укаже (гл.) - дека (сврз.)

Хардверот не разбира ништо, а програмот само го специфицира меѓусебното формално споредување на облиците. Dennett (1984) укажал дека кинеската соба повеќе е интуициска пумпа отколку аргумент, а Rychlack се согласува (1991, стр. 3-4).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ти сосема јасно одговараш на прашањето во пасусот наведен подолу, во кој е очигледно дека штом ти си повторно уверен дека Серл сигурно станал месечар, кој веќе не е во можност да ги одбие менталистичките атрибути кои што сме навикнати да ги проицираме на нашите невини компјутери (коишто не се во состојба да укажат дека нема никој дома и дека атрибутите се затоа лажни), тогаш проекциите повторно слободно протекуваат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Посебно интересна е контроверзата околу Деридиниот придонес за феминизмот; според некои, Дерида е значаен затоа што укажал дека “фунда­ менталните философски прашања не можат да се одделат од промислувањето на разликата во полот”, според други тој е “последниот во долгата линија на синови кои ја оплакуваат долгоочекуваната смрт на татка си”.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа мене потем ми го призна и самиот другар Пене при што му укажав дека е таа ќерка на заколнат непријател и му забранив да продолжи да се состанува со истата девојка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стејт департментот укажал дека воопшто не гледа благонаклоно на таа идеја од причина што за Бугарија, како непријателска земја, сега е неприкладно „да склучува договори или други меѓународни акти, во период кога таа е под контрола на Сојузничка комисија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се нагласувала и потребата таков договор да биде поддржан и од страна на "главните сојузници и другите заинтересирани влади".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Или пак имаше намера да ми ја наметнеш дилемата каде да ја барам вистината: во твојот изминат живот, или во онаа неочекувана тажаленка во врска со планинските беспаќа, понудувајќи ми ја токму во еден таков необичен вид прекрасната можност но и одговорност самиот да избирам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Префинет начин да се укаже дека секоја заблуда има одреден век на траење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некој му рекол на Милошевски дека манукот на ќерка му е едно обично шпионче, и дека братот на неговиот директорот, другарот од УДБА можел убаво да го подисплаши, се разбира ако го повика кај себе и му укаже дека младото девојче што го има заведено е ќерка на свештено лице, угледен граѓанин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Б.С. тврдеше дека во разговорите со него Самоников се однесувал чудно после онаа наша посета кај Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Б.С. изгледа настојуваше да ми укаже дека всушност јас сум едниот од оној мал број познати кој може да си претпостави барем за некоја од причините што довеле до оваа несреќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
д) Што се однесува за нас - најмладите екологисти - укажа дека секоја навидум мала работа е голем придонес за Еколошкото друштво; изградување на еколошката свест низ наставните и воннаставните активности, одржување хигиена во училиштето, во училишниот двор и секаде во градот, во сопствениот двор и во непосредната животна околина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби некој од колегите му беше укажал дека и покрај грдите предвидувања на спомнатиот автор Кафка, неговата земја на која и предвидувал зла судбина за нејзина голема среќа но и за среќа на нејзините жители и покрај фактот дека има поминато низ големи преиспитувања и тешкотии ги има совладано сите нив и речиси секој ден го потврдува своето постоење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)