употреби (гл.) - свој (прид.)

Ќатипчето не ја употреби својата власт да ја одврзе, оти и тоа сакаше да си оди „пашито", без товар и да си бара некоја нова Петкана или Флора во новото место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште од самиот почеток, од насловот кој е извлечен од стихот на една песна на Хелдерлин, новинарката што го водела интервјуто, не наведува на ставот на филозофот кој за кризата вели дека е време на неизвесноста, но и најава за појава на нови сили кои би ја употребиле својата творечка моќ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Штотуку го унапредија во прв поручник, и тешко се воздржуваше да не ја употреби својата моќ.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако возрасните гаврани можат да ја изразуваат својата лутина со непрекинат и неразбирлив говор, двете млади гавранчиња, обидувајќи се да ги употребат своите крилца под старателство на многу грижливите родители, сигурно мислат дека се испилени само со една единствена цел, да ги вежбаат своите белодробни крила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сеќавањето на една слика, што ја видела во една ботаничка книга, како една змија маѓепсува верверица, ѝ го засили сомнежот дека тоа не е железна или глазирана порцеланска змија, туку вистинска змија што се обидува да ја употреби својата натприродна моќ врз неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во моментот кога Милан и мачорот се појавија на терасата, родителите кренаа врева обидувајќи се да ги охрабрат своите мали и неразвиени гавранчиња да ги употребат своите крилца.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Па не, нема врска... ми се допаѓаат зошто да не... мислам ако ми ветат дека нема да ја употребат својата палица на мене... и лисиците секако...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Спокојната и упорна решеност на Глигор да го употреби својот живот за постигање на идеалот што беше некогаш највисок врв на кој требаше да слета и Арсо, му се чинеше само неостварен и никогаш неостварлив сон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако говориме за иднината, не смееме да заборавиме дека тука тече незапирлив алгоритам: луѓето што ја измислиле парната машина, никогаш не би се сетиле да изградат огромен брод на парен погон, со што би ја употребиле својата технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа се предупредувало, во случај разговорите да продолжат, дека би можело да се случи Британците да бидат ставени во позиција да го употребат своето вето на една таква комбинација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, во Форин офис се заклучило со овој нивни став да се запознаат Владите на СССР, САД и Југословенската и Бугарската влада пред последните две да ги искрастилизираат следните свои политички чекори, со што би ги избегнале идните меѓусебни обвинувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нинтендо генерацијата од 80-тите стана пионерската група на кибернаутите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Богати, разгалени потрошувачи, спремни да ги употребат своите телевизиски-радио вештини за да бидат обликувани од влијанијата на Боб Дилан, Битлси...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)