фати (гл.) - некаков (зам.)

Одеднаш ми дојде и јас да се пријавам за нешто, па без да размислам се пријавив за трчање на 60 метри.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со оваа мала парабола би ја завршиле нашата студија: проза која се поигрува со анархијата, нередот и ентропијата, а сепак на крајот ги надвладува и ослободува една исклучителна енергија, постојано обновувајќи се; критика којашто неодредливоста и фрагментарноста едновремено ја фасцинираат и одбиваат, којашто гради интелектуални конструкции за во сето тоа да фати некаква смисла - сé додека нејзините најпромислени обиди сосема не ја приближат до предметот на истражувањето, да ја приближат толку што практично е невозможно да се разликуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Откако се пријавив ме фати некаков чуден страв - или подобро да речам - некаква возбуда при помислата: Што ќе биде ако другарите ми се смеат...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставникот по фискултура објави дека ќе има натпревари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)