фати (гл.) - око (имн.)

Беше уморен и планираше малку да прошара по сликите на неговите пријатели, ако му фати окото да прочита некој текст и да дремне малку.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Почнав да барам книга за читање, но ниедна не ми фати око. Сите ми изгледаа неинтересни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми вели дека книгите не се гледаат според кориците дали се добри или не, туку треба да се почне со читање и да се биде упорен, оти не значи ако почетокот е здодевен дека и целата книга е таква.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се плашат да не ги згазат, велам, да не им ги фати очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)