се удават во солзи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Отакако по огрубувањето на Руса избега во полето, стариот Јанче, ден, два, акаше таму и лелекаше на цел глас, на третиот го најдоа удавен во вировите на Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јанческата гостинска одаја, истата онаа во којашто во оние одамнешни времиња, набрзо по населувањето на првите Турци во Потковицата, дедото Јанче, за да ја одбрани од `Рслан бег, ја нагрди Руса и веднаш потоа се штукна од умот и по два дена го најдоа удавен во вировите на Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Или да се удават во некоја вода, во некој бунар.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некој од улицата удавил во нивниот бунар мачка унесреќувајќи го ова семејство повлечено во четири ѕида.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Леле, викнавме ние, кршиме прсти, корниме коси, плачиме та сал мислиме, леле ако таму ни се дечките ќе ни се удават во морјето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го водел очајот, а не некоја мисла и решеност: како да не тргнал да се удави во реката, туку ѝ се препуштил на водата да го однесе кон некое поинакво постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш, кога стоев крај неговиот болнички кревет, Рајнер Рихтер имаше осумнаесет години, а јас имав две години повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една турска поговорка, пак, вели: „Кој е роден да биде обесен, нема да се удави в река“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со извик: „Банзаи!“ и со продорен звук тој замавна со мачот и му ја исече главата на кутриот советски студент.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Се чувствувам удавен во компјутерот, скоро против сопствена воља”, вели тој.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Великанов, Иван Матвеич.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Отсечената глава се стркала по асфалтираната надолнина и се удави во реката Е., а самиот студент се најде во длабок заборав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во своја корист ги оданочуваше жителите, по 3 копејки од човек, откако претходно го удави во река директорот за економија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На таблата напиша: „Збогум, драги мои. Заминувам за вечно... Заминувам зашто немам повеќе за што да живеам...“ Го најдоа удавен во езерото. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како да бил бессилен да ги ослободи жилите и месото од грч и со матни очи барал капка роса скриена од сонцето под лански лист, да ги допре усните и да го убие огнот на пониженоста и мислел - бил млад, остарел, се намалил, премал ќе се удави во таква капка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги забуцал прстите во мекиот хумус на шумските сенки со таква силина што дури почувствувал болка под ноктите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега ми се чини дека не ја пишував јас туку некоја возрасна Alice на која зборовите ѝ се расеале, која не знаела која е: ту ѝ се чинело дека е поголема од куќа, ту дека би можела да се удави во баричка од солзи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, новинарот завршил удавен во кофа со вода во строго чуван затвор што, несомнено, укажува на вмешаноста на не кои моќни луѓе во нечистата работа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сликата ја најде во ковчегот на Видуша заедно со неиспратеното писмо во кое му пишуваше: ”Кога веќе не дојде да го видиш сина си додека беше жив, имај го на слика: нека ти ја гори душата како што мене ми ја изгоре кога ми кажаа другарчињата негови дека се удавил во Голема Река каде што се капеле.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го раздели на две половини точно преку срце, го смалакса и ја уби притаената увереност дека ќе дојде едно утро и ќе ги удави во роса и фабрички чад сенишниот зрак и стравот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеби се удавил во Црна и не можеше да го извади. Co тие мисли се дигна кон татка си, го фати за раменици, го исправи и почна да го тресе: – Камо го Гелета, татко?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сеќавањето копаше по своето дно а сепак тоа беше прва престава со разбудувањето, тој настан виден во едно далечно детство, во овој ист град, сонлив и удавен во здодевност и замор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас, ти, оној што се удави во вреќа, девојките и момчињата што гинат по планините, прогонетите, испадените, оние што гнијат по затвори и логори, можеби ние сме достоинството на светот?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Коледарите првин онемеа, па сите се удавија во нејзиниот поглед, а има и такви кои до века ќе си ја сладат мислата од насмевката на рајските јаболка под прозрачната свила.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тонејќи во бунарот на своето сеќавање, срцето и се удави во некој пелин, пулсирајќи тивко, нечујно, заморено.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Така пливајќи како удавен во бела река, подзатрепнуваше и мрмореше: Не смеам да се женам, не смеам да се женам!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- ... За син ѝ Наум, морнарот, што се удавил во морето крај Риека, нели? - го прекинав јас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)