фати (гл.) - урок (имн.)

Сите се плашат да сонат троа повеќе среќа, да не ги фатат уроци, да не ги довстаса осаменоста, да не ги јавне тагата, а скраја да е и бездомништвото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога ја купивме третата, таа беше убавица и за да не ја фати урок спасителката Сталинка, ја завикавме Грда.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така го крстија да не фати урок, да им трае, зашто другите деца што ги раѓаше жена му на Китан, умираа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)