утврди (гл.) - повреда (имн.)

Пред оваа измена, чл. 17 предвидуваше дека ако инспекторот утврди повреда на прописите над чија примена врши надзор, донесува решение согласно со законот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако Врховниот суд утврди повреда на правото за судење во разумен рок со решението ќе определи рок во којшто судот, пред кого постапката е во тек, мора да одлучи за правото, обврската или кривичната одговорност на подносителот на барањето и ќе досуди правичен надоместок за поднесителот на барањето заради повреда на неговото право за судење во разумен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, беше прецизирано дека тој може да утврди повреда на законот, друг пропис, колективен договор или договорот за работа во поглед на засновањето на работниот однос, распоредувањето, работното време, одморот и отсуствата, работната книшка, платите и надоместоците и престанокот на работниот однос (чл. 11, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Врховниот суд на РМ постапува по барањето кое ги исполнува критериумите во рок од шест месеца од неговото поднесување и одлучува дали по- нискиот суд го повредил правото за судење во разумен рок, притоа имајќи ги предвид правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободи, а особено сложеноста на предметот, однесувањето на странките во постапката и однесувањето на судот кој постапувал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)