фати (гл.) - страв (имн.)

Сакав тоа да му го кажам, ама ме фати страв да не ми ја фрли онаа “атомска бомба” и да ме усмрти, и се воздржав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакав да ги исечам ноктите но ме фати страв за плафонот на катот под мене. Истрчав од бањата немочан.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ме фати страв да не дознаат чичковците. Пак ми дојде да испуштам едно „аааа“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби ако се качеше на малото чардаче пред плевната и ако ѕиркаше кон коријата, ќе видеше нешто, ќе видеше десетина рала вжарени очи, но сепак, среќа негова што го фати страв, па не се решаваше да се оддалечи, среќа негова што не ги виде, инаку можеше сосем да му се потчини на стравот, па да изгуби моќ, за здраво размислување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ме фати страв; се чувствував одговорна за сѐ што му се случува, и не знаев што да преземам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа пак ќе земеа замав и така продолжуваа уште малку да се лулаат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме фати страв и избегав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш ме фати страв.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)