укажува (гл.) - дека (сврз.)

Непосредно пред да се оконча спорот во втор степен, а по завршувањето на нејзиното боледување, таа се враќа на работа и го известува раководството, дека таа нема да работи на работното место референт, како што тие сакаат – бидејќи никогаш, во нејзината долгогодишна кариера, не го работела тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа решително им укажува дека може само да помага и да асистира, меѓутоа нема да ги преземе работните обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој го следи односот сè до некои репрезентативни примери во сложените воени случувања во Илијада, книгата што имала „речиси библиски авторитет“ меѓу старите Грци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во трактатот „О писменех“ Црноризец Храбар укажува дека Константин создаде писмо од 38 букви, а толку има глаголицата без графемите за прејотираните назални вокали.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Онианс укажува дека истите хармонија, број и ред коишто можат да се најдат во старогрчката математика ги одредуваат и уметноста, музиката и архитектурата, подеднакво како што ја регулираат и старогрчката воена фаланга; впрочем, и „Хесиод, во Теогонијата, ја прогласува Хармонија за ќерка на Арес, богот на војната“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
4. Околностите на ширењето на глаголицата укажуваат на фактот дека таа е постара: не постојат никакви основи да се претпоставува дека по завршетокот на Моравската мисија некој едноставно ја заменил кирилицата со глаголско писмо. 100 okno.mk 5.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Значи, во поглед на монтажата, Ворхол е радикално екстремен: некои негови филмови се одигруваат во реално време; тој се откажа од тенденцијата со монтажата да создава „виша” стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Отсуството на елипсата, исто така, укажува дека ниеден настан нема предност над друг, ниеден не е поексклузивен од другиот, и дека сето време има еднаква важност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оваа перспектива, како што е познато, укажува дека во определувањето на тоа што некој знае, треба да се започне со приватните дадености во неговата свест, од каде треба да се започне процесот на надградување, кон заклучоците за она што може да постои покрај нив; идејата е дека на тој начин човек барем започнува со нешто непогрешливо и несомнено.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Веќе беше забележано дека овој напад, доколку се покаже како успешен, не само што блокира еден извесен начин на размислување за тоа како ние зборуваме, и учиме да зборуваме, - за нашите сопствени ментални состојби и процеси, туку засега и некои поопшти епистемолошки преокупации; имено, покажува дека на „картезијанскиот“ пристап кон прашањата во врска со знаењето може да му се упати особено остар предизвик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сепак, особено деликатниот, идиосинкратски избор укажува дека она што не е на изложбата може да зборува за состојбата на апстракцијата денес значително повеќе отколку сликите вклучени во неа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Жак Лакан укажува дека она што ги спречува кучињата да се воздигнат на ниво на човекот е нивниот силен осет за мирис.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа зашто никаде тука во близина, ни на местото што христијаните од Потковицата го одредија уште кога населбата нарасна, излезе од Дупка и се завкачи по падините на Станкоски Рид, и никаде на друго место во Потковицата нема подигнато црква ниту некој друг знак што да укажува дека на тие простори живеат христијани, или дека, воопшто, живеат луѓе, од бога дадени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многу факти укажуваат дека тамошната борба е и пожестока и поенергична и посилна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Види, види - вели таа - ова вистински се случи! - и врескаво се смее што само укажува дека можеби и не е при сите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Мислам дека ќе успееме да ја извлечеме ногата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се генерираат и/или се реактивираат алтернативни знаења за себе и за односите со другите; алтернативните начини на живеење и мислење стануваат достапни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Преку овој реавторизирачки дијалог, терапевтот ја игра главната улога во соочувањето со било кое рано враќање кон она каноничното, што би можело да укажува дека посебниот излез е само-објаснувачки.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој е автор на Низ нашите очи: Популарната уметност и модерната историја (1987) и Трансконтинентално: Девет латино-американски уметници (1990). Homi K. Bhabha Одреден број на современи критички теории укажуваат дека од оние кои ја издржале казната на историјата - потчинување, доминација, дијаспора, деградирање - ги учиме нашите најголеми лекции за живеењето и размислувањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пренесува чувство на мрачно претсказание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, и покрај нејзината дрскост, таа има егалитарен, инклузивен полнеж: таа укажува дека ниедна трагедија, ни твојата, не може и не треба да полага право на толкава вредност што да претполага неприкосновено право да се сфаќа исклучиво сериозно – односно, да се сфаќа направо стрејт – во свет каде што страдањето на некои луѓе по правило се обезвреднува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога таа врска ќе препукне под притисокот на врховниот напон, исходува отворање простор за непредвидлива возможност и за слобода во секој емоционален и општествен однос – каква што е еротската страст – за чија цврстина како врска и за чиј идентитет како страст дотогаш се сметало дека засекогаш го оттргнуваат од царството на изборното. ‌Во овој контекст, сцената на судирот мајка-ќерка вбризгува здрава доза стварност; внесува поостро сфаќање на политиката на романтичноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој укажува дека составувањето на геј-желбата и геј-сестринството, на убавото и на кампот, иако воопшто не е лесно, е возможно и може да се случи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кадарот пренесува и засилена решителност кај Милдред, нова одлучност, како и насобирање на драматичните моќи на Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Минливата сенка од жалузините врз лицето и телото на Крафорд придонесува кон драматичноста на сцената.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто го нагризува култот на романтичноста кон неволевото, го нагризува неговото промовирање на задолжителни романтични врски, му го нагризува идеализирањето на емоционалната неслободност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова укажува дека не е доволно некој маж да биде хомосексуалец за да биде и геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Постои, да заклучиме, еротика на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека каните некого друг да ви се придружи во романтично блаженство, далеку од тоа дека на додворувачите им објавувате дека сте ја научиле поуката од филмот, дека душата сте ѝ ја отвориле на можноста за геј-љубов и дека во животот сте подотвориле простор за некого со кого ќе го делите, упатувањето на „Планината Броукбек“, всушност, укажува дека немате ниту потреба ниту место во животот за никого друг, бидејќи внатрешниот свет ви е сосема обземен од геј-романсата што веќе си ја живеете таму во крајна и доволна мера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гради опиплива напнатост, укажувајќи дека не е далеку некоја кулминација и дека гледачот треба да се подготви за забрзан ритам и за непосредно дејство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едноставно упатува на луѓе што прават истополов избор на сексуалниот објект и, можеби, укажува дека и не се срамат од својата сексуалност и не гледаат да ја скријат. ‌Како таков, поимот „геј“ ѝ дозволува на мојата сексуалност општествено да се обзнани под превезот на една пристојна ознака, речиси еуфемистична, и во смисла на идентитет, а не на еротски субјективитет и на сексуално однесување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мажите обично се движат меѓу песни за швалерство и љубовни дуети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Успешноста на ова машко геј-присвојување на операта, тогаш, не зависи само од нејзината кодираност за родот туку и – барем откако геј-субјектот ќе се постави во субјектна положба на стрејт-жена што посакува – од нејзината кодираност за геј-сексуалност. ‌Понатаму, треба да се нагласи мелодраматичната тематика на тајната, незаконита, забранета, предосудена љубов, која придонесува љубовта на Аида да стане возможна основа за хомосексуална идентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште еден дел од ефектот на цитатот произлегува од неговата намерна, свесна неусогласеност, од свеста за комичната несоодветност на цитирањето велика опера во контекст на некаков натпреварувачки спортски настан – особено со оглед на женствената родова кодираност на великата опера и мажествената кодираност на спортскиот настан, како и со оглед на великоучената кодираност на великата опера како елитна уметничка форма која налага само ладнокрвно, емотивно невнесено гледателство и непрефинетата кодираност на спортскиот настан како активност во која се учествува масовно и која ѝ е соодветна на масовната култура, а која налага да се препоти секој што тврди дека е вистински маж. ‌Најпосле, многубројните намерни иронии на овој несообразен цитат се во основата на едно чувство на внатрегрупова особеност, солидарност и единство на чувство кај членството на клубот – односно, чувство на колективен идентитет (нешто што е соодветно за локалните спортски друштва кои навиваат за одредени тимови).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милер укажува дека токму застарените видови сентименталност што ги мобилизирал бродвејскиот мјузикл почнале да го обележуваат како определител на незрела и сега надрасната фаза во развојот на машкиот геј-субјект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа одразува една поширока културна логика со која родовите практики ја поврзуваат женственоста со посебни облици на изразување и голем сплет културни вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истото би можело да се каже и историското конзерваторство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога Милдред Пирс ѝ вели на ќерка си „Губи се дур не сум те убила“, таа укажува дека, спротивно на она во што романтичноста би сакала да веруваме, љубовта не ни е судбина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека е погубен за љубовта, камп-сензибилитетот е резултат и израз на самоспознанието на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Женските песни му даваат на стихотворецот простор за поличен израз“.367 Со други зборови, има тесно совпаѓање меѓу родот и жанрот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Адам допушта дека „можеби не постои едно единствено универзално предгеј-искуство“, но укажува дека сите тие културни активности и силната привлечност што ја имаат „сепак упатуваат на низа од основни искуства со силен екот кај геј- и кај потенцијално геј-мажите кои го надминуваат поимањето на ‘геј’ како ‘само’ општествена конструкција или дискурзивен ефект“.377 Од каде се тие основни искуства?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова укажува дека женствената идентификација на геј-мажите е повеќе отколку определениот резултат на одигрувањето на хетеронормативната улога што ги координира родот и изборот на сексуалниот објект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фактот дека навивачите на овој тим можат да си ги бодрат спортистите служејќи се со ова упатување на Аида укажува дека имаат или дека може да се претпостави дека имаат (сигурно имало и типови што не скопчале) заеднички склоп на општествени практики и културни сфаќања што им се својствени на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, исто како што едно кампско гледиште на семејните судири овозможува став кон силната емоција што се отуѓува без да биде ниту скептичен ниту редуктивен, така и ефектот на свесно живеење на сопствениот љубовен живот како мелодрама значи негување светоглед кон љубовта кој е расчаран, но не и разочаран.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој сигурно не укажува дека геј-луѓето се геј во првобитната смисла со значење ’ведри’ или ’радосни‘.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да се сетиме сега, во врска со ова, на објаснувањето од Бери Адам дека некои геј-момци самата утроба ги влече кон операта и на бродвејскиот мјузикл: „Музичкиот театар е една од низата можности што зборуваат за чувството на различност, за желбата да се избега и за волјата да се замислуваат алтернативи која изгледа е широко распространето искуство кај голем број предгеј-момчиња“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сето ова мене ми укажува дека геј-идентитетот – концептот врз чии основи имплицитно и некритички почиваше целокупната подготовка на мојот предмет за современата машка геј-литература – не одговара, ниту сега, на она што многумина геј-мажи го сакаат кога бараат геј-претставувања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Алузијата на Аида, така, служи за консолидирање на идентитетот на членовите на клубот како припадници на посебна општествена група – група составена од геј-мажи – која ѝ припаѓа на особена, типична или стереотипна култура. ‌Накратко, многубројните иронии што се создаваат со упатувањето на опера во контекст на спортски настан им даваат на членовите на клубот заедничка свест дека се дел од конкретно геј-колективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или, поконкретно, како учат геј- и протогеј- децата да се впуштаат во толку канонски машки геј- културни практики – како тоа толку течно го проговоруваат јазикот на машката геј-култура, небаре им е мајчин – на толку кревка возраст, а да не ги одгледувале уште од колепка геј- мажи?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Излез, всушност, има. ‌Вложеноста на машката геј-култура во сцената со судирот меѓу мајката и ќерката, со други зборови, и тоа како може да има врска со неблаготворните општествени и дискурзивни услови во кои геј-мажите се воздигнуваат до можноста за емоционално изразување, а најмногу за еротско изразување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истовремено е и нежен и страшен, бидејќи укажува дека Милдред е натерана да дејствува во некои тесни стеги – и, можеби, сѐ поголеми опасности – за кои гледачот наеднаш се освестил и е посвесен отколку што е самата Милдред.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Имало полно индикации коишто укажувале дека во Солун „нешто“ се подготвувало.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тука тајноста и густината на зборовите непогрешно укажуваат дека е песна. Пес - на, зар не сфаќаш?“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во текот на изминатите неколку години научниците собраа мноштво докази кои укажуваат дека самоорганизираната критичност игра посебна улога во многу сложени системи, од хемија до геологија и биологија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Цртите на лицето недвосмислено укажуваа дека тоа е онаа жена со која помина една прекрасна вечер на Петроварадинската Тврдина и два дена дружба во Качарево.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Броењето на прсти кое го забележаа јасно укажуваше дека станува збор за повеќе партнери во исто време, а касарната во Куманово имаше поприличен број војници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Креветот и комодата укажуваат дека се работи за спална соба и Duchamp ја набави таа цврста лимена спална соба откако со невнимание, 1914-1915, ја скрши нежната стаклена спална соба (свадбената ложница, да бидеме попрецизни).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Аполинер во 1912. г. го напиша првото поглавје од колективниот роман (кој требаше да биде напишан во соработка со уште шест писатели), под наслов The Tainbow (Виножито); на делото Apolinere Enameled, на пример, девојчето го бои врвот на креветот со боите на виножитото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чекорот што нѐ води од семантичката идентификација на „глава/сад“ до алхемиската равенка „глава/ алхемичарски сад“ (alambik, vas hermeticum) мошне е кус, и повторно Јунг ни помага да го совладаме, укажувајќи дека „главата или черепот (testa capitis) во сабејската традиција служела како сад во кој се извршува трансформацијата“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да обрнеме внимание, сега, дека Duchamp-овиот портрет на налепницата од шишенцето за Belle Haleine, Eau de Voilette, ја прикажува пред сѐ неговата глава, и дека односот помеѓу зборовите „глава“ и „сад“ може да се согледа како во светлината на етимолошката анализа, така и во алхемиската традиција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Семејната заднина укажува дека неговиот новооткриен талент и не е изненадување; двајцата родители се во рекламниот бизнис. Frere-Jones (името му е комбинација од презимињата на двајцата родители) се сеќава дека графички алатки секогаш имало „низ целата куќа”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Граматиката на двојниот генитив исто така укажува дека една култура никогаш нема само едно потекло.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во своето интервју на дописникот на „Последни новости“ Ј. Аненков укажува дека драмата на Набоков може да биде играна во која и да е земја и на кој и да е јазик со еднакво голем успех.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имаше напластени вистини кои му укажуваа дека е дојдено дефинитивното време за да се ослободи од нив, имајќи ја само Мајка како сведок.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па сепак, раздвиженоста кај влезот а потоа и по ходниците, расфрланите хартии по скалите, растрчаноста на службениците, операцијата на расчистување што беше повеќе од очигледна, укажуваа дека некоја бура од цимолења и плач поминала помеѓу ѕидиштата и на ова здание и дека тоа се случило токму пред моето пристигање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навистина убав, обмислен ред на постапки; сѐ се чини толку природно; мислам дека неа воопшто не би ја збунил заклучокот дека сите овие постапки всушност укажуваат дека таа е домаќинка која отворено ја прикажува својата наклонетост кон уредноста: Ништо не смее да пречи, да недостасува но дури ни да стрчи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Токму фактот дека Бредбери во голема мерка се ослонува на традициите на т.н. готски роман укажува дека тој не се вредува во големиот број жанровски автори на тогашните забавно-книжевни журнали иако е формално афирмиран во нив и преку нив.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дерида укажува дека дури и личните именки секогаш полисемантички прозвучуваат, бидејќи личната именка со себе веќе носи замисли на “конфузија” како во “конфузија од јазици” и како во “конфузна состојба на умот во случајот кога една перманентна структура е прекината”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Наведениов пример, типичен за тој тип на единствени искуства што можат да се појават, е поинаков кај секоја личност, и укажува дека визуелно и на други начини забележаната околина може да влијае на тоа како некој се чувствува во одреден момент.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Велат - идеално место - има пат до таму, а геолошките истражувања укажуваат дека не би се загадувале подземните води.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Откриените мермерни столбови и украсни садови од III и II век пред нашата ера укажуваат дека населбата била средиште и стратегиски значајна точка по долината на Брегалница.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тоа, според нив, било резултат на националното сознание, кое било најсилниот "фактор во политичкиот живот во Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не е изненадување тоа што американските дипломатски претставници на Балканот се поврзувале со владеачките елити во државите во кои работеле.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, се укажувало дека учеството на Македонците во антифашистичката и народноослободителна војна главно било мотивирано од нивната желба за отфрлање на странската доминација и Македонија да им биде оставена на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во документацијата на Стејт департментот се укажува дека легациите во Белград и во Софија ги сметале Македонците за нешто друго а не за вистински „Срби“ или „Бугари“, без притоа да преземаат натамошни чекори кон признавањето на македонската нација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На пример, Hussain (1983, стр. 14) укажува дека „најважната од тие (форми) е времето, за кое Kelly, не е a priori туку припаѓа на самите податоци (т.е. „input“).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мене исто така ми се чини дека тоа укажува дека Вие никогаш вистински не сте му биле предадени на конвенционалното сликарство, во вообичаената смисла на зборот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)