удри (гл.) - печат (имн.)

Ни чекорот кон длабока и непозната бездна. Ни заедничката Марија на која ѝ удри печат курва, зашто не беше и твоја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја префаќа кралицата, ја издигнува во височината на челото и очите и мене ми кажува: кај најдов да се родам во ова проклето време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На парчето хартија што е виза за мојата сопруга удри печат, а мојот пасош одново почна да го прелистува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Параболата за играта што се закажува на листовите верно ја вдвојуваат индигата небаре темни огледала се врз кои одразот го удрил печатот на премислата и предавството, силно и чисто, близначно до Бога, како тие да ја определуваат неа, а не судбината нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)