фати (гл.) - метериз (имн.)

Зад еден плочест камен фати метериз Димитрија Миндев од Карамани, четник на Пешков, а на долниот крај се довлечкаа над педесет аскери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фрлија и тие бомба зад плочата и Димитрија се запрпелка во правот, но остана сиот облеан во крв по лицето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе, со Андона и Стојчета, фати метериз крај калето, што ја одделуваше кулата од патот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште со видело фатија метериз во камењето над патот и ги видоа сите пазарџии како ги бркаат добиците, што побргу да го поминат ова страшно место, ако не сакаат да останат без ќесиња и без добици, а може некој и без глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се дигна димот, во дворот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе гориме вас живи, жими вера, ако не теслимите, — пак се провикна кајмакамот и му ги преведе на турски своите зборови на бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)