фати (гл.) - пријателство (имн.)

Фатил пријателство со мулазимот од кашлата, со ќатипот од конакот, та дури и со стариот Мудур Арслан — беј; и зошто овие ќе го искористат овој млад човек ако не за кодошлак кај мариовките?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога влегоа во градот Анѓеле му префрли: - А ти фати пријателство? - Не - одговори Трајче - но морам да се снајдам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Фатив пријателство со еден италијански војник. Се вика Федерико.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)