улови (гл.) - некој (зам.)

До вечер ќе блеам по ходникот да уловам некој збрлавен со јазик изваден ’ко пес жеден, со некоја која го поттурнува со рака, велејќи му: „А бе улав, луѓе има!“, а потоа по кеј ќе ловам пензионирани двојки фатени под рака, кои одамна веќе не се љубат, ама пред спиење во чело се бакнуваат со срам и страв да не е последно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Татините новокомпонирани курајберчиња ги испробуваа своите нови мотори испуштајќи им издувни гасови на провинцијалките и скотските радодајки кои беа дојдени да уловат некоја крупна транзициска ѕверка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој се мачеше попусто да улови некоја танка жица во сето ова преплетено ткаење, што да го однесе со бешумна мелодија во пределите на сништата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)