фати (гл.) - паника (имн.)

Оставете ме без работа два дена и ќе ме фати паника.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На неа час и беше нешто познато, час туѓо, ама во ниту еден момент не ја фати паника.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Веќе беа влезени Колја и Венка и сите замолкнаа, ги фати паника, кој од страв да не се пронајде во Маргина, кој од страв да не се пронајде во психо(пато)лошките мемоари на Венка.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ептен ме фати паника. Што да правам сега?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Негативни искуства: ако ве фати паника од сензациите можете да имате “bed trip” и светот да ви изгледа застрашувачки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во непосредна близана тој го виде зелениот камионет со натпис на вратата на кој пишуваше ”Градежна компанија Идн Парк”, и го фати паника дека Даниел може да се качи во него и да си замине.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мајка ми ја фати паника. Се збуни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И јас бев уморна и уплашена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)