успева (гл.) - во (предл.)

Но, тие успеваат во една друга работа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кај нас денес, како некогаш таму, култот на Нацијата успева во она во што не успеа ни култот на божицата Кали: целиот народ да го претвори во тагови, или во директни соучесници на таговите, во ајдуци и јатаци.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Историја: мескалинот е халуциноген амфетамин кој може да се добие синтетички, или од пејотл кактусот (Lophophora Williamsii) кој успева во Мексиканската пустина и на Американскиот југозапад.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Македонецот успева во тоа, замислете, без при тоа збиените камења да ги повреди, успева дури и да им угоди, ненарушувајки го нивниот комодитет, при тоа свое пробивање цело време се грижи за тоа: На другиот да му биде добро!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Успевајќи во својата книга да ја реализира оваа висока цел, авторот може да биде задоволен од себеси зашто со ова дело се дава неспорен придонес на современата мисла и книжевности во Европа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На почетокот не ми беше доволно јасно дали нејзиниот провокативен однос кон мене беше по налог на некого, на Шефот, на пример, и така натаму, или само израз на порив на млада жена која сакаше да успева во сè.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој прво, со управата на радиото, се обидува спорот да го реши спогодбено – вонсудски и со мирни средства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, откако не успева во тоа, и откако пропаѓаат и обидите да ги убеди останатите вработени да покренат колективна тужба – тој, кон крајот на 2006 година, одлучува индивидуално да поднесе тужба за иницирање на судска, граѓанска (парнична) постапка и да поведе работен спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го сакаше она, што се случуваше со нивното печалбарско село, луѓето тука беа запрегнати да си го бараат заедно својот живот и успеваа во тоа, мислеше дека сите околу него го чувствуваат тоа такво, а сега занеше дека грешел, што не гледал малку подобро околу себе уште во самиот почеток.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подоцна разбрав дека Пенчо успеваше во сѐ зашто не бараше ни пат ни начин во своите постапки, зашто до целта го водеше само јатката желба да го стори она што го сака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кабаков успева во својата намера да ги провоцира сетилата на посетителот кои дефинитивно се наоѓаат во колективната меморија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Додека беше при моќ владетелот, покрај несомнено прогресивните реформи кои ги донесе на државата и институциите, со вештите геостратегиски потези, успевајќи во лицитацијата на големите и влијателни сили да го извлече максимумот за својата земја, ја контролираше целосно ситуацијата во земјата која дишеше според неговиот владетелско-апсолутистички режим.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)