фати (гл.) - некој (зам.)

Се фатија некои и од милосниците на чаушите и сејмените, та ја донесе тој натемаго и црна Стојна Ѓупката, милосницата на Аќифа. И кај ќе се фати — до Проќа Толева.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додуша фати некоја згодна година од Анте Маркавич ама тие кредитите ни ебаа мајката.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Таму некаде, на ритчето над манастирот, загарот пак фатил некоја трага, ама овојпат се вознемирил, душкал нервозно и нестрпливо, лавнувал и сè една трага држел.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мајсторот Ратко внедоапно фати некоја летна настинка и, еве, три дена, нема мрднато од постела. А во гаражата имаше многу работи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Особено му беше тешко кога ќе требаше да се наведне да фати некој камен.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Сите се мачиме да фатиме некое убаво местенце во овој божји свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И после почна да се кркори: го фатила некоја разуздана смеа, некој кикот што завршува со потписнување на грлото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме фатил некој срам и не ме остава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немој, бре чедо, не оди по умиштата од тие другари; слушај ме, синко, јас што те учам и мајка ти, оти ќе те фати некоја клетва од нас, бре синче Силјане!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Знаеше! Знаеше дека по сите марфиеви закони, по сите закони на силата на иронијата, кога ќе реши да фати некоја работа, шефот токму во тој миг ќе ги побара неговото мислење и помош.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како нема да ги фати некоја небитница... та да ги снема...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сигурно, ми требаа години вежба, но сега можам да си се опуштам во јавност без оној опасен срам што те обзема кога ќе си ги видиш дланките олабавенки или дека си фатил некоја женствена поза.“61
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога еден сатиричен весник на Универзитетот на Мичиген сакаше да ја исмее паниката што го фатила некој поранешен дипломец зашто за претседател на студентската организација беше избран човек што е отворено геј, весникот напиша дека новиот претседател „конечно успеал во својот поход да ја попедерчи целата студентарија на Мичиген...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Облечени во најпарталави бели кошули со исто такви волнени гаќи, неистрижени, неизбричени, ни измиени, изгледаа како диви луѓе кои ги фатил некој ловец на робови и сега ги тера да ги продава на пазариштето во овој град.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- А сега е време да фатиме некое рипче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сепак, најстрашно беше кога ќе запенавеше, кога без никаква причина ќе се разбеснеше и ќе фатеше некое дете да дави.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Фатил некоја болештина! Фатил сифилис! Ќе ни донесе колера!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Чудно му се превртуваат...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му ги гледам очите сосем до мојот нос...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
"Што подлабока да биде", им рече и се сврти кон нас и ни вели само нам, ама да чујат и реакционерите: "Знам јас што сакаат реакционерите наши, газот им мајчин; тие сакаат смрдеата да излезе нагоре и сите да не фати некоја болест...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога се освестил, го прашувале за сѐ и за сенешто, а тој занесено и преплашено раскажувал како да бил потонат во некој сон: - Ме фатија некои одзади, ме стиснаа со шамија за устава, очиве и повеќе не знам ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Земи фати некоја работа, лошо не те фатило да не те фати!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Отпрвин ја фати некоја радост дека сепак не е сама во градот, но веднаш забележа дека таа има впечатливо издолжена сенка што се простираше речиси до неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зар сè што беше нејзино ѝ го презела од Аванос?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Особено му беше тешко кога ќе требаше да се наведне да фати некој камен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мајка пак, желната, умре млада. Ја фати некое чудно болестиште, ѝ се поду кожата, отече целата, се набубри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ме фати некоја жал да го оставам. Мислам дека некое насолзено око гледа по мене, вели, и чинам ај, пак врати се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)