фати (гл.) - позиција (имн.)

Така над селото Плетвар фативме позиција, а непријателот беше во стапица.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога главнината на четата фати позиции, девојките сѐ уште се искачуваа по стрмнината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одред од составот на нашите сили на Фалцата да се префрли на позиција кај селото Трстика, а чета од составот на 18-та бригада да фати позиција на ридовите над селото Крчишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)