фати (гл.) - вошка (имн.)

Голема сиромаштија имаше во тоа Браилово каде нѐ фатија вошки и голема нечистотија се направи од тоа што беа многу деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Значи, таа вечер кога Нанчо ја фати вошката на моето рамо, ми рече Ти фатив една овца! па сметајќи дека не го разбирам што ми кажува, дообјасни Вошка ти се шеташе на рамото, дојди ќе ти дадам прашок! јас не мислев на вошката туку на тоа дека седам во првата клупа и дека ако таа може и по темница да се види, тогаш во светлата училница секако и од далеку може да се забележи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Немавме излез. Двете чешми не беа доволни ни за пиење, а камо ли за миење и за перење? Фативме вошки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)