украде (гл.) - книга (имн.)

Бидејќи ние знаеме дека е книгата истовремено напишана и ненапишана, со белези на дамнина, претпоставуваме дека Рибоокиот или сака да ја украде книгата која од дамнина постои, или да го спречи појавувањето на книгата за дамнината, која допрва ќе настане, или обете нешто наеднаш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Трипати се обидуваше отец Лаврентиј да избега од манастирот и да тргне кон Бугарија, но отец Ангелариј немаше друг избор, освен да го врзе за постела со силни синџири.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со ноќи, со денови, во треска повторуваше некаква повест за некакви си заговорници што ја украле книгата и велеше дека секој момент, од завист или љубомора, словото може да биде уништено.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А потоа ме молеше да напишам граматика на говорниот ми јазик, што требаше да му ја испратам во Виена, а некои грчишта и Албанци од околните места на отечеството, подбуцнати од други, несправедливо го наклеветија дека украл книги, а вистината е дека неколку наши соотечественици на драго срце му подарија неколку книги...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Една ноќ, отец Ангелариј се пробуди од силен ветер: ветерот ги отвори прозорците со тресок, ги развеа покривките од постелите и ги оддува писанијата од масата за препишување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)