удри (гл.) - некој (зам.)

Измислуваше катастрофални си­сте­ми за добивање пари во европските коцкарници и обложување на американските тркалишта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еднаш на планина удрил некоја трудница која носела вреќа јаглен, па, среде улица побацила крваво, мртво бебе, а Кеиф излегол од колата, седнал на тротоарот и со стап брчкал по локвата крв; полицијата го испрашувала Аракнид и на крај ја уапсила жената заради кршење на Санитарните прописи. (...) Леиф Баксузот, Норвежанин, беше висок и слаб со кружно крпче околу едното око, со замрзнато лице и со постојана насмевка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Но зар мораш да одиш? Дедо Димо зина од изненадување. Како да му удри некој шлаканица.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ме удри некој пламен пругоре и — тука на две леви нозе стојам, тука со две десни одам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го барав и во болница, да не го удрила некоја кола па да паднал во кома и да не знае кој е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кочијашот, кога го слушнал гласот, каков што обично се употребува во решавачки моменти и кој дури се придружува со нешто уште поматеријално, ја вовлекол, за секој случај, главата меѓу рамената, шибнал со камшикот и појурил како стрела.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И покрај тоа што тоа беше карактерно во канцеларијата и воопшто пред пониските, и само ако го погледнеше неговиот мажествен изглед и неговата става, секој ќе речеше: „Уф, каков карактер!“ – но тука тоа, слично на голем број други што имаат јуначки изглед, почувствувало таков страв, што дури не без причина почнало да стравува да не го удри некоја дамла.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На излезот од грнчарницата ја удри некој топол воздушен бран што ѝ помина по коските како земјотрес. За малку да ја кутне, да ја онесвести.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѓувезија Дубровска ја фати за рака и се обиде да ја исправи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)