умре (гл.) - или (сврз.)

Очигледно, очекуваа дека наскоро ќе умрам или дека ќе станам жртва на некаква несреќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас сум за слобода на изразот, слобода на дишењето, слобода на насмевката, слобода на изборот да се умре или да се живее.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека сестра ми на сина си, моето кумче, веднаш му купи лоз, јас сега главно се занимавам со тоа што со часови си го напрегам мозокот, размислувајќи кој од оваа генерација, која, еве расте, ќе тргне по моите стапки, кој од овие бесни, убави деца што ги изнародија браќа ми и сестри ми, ќе биде црната овца на следната генерација?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе би сакал да видам (посебно во Милано и Италија) автобуси исликани со спреј, измачкани ѕидови со уметност или со нешто за што се верува дека е уметност, па дури и тогаш кога е тоа форма на иконокластика (сите знаци на културата на нашите метрополи) отколку валкани улици, автомобили паркирани во два реда или на тротоарите, или издувни гасови во населбите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)