употреби (гл.) - во (предл.)

Тој збор не можеше да се употреби во неговото старо значење како „ политички слободен“, или „ интелектуално слободен“, зашто политичката и интелектуалната слобода не постоеја повеќе дури ни како концепти, па според тоа беа и безимени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дел од заработката оделуваат, ставаат на штедна книшка, со единствена мисла да ја употребат во својот крај за градење или купување стан, алат, но и да се вратат со збогатено стручно искуство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Умешноста со која татко му ги натрупуваше парите, како и опчинетоста со театарот, каде родителите го водеа од дете, му го зацврстија убедувањето дека патетиката и ладнокрвноста можат да бидат убоита комбинацијата ако се употребат во вистинско време и на вистинско место.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неопходно следува дека настаните имаат форми и облици сами по себе, пред да се употребат во било кои конструкти.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Порано се обидував да ги поместам границите на максимум зборови што можат да се употребат во стрипот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со години се обидував да го имитирам Крамб, но не успевајќи, се вратив на раниот стил што го рафинирав уште во петто одделение. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мојата намера беше да го употребам во строгата, тредиционална, Европска смисла.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Радо ќе им дадев информации што ќе можеа да ги употребат во одбрана на предметот во своите соопштенија за јавноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ја напушти татковата соба, мајка ми несетум го остави на масата последниот златен наполеон, што го имаше добиено од својот одамна умрен свекор, да го чува за да го употреби во зловреме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Без знаење на родителите, сами го соста­вивме писмото, на италијански јазик, прашувајќи ја Мајка, така, неврзано, за некои италијански зборови употребени во писмото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во годините на сиромаштијата, Мајка некои од знамињата можеби и употреби во шиењето на нашите кошули и на друга облека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)