фати (гл.) - струја (имн.)

По некое време, додека Ване седеше на испразнетиот акумулатор чекајќи дали по задникот ќе го фати струја, Геро среде вода се исправи како апостол: во рацете држеше риба, голема колку неговиот чепорок, но доволна да ја измезети целата екипа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Реагира како да го фатила струја. Го лиже прстот. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Милото мое, - рече толку тивко, толку мило што нас како да нè фати струја, в час се ослободивме од вкоченоста, од страшниот мраз, видовме таа беше мајка, Кејтенова мајка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Едно сандаче, како на чистачите за чевли, што си го носиш на рамо и си го менуваш ременот кога сакаш на едното кога сакаш на другото рамо, само не можеш да приседнеш на него да не ти го фати струја газот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)