утеши (гл.) - дека (сврз.)

Митре истрча горе да му каже на Сивета, но овој го пречека насмеан и го утеши дека тука тој — Митре — ништо не е крив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го убедував да го утешам дека одраснал и меѓу нас, немуслимани, и дека нема зошто да биде, да се чувствува сам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Ах, анасени — ах аврадини! — испсуваа сите, а Јован со својот хумор и ведар дух им го поврати настроението.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но Геро го утеши дека се мангупи ама со мерка, па имаат уловено риби колку и за него, ако ги сфати како мезе и ако земе под рака некое шише од штабот или од магазинот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Остави мајка, остави татко, жена и две деца и побегна со една ороспија дури во невратилово, но се утеши дека ете пак го „милуал господ", го вратил назад за да им се најде во секоја невоља.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сепак, за да провери, таа дома не само што ја препраша мајка си, но воопшто не се утеши дека така е крстена и така запишана во книгите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)