учи (гл.) - во (предл.)

- Заедно учев во Солун гимназија со Даме Груев, - одговори Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце и Ѓорче го забележаа тоа намигнување, но се направија како да не забележале ништо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Морам да го пуштам да учи во Солун.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ѕидиштата на „Купол“ се ишарани со фрески, во чие творење учествувале и разни југословенски метници кои студирале и учеле во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пишуваше поинтересно и повеќе од она што го учевме в училиште.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа те учат во школо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Перцето ја кинеше хартијата на ситни ленти и распрскуваше мастило насекаде по излогот и рекламата, која и покрај тоа и понатаму можеше да се чита.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
3. Една вечер шетав по булеварот Холивуд, без некоја одредена цел. Застанав пред излогот на една печатница.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со помош на некој механизам едно перце висеше во воздухот и како што една ролна хартија, исто така со помош на механизам, поминуваше покрај него, така перцето ги правеше истите движења кои ги учев во третто одделение основно училиште при вежбите за убаво пишување. 182 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Едно е да се учиш во вир, друго е да пливаш во море.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во Скопје има над триесет училишта и секој учи во најблиското.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Многумина славјани учеа и учат во Атина а со тек на времето со јазикот се оформуваат чувствата и следователно сочуствата и народноста...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На навалување на Началството од Потковицата и на Комитетот од Прилеп, и лично на војводите Петрета Ацев и Горчета Петров, бугарските воени власти го оволнија Петара, како хранител на помалите браќа, а тие, Началството, Комитетот и војводите, за да не се дозапусти сосема лозата Младенови и за да има навистина кој да се грижи за сираците, уште истиот ден го оженија со една Дамческа, со Калина Блажева Дамческа, која, пак, се учеше во француското Женско училиште во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Учеше во секоја измината минута, но сѐ уште беше гладен за знаење. Неговиот бунар беше многу празен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Селото, вели, скоро е празно. Мажите на печалба, школото затворено, децата учат во Билишча каде секој ден комбе ги носи и ги враќа, а камбаната ретко бие и поретко црквата отвора.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долги години учев во Париз и моите синови сега таму учат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Една година учел во Битолската гимназија, а потоа во Солунската.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Основното училиште Орце го завршил во Велес, а гимназија учел во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Прво, Шатев до крај останал на своето тврдење дека е Георги Манасов од Ќустендил, дека не учел во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На пример, дека божем учел во Софија и во Пловдив, но таму било тешко да се матурира, па поради тоа дошол во Солун на 19 март.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Учев во претсобјето. Во дворот си играше Ели со две ученички од нивниот клас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Прадедовците... - отпивам, што е можно по немарно, голтка од розето, - сите четиримина имаа куќи во центарот на градот, ги праќаа синовите да учат во Солун и Свиштов, и, ако се покажеа добри, натаму, во Загреб или Виена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
НАБљУДУВАЊА, БРОЈКИ И МОДЕЛИ Научниот одговор на некое прашање, како што се учи во курсевите по филозофија на науката, е група на правила, или, како што најчесто таквите правила се нарекуваат, модел.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дали планирачките стратегии се развиваат заедно со еволуцијата на гените или се учат во текот на птичјиот живот?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И една вечер, одејќи накај дома, вели: - Зошто не ми рече дека си сакал да учиш во Солун? - Не реков..
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Децата од „практични“ причини и за добра организација, а и за да не кршам атер некому и никому, учат во различни училишта, ама сите попат: од Бутел, преку Зајчев рид, во Карпош, во гимназијата „Орце Николов“, па во „Пролеќе“, во училиштето „11 Октомври“ и на крај малото, на Водно, во градинката „Кочо Рацин“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Томо помисли: „Зар не можеа и денес да учат во читалната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неколку графички конвенции се учат во училиште (како писмото треба да изгледа, како да се напише адресата на коверта, како да се постави научен експеримент или математички проблем); но не се подарува внимание кон учењето на општите принципи на визуелната организација на јазикот коишто би можеле да се употребуваат во различни прилики, ситуации и технологии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Веруваше, на пример, зашто така ги учеле во училиштето, дека авионите се изум на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко му, по завршувањето на основното училиште во Долнец, го дал да учи во Б.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Црни горо црни сестро и животот црн чмае во место другите девојки фатија спонзор а таа сѐ уште дреме на прозор Се к’ти ноќта и зимата црна студот во коски со кубик дрва да учи во студ, да ѕемне под јорган за упис на факс да продаде орган
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Бај Шишко живееше во една дрвена барака од задниот дел на економското училиште и оти син му учеше во Битола, една сламарница стоеше празна наспроти неговиот одар.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Татко чувствуваше дека ќе може да му ја довери на овој град судбината на своето семејство, посебно на него­вите деца кои овде можеа да учат во добри училишта, а со надеж дека, еден ден, ќе се кренат и границите што го делеа од неговиот народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во нејзиниот ракопис, според моделите на францускиот краснопис, кој со векови се учи во училиштата во Франција, се криеше времето на учењето кај лазаристите, во Солун, се криеја новите настани, кога Мајка го штитеше својот ракопис во долгите периоди на нешколување, соочена со големото семејно бреме, да нѐ одгледа, да нѐ исчува, да нѐ спасува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се обидувала првин да го убеди својот маж, вујкото на Ервехе, да стори сѐ што може нејзината Ервехе да не ја мажат пред време, да ја испратат да учи во Италија, имаше каде, ако не другаде, тогаш кај нејзиното семејство во Рим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Баба, првин преку својот син кој беше учел во Англија, на убав англиски јазик, му пишала на својот прв братучед Фетхи-беј Окијар, познат по прекарот Македонецот, тогаш амбасадор во Лондон, за намерата да патува во Цариград, да ги види, за последен пат, своите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби најзначајната причина постарите браќа да се определат да учат во средни стручни училишта беше можноста тие што побргу да завршат и да најдат работа, за да им овозможат и на другите помали браќа и на сестра­та да се школуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Учена во училиштето да ја сака Франција, низ францускиот јазик, низ божјите пораки, пренесувани од светите лазаристи, со лаичката варијанта, Мајка всушност ја засакува Италија, како земја на својата втора мајка Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Манастирот подоцна, им рече игуменот, со доброволни прилози на народот, пак се обновил, но низ времињата бил често опустошуван и плачкосуван од качачки банди: опустошуван бил и од чумите што ги носеле војните; но тој пак опстојувал и ја ширел просветителската дејност преку учениците што учеле во неговото училиште.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мажот на Сигнора е адвокат. Учел во Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И јас кога учев во основното училиште, една година оценките ми беа послаби, на полугодието.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Учев во Демократската армија на Грција, велам. Организиравме курсеви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
СПОМЕНИК Девојка си учи во паркот, на клупа, спроти биста на младич.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Со Осман Окијар, кој во детството учел во славното париско училиште Жансон Де Саји, додека овде неговиот татко беше амбасадор на Турција и потоа студирал и докторирал на Кембриџ од областа на економските науки, на тема за реформите на Танзиматот, ме поврза големо, нераскинливо пријателство кое траеше се до последните денови од неговиот живот, минати кај сестра си, на азискиот брег на Истанбул, во Искидар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако добро научите да работите со пушката, со автоматот, со митралезот, за што ќе учиме во наредните неколку дена, тогаш така вас нема да ве носат, туку тие ќе бидат носени во кои ќе пукате.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И не заборавајте: другарството се учи во детството.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мора да се сеќавате на некоја песна што сте ја учеле во училиште?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Радоста што ја чувствуваше Пелагија, мајката, а која не сакаше да ја споделува со мајката Перса, се должеше на можноста што нејзината ќерка ќе учи во македонско училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)