умре (гл.) - млад (прид.)

Мајка пак, желната, умре млада. Ја фати некое чудно болестиште, ѝ се поду кожата, отече целата, се набубри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои од оние клинци кои толку многу ни значеа и кои шеесеттите ги направија онакви какви што беа, умреа млади во седумдесеттите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако ги отсонувам сите соништа под 1, 2 , 3...до 1 000, како зададена домашна задача од мене, за мене, тогаш ќе живеам долго и среќно, а ќе умрам млада и убава со печат пчеличка на раката.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)