уплаши (гл.) - дека (сврз.)

И Турците се острелушија; се уплашија дека ајдутите навистина можеле ноќеска, несетени од никого, да се префрлат преку авлиите на чифлизите, па и тие, на чело на своите раетини, се дадоа во потера.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога Маре ја фати капата, Фоте се уплаши дека може да припука, но во отворениот череп немаше ништо освен празни прегради.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се уплашил дека полицајците за одмазда, можат да ја остават бомбата таму каде што се најдува па таа да убие некого од овчарите или од децата и се согласил да ја однесе бомбата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, кога Ѓоре Дамчески Џаџоски рече дека се согласува да ја отера бомбата во Прилеп, Крсте Јанчески, војводата, иако во постојани сфатки со Дамчески, дали за инает на полицајците, или за овојпат да си остане таков каков што беше секогаш, праведен, одреди уште петмина мажи, меѓу кои и најмалиот од тројцата свои синови, Тодија, да отидат на Црн Камен и да им помогнат на првите тројца да ја натоварат бомбата на колата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се уплаши и дури и сега јасно се сети на чувството на студ во вените, се уплаши дека толпата ќе го убие, дека со голи раце ќе го раскине на парчиња.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)